
Ти си мојот човек Не сакаме некого затоа што е совршен.
Ниту затоа што ги има сите особини на кои им се восхитуваме.
Зашто, ако ја сакавме само неговата убавина, ум, добрина или дарби, тогаш секогаш би можел да се појави некој поубав, попаметен или поталентиран, па нашата љубов би требало да се пренасочи кон него.
Но љубовта не функционира така.
Таа не ги споредува луѓето како што ги споредуваме производите.
Љубовта прави нешто што на разумот му изгледа нелогично.
Избира еден конкретен човек и му вели:„Ти си мојот човек.“
Филозофот Славој Жижек вели дека вљубувањето не е потрага по идеалниот човек.
Тоа е мигот кога еден обичен, несовршен човек станува единствен за тебе.
Затоа вистинската љубов започнува тогаш кога ќе исчезне идеализацијата.
Кога ќе ги видиш пукнатините на другиот.Неговите слабости.
Неговите противречности.И ќе сфатиш дека не сакаш фантазија, туку вистински човек.
Тоа не значи дека треба да прифатиш сѐ.
Љубовта никогаш не ја оправдува насилноста.
Не ја оправдува ниту токсичноста.
Таа секогаш бара вистина, покајание и исцелување.
Но тоа значи дека не чекаш некој да стане совршен за да го сакаш.
Можеби токму затоа Христовата љубов толку длабоко нѐ потресува.
Христос не го љуби идеалниот човек.
Тој го љуби вистинскиот човек.Со неговите падови.
Со неговите противречности.
Со неговите рани.
И токму затоа не го напушта, туку го повикува да се исцели и да се преобрази.
Можеби љубовта навистина започнува тогаш кога ќе можеш да кажеш:
„Те видов без ореолот што самиот ти го ставив. Ги видов твоите рани и твоите противречности. Некои од нив ме повредуваат и бараат промена. Но зад сликата што се урна, за првпат го открив вистинскиот тебе.“
Можеби токму тоа е најголемиот испит на љубовта:
да остане другиот единствен за нас, дури и тогаш кога ќе престане да ни изгледа совршен.—
о. Ливиј
За Преминпортал Симеон Стефковски
19.07.2026


























