логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Молитвата е мајка и царица на сите добри дела. Но како таа е мајка на сите добри дела кога големиот апостол Павле вели: „А сега остануваат верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголемата од нив“?

Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите Отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела? Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближните не доаѓа во нашата душа преку друг пат, туку само благодарение на молитвата! Ви велам: ако некого си налутил или некој тебе те налутил, и почнеш да го спомнуваш во молитвата, одеднаш ќе видиш дека исчезнува омразата помеѓу вас. Со молитвата се пресекува раздорот и со неа ја придобиваш личноста и ја приведуваш кон помирување и соединување. Затоа св. Максим вели: „Кога ќе видиш некој што те мрази, или ти нанесува навреда, било со право, или без, почни да го спомнуваш во молитвите“. Но да не го спомнуваш за да го снајде некое зло, бидејќи тогаш тоа ќе те снајде тебе. Речи вака: „Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот и мојот брат (името), затоа што поради моите гревови ми се налути. Зашто мојот брат е моето огледало и тој ги гледа моите лоши дела“.

Така вели и св. Јован Лествичник: „Немој да го обвиниш братот, кога се молиш за него, или да бараш казна за него“, како што некои ги ставаат во поменикот како непријатели. Тоа не е дозволено! Дури и ако некои ги означите како непријатели, знаете ли како Црквата се моли за нив? Црквата се моли за непријателите тие да се вразумат, да им се простат гревовите, да бидат приведени кон познание на вистината, да станат кротки и да му се вратат на доброто.

Така се моли Црквата. Таа никогаш и никому не му посакува да направи зло. Затоа што Бог сака сите луѓе да се спасат (1 Тим. 2, 4)... А кога ние имаме каква и да било незгодна ситуација, ни се чини дека тој и тој нѐ мрази. Но Црквата не! Таа не прави разлика. Таа се моли подеднакво за сите, за да бидат добри.

Затоа, зборувајќи ви за светата молитва, реков дека таа се нарекува мајка на сите добри дела, затоа што таа го доведува во нашата душа најголемото добро дело: љубовта кон Бог и љубовта кон ближниот.

Старец Клеопа

 

 Извор од ФБ профилот на : Ивица  Трајковиќ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2964
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2801
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…