логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Архимандрит Лазар Витаниски-

ПОКАЈАНИЕТО И ИСПОВЕДТА
- ПАТ КОН ВЕЧНИОТ ЖИВОТ

Покајте се и оттргнете се
од вашите престапи,
та вашето нечестие
да не ви биде вам сопка.
Отфрлете ги од себе сите
свои гревови со кои сте згрешиле
и направете си ново срце и нов дух.

(Језек. 18,30-31)

Покајанието е тајна во која
на оној кој ги исповедува своите
гревови свештеникот видливо
му дава опростување,
а Самиот Исус Христос невидливо

го разрешува од гревот.

Православен катихизис

СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД

Господ Исус Христос, обраќајќи им се на своите ученици, им рекол: Вистина ви велам: се што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото (Мт. 18, 18). И на друго место Спасителот, откако дувнал, им рекол на апостолите: На кои ќе им Ги простите Гревовите, ќе им се простат,, а на кои ќе им Ги задржите, ќе им се задржат (Јн. 20, 21-23). Апостолите, извршувајќи ја волјата Господова, оваа власт им ја предале на своите наследници, пастирите на Црквата Христова и до денденешен секој верник кој православно и искрено ги исповедува своите гревови пред православниот свештеник може, преку неговата молитва, да добие нивно разрешување, оптростување и нивно потполно отпуштање.

Ова ја претставува суштината на светата тајна покајание. За да се изврши оваа света тајна, потребно е: од страна на покајникот - искрено покајание за сопствените гревови, желба да го остави гревот, да не го повторува, верба дека светата тајна исповед има моќ да ги очисти и да ги измие, по молитвата на свештеникот, гревовите за кои тој искрено се покајал. Исто така, неопходен услов претставува и тоа исповедта да ја извршува православен свештеник, слуга на вистинската Христова Црква, која единствено ја чува полнотата на благодатта што ни ја дарувал Бог.
Иако во светата тајна крштавање христијанинот добива простување на сите свои гревови, понатамошниот живот во непрекината борба со гревот не е без привремени порази, падови и отстапки под влијание на надворешните соблазни и сопствените страсти. Заради тоа е потребно секој христијанин, што е можно почесто, да ги исповедува своите гревови.

Но, што е тоа што особено би требало да не поттикнува на исповед, какви мисли и размислувања го повикуваат верникот што побрзо да пристапи кон оваа света тајна?

Пред се, тоа се оние духовни маки, болки и страдања што во душата ги предизвикува секој грев и секој престап. Како што, понекогаш, забоболката го спречува човекот мирно да ја работи својата работа и потполно го исцрпува и го мачи, го лишува од сон и спокој, така и грешната досада во душата го помрачува целиот човечки живот, го лишува од духовната радост, од мирот и доброто расположение. Ние често не се сеќаваме на гревот направен со умот, дури не сме свесни дека тоа е грев, а душата јасно памети, го чувствува во себе неговиот отров, се мачи, пати, боледува и целиот човек се исполнува со некаква тага, грижа и тешкотија. Гревовите и престапите што се наталожиле, што не се тргнати од совеста (не само големите гревови туку и многу ситни), ја оптоваруваат совеста така што човекот почнува да чувствува некаков необичен страв, му се чини дека секој момент сигурно ќе му се случи нешто лошо или одеднаш паѓа во некаква нервна криза, надразливост, често чувствува немир, нема внатрешна цврстина, како да не е способен да владее со себе и сл. Тој често ни самиот не ја сфаќа причината за ова што се случува, а причината е тоа што на човечката совест лежат неисповедувани гревови. По милоста Божја овие болни чувства не потсетуваат на нив за поттикнати од ваквата бедна состојба на нашата душа, да станеме свесни дека е потребно да го исфрлиме сиот отров од неа, односно да се обратиме кон светата тајна исповед и со тоа да се избавиме од сите оние маки што го очекуваат секој грешник кој не се очистил овде, во овој живот, после Страшниот Суд Божји. Тоа што гревот уште сега, пред Страшниот Суд, го мачи, гори и исцрпува човекот зборува само за себе. Тоа значи дека гревот има својство да ја мачи, кине, гризе, пали и уништува душата, и таму каде што ќе бидат грешниците со своите гревови, после крајот на светот, ова својство на гревот бесконечно ќе се прошири и појача, така што овие маки на земјата пртеставуваат само лесно предупредување, совет и потсетување на душата на вечните маки на грешникот.

Важно и корисно за човекот е да ја има на ум и следнава работа: кога душата на христијанинот ќе го напушти телото, таа првите два дена се наоѓа близу до местата на кои тој живеел, но третиот ден, во придружба на ангелот-чувар таа се искачува од земјата на небото, на поклонение на Самиот Господ и заради поединечниот суд над неа за да и се одреди местото до сеопштото воскресение и Страшниот Суд - кој ќе биде конечен за целиот свет. Токму на овој трет ден од денот на разделбата на душата и телото, се случува еден многу страшен и за душата решавачки момент: за време на искачувањето на душата на небото кон неа пристапуваат зли духови - демони, предводени од своите кнезови, во чија власт е воздушниот простор и од ангелот-пазител почнуваат да ја бараат душата на христијанинот, почнуваат да ги докажуваат своите права на власт над неговата душа. Тие почнуваат да кажуваат разновидни обвинувања, се присетуваат на сите гревови што ги направил човекот, притоа се потсетуваат на такви детали, што оној кој ги направил во текот на својот живот одвај ги забележал, се присетуваат на разни престапи, па дури и на соблазниви зборови што умрениот случајно ги изговорил. И се забележува дека нашите зли непријатели сето тоа грижливо го запишале за да ја вознемират душата во последниот ден со сето ова мноштво на срамни постапки, за да и ја одземат секоја надеж на спасение. Се, се што направил човекот тогаш станува многу значајно, секоја ситница тогаш претставува препрека на патот на страдната душа што сака што побрзо да се ослободи, да прелета покрај овие гнасни обвинители. Демоните ова го прават поради својата завист зашто самите не можат и не сакаат да се покајат и страшно негодуваат кога гледаат како луѓето преку покајанието се искачуваат на небото и го избегнуваат пеколот што е подготвен за злите духови и нивните слуги, и тие би сакале на секој начин, со секакви лаги, да ја задржат душата. Тие, пак, се толку безобразни што не само што се сеќаваат и на најситните детали, очигледно лажат и клеветат, иако знаат дека Праведниот Судија нема да ја земе во предвид оваа клевета, туку едноставно сакаат да ја вознемират душата со очајание и затоа зборуваат и она што не било. Но, се работи за тоа што, без оглед на се, злите духови не можат ниту да се сетат на оние гревови што човекот за време на животот ги исповедувал во светата тајна исповед и кои свештеникот му ги разрешил. Во моментот на исповедта овие гревови потполно исчезнуваат од нивните црни списоци: никогаш и никој нема да му го спомене на душата гревот што таа го направила во овој живот, што е очистен со покајание во светата тајна исповед. Таква е моќта на оваа света тајна!

Многу е полезно за човекот пред исповедта внимателно да го прочита житието на преподобна Теодора Цариградска (се празнува на 30 декември по стар стил). Таа се замонашила и се подвизувала под раководство на преподобен Василиј Нови (се слави на 26 март). Умрела во 946 година. Ученикот на свети Василиј, Григориј после смртта на Теодора го молел старецот да му ја открие задгробната судбина на старицата. По молитвите на светиот отец, ученикот имал чудесно видение, разговарал со преподобна Теодора и таа му раскажала се што и се случувало во моментот на смртта и подоцна, кога нејзината душа минувала низ страшни искушенија. Подробно опишала како ја напаѓале злите духови, како ги анализирале сите страни на нејзиниот живот на земјата, како овие наши непријатели, дури, се делат на специјални категории, од кои секоја е „специјализирана" за истражување на одредени видови на гревови, или како што се нарекува тоа - митарства, како и тоа дека на секое митарство душата ја пречекуваат демони кои во овој живот ги искушуваат луѓето со некој грев. Изгледот на овие демони зависи од видот на гревот, т.е. што поодвратен е гревот, тоа демоните се погнасни и побезобразни и таму ја мачат душата во зависност од тоа на кој грев му е поблиска и посродна по своите дела. Злотворите ја напаѓаат со голема стрвност и ако душата нема со што да ги покрие овие обвинувања, ја фрлаат право во пеколот каде што е затворена до сеопштото воскресение.

За овие страшни маки може да се најдат многу спомнувања кај светите отци, а и во Светото писмо. На пример, светиот пророк Давид во Псалтирот често зборува во име на душата што го минува овој пат „покрај смртната сенка", која го моли Господа да ја избави од нејзините непријатели: Не предавај ме на своеволноста на непријателите, зашто впстанаа против мене лажни сведоци и дишат злоба (Пс. 26, 12). И многу други слични места кај отците на Црквата не потсетуваат на тоа колку страшно и трепетно ќе биде кога ќе треба да минуваме низ овие митарства. Затоа многу е корисно порано, додека уште имаме време, да се подготвиме за смртниот час и сами внимателно да ги анализираме сите свои гревови. Можеби е најдобро тоа да го направиме раководејќи се токму од оние места на кои, како што навела мајка Теодора, злите духови ја мачат душата (прочитај го долунаведеното видение за митарствата). Памтејќи го сето ова и без сомнеж верувајќи во ова учење дека душата минува низ митарства, онака како што тоа го прифаќа нашата света Црква, благовремено да им одземеме на злите демони се што во нивните шепи може да послужи како оружје за наше растргнување и мачење.
Светата тајна исповед практично се извршува на следниов начин: свештеникот прво се моли со оние што сакаат да се исповедуваат, а потоа тие еден по еден приоѓаат кон аналојот на кој лежат евангелието и крстот, се иоклонуваат кон олтарот или кон крстот и евангелието, потоа застануваат пред аналојот, наведнувајќи ја главата или клекнуваат на колена (што не е задолжително), после тоа свештеникот изговара кра-тка поука, обраќање кон покајникот во кое накратко, но длабоко и содржајно, потсетува на смислата на исповедта, на одговорноста на оној што се исповедува, на тоа дека тоја стои пред Самиот Господ и дека свештеникот е само сведок на неговата таинствена беседа со Бога. Еве го тоа обраќање:
„Дете мое, Христос невидливо стои пред тебе примајќи ја твојата исповед. Не срами се, не плаши се и не скривај ништо од мене, туку кажи се што си згрешил, не грижејќи се и ќе добиеш простување на гревовите од нашиот Господ Исус Христос. Еве ја и Неговата икона пред нас: јас сум само сведок и се што ќе ми кажеш јас ќе го посведочам пред Него. Ако нешто скриеш од мене, твојот грев ќе биде поголем. Сфати, штом си дошол во лечилиштето немој да излезеш од него неизлекуван".

После ова, оној што се исповедува мора да го прочита Символот на верата и со тоа да го посведочи своето православно исповедување. Меѓутоа, Символот на верата сега најчесто го читаат заедно сите оние што се подготвуваат за исповед и пред да почнат поединачно да му приоѓаат на свештеникот.
Понекогаш, ако човекот не може сам да почне да ги исповедува своите гревови, тогаш свештеникот поставува прашања. Притоа, првите прашања по редослед од Требникот се прашања за верата, за православното исповедување, за верноста на светата православна црква. Без вера во светоста на догматите и преданието на Црквата, или ако оној што сака да се исповедува се сомева во нив, или ако исповедува некои еретички учења и отстапувања, сета понатамошна исповед ја губи смислата. Затоа содржината на првите прашања е отприлика ваква:
„Кажи ми, чедо, дали веруваш во се што Православната црква ни го предала и не научила или, можеби, се сомневаш во некое предание (учење)?"
„Да не си бил еретик и отстапник, да не си се дружел со нив посетувајќи ги нивните собири, слушајќи ги нивните поуки или читајќи нивни книги?"
Значи, пред се, потребно е покајникот цврсто.и решително да ја исповедува православната вера во своето срце и да се покае за сите свои сомнежи, колебања и отстапувања од нејзината чистота. Особено е важно човекот решително и искрено да се покае за сите неправославни учења и верувања во кои учевствувал или во кои верувал пред обраќањето во покајание. Исповедта понатаму е возможна дури после ова.

Во понатамошниот текст ќе дадеме опис на најраспространетите духовни болести, гревови, зли навики и страсти со некои објаснувања за оној што се подготвува за исповед да може подлабоко да се анализира себе си, да најде попрецизни изрази и називи за своите болести, читајќи ги овие совети. Притоа е корисно човекот да направи свој ориентационен план -кои гревови треба да ги исповедува за да не ги заборави на исповедта, но не треба просто да ги прочита од списокот своите гревови, туку, со чувство на вина и покајание, да ги открие пред Бога, да ги откорне од својата душа како некоја одвратна змија и да ги исфрли од себе со чувство на гнасење. (Спореди го овој свој список со списоците што злите духови ќе ги имаат на митарствата и внимавај на тоа дека што подетално ќе се разобличиш самиот, толку помалку страници ќе има во овие демонски писанија.) Притоа е јасно дека секое корнење на коровот на гадоста од гревот и неговото изнесување на свет ќе биде проследено со извесно чувство на срам и страв и во душата ќе се одигрува извесна борба. Но, зар исто така не се чувствува и човекот кој доаѓа кај лекарот со некоја гадна болест? Тој чувствува и срам и страв, но желбата за здравје се победува. Дотолку повеќе, желбата за духовни добра треба на човекот да му дава поголема мудрост. И што поголема е борбата, што поголем е срамот, стравот што создаваат пречки за исповед, толку поважно и попотребно е човекот по секоја цена да ги совлада, зашто самите овие чувства претставуваат духовна мана и докажуваат дека страстите и гревовите цврсто се вкорениле во човекот и дека се противат, не сакајќи да бидат обелоденети, зашто обелоденувањето за нив претставува пораз, а за душата почеток на исцелување. Но, за душата е големо олеснување и радост кога некој срамен грев е обелоденет, кога е исфрлен од своето гнездо.

Духовната борба со гревот не може да мине без тешкотии и без болка. Ние толку се навикнуваме на грешните навики и мисли, така што разделувањето од нив за нас претставува исто што и отсекувањето на раката од живото тело или вадењето на очите. Но, важно е се да се извлече во целина, отровот потполно да се исцица од раната, само со една желба - да се очисти душата, не плашејќи се од болката и смрдеата, се да изнесеме пред Господа, целата гнасотија на својата душа пред Милосрдниот Лекар на душите и телата. И биди сигурен: Самиот Господ и Неговиот служител, свештеникот што те исповедува само ќе се израдуваат на тоа, без разлика на тоа колку бил одвратен твојот внатрешен грешен свет. Кога решително се одрекуваш од тој свет, во душата на свештеникот има само радост заради покајникот. Немој да си дозволиш да мислиш дека свештеникот може да ја изгуби наклоноста кон тебе или дека ќе почне да те презира - не! Не е така, секој свештеник, после искрената исповед, е уште понаклонет кон оној што се исповедувал, тој почнува да се однесува кон него со многу повеќе топлина, грижа и љубов. Тоа секогаш имај го на ум!

 

ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ  (1)

Pokajanie.korica.jpgИзвадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархија

{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5844
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6651
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6455
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5637
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - петок

Велигденски пости; ( пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная