логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Атеисти
Атеисти: Никогаш Не Сум Сретнал Атеист

Еден млад човек на почетокот на часот во колеџ изјави дека е атеист. Јас бев поканет како гостин предавач и го бев започнал говорот со забелешката дека секој поседува нус*што гладува за Бога. Овој млад човек се претстави како исклучок, изјавувајќи дека нема Бог, и понатака тврдејќи дека тој дефинитивно нема глад за взаемна врска со ништо што би се дефинирало како Бог.

Го прашав како би го дефинирал богот што тој одлучил да го негира и, откако ја слушнав неговата дефиниција, изјавив дека се сложувам со него. И јас не верував во таков бог. Просечното разбирање на тоа кој Е Бог, во голема мера е базирано на концепт кој не е усогласен со библиското опишување на Бога, ниту пак со учењата на историската Црква. Освен тоа, лажната наука врз која е базирано негирањето на Божјата инволвираност во креирањето и животот на овој свет, произлегла во голема мера баш од ваквата мисконцепција за тоа кој е Бог.

Бог, за Кого се зборува во Светото Писмо и Кого го прославуваме во животот на Црквата, е Бог Кој толку многу не засака, што се облече во човечко тело  за да може да ги искуси нашата глад, нашата жед, нашата тага, нашата болка, а дури и нашата радост. Он не е некој далечен бог, неспособен да го разбере своето создание, но напроив, Бог Кој се соединил со своето создание и не поканил на заедништво со Него. Ние сме поканети да земеме учество во неговата божественост и, преку дарот на вечниот живот, да пребиваме со Него засекогаш.

Нашиот Бог е насекаде присутен и Е Светлина во помрачената вселена. Се што е добро е од Него, зашто Он е љубов и не повикува да заедничиме со Неговата љубов. Неговата светлина не осветлува дури и кога бираме да живееме во темнина, зашто Он е насекаде и исполнува се. Нашето неверие во никој случај не го поништува Неговото присуство, ниту пак го негира фактот дека Он Е Бог.

Личноста која себе си се декларира како атеист, е всушност некој кој го избегнува очигледното. Одбивањето да се верува во Божјото постоење во никој случај не ја поништува реалноста дека Бог навистина ПОСТОИ. Токму како одбивањето да се верува дека земјата е округла зашто од нашата перпектива изгледа дека е рамна, или негирањето дека постојат молекули зашто не можеме да ги видиме, така и одбивањето на Божјото постоење произлегува од ограничениот фокус на себе си.

Тоа што некој го одбива постоењето на Бога, а ги прифаќа теориите на квантова физика кои се базирани на недокажлива ноетична наука, е доказ дека ние, како созданија, сме паднале далеку од она што Бог за нас го предвидел, постанувајќи, во нашата гордост, самите на себе богови.

*Светите оци го објаснуваат како “око или енергија на душата”; нусот е над разумот и интелектуалното разбирање.



Игумен Трифун од Манастирот Семилостив Спасител кој се наоѓа на Вашон
Остров, во Вашингтон, САД

 

Atheists
Atheists: I’ve Never Met an Atheist
The young man announced at the beginning of a college class, that he was an atheist. I’d been invited as a guest lecturer, and had opened the talk with the observation that everyone has a nous that hungers for God. This young man took exception, declaring there was no God, and furthermore stating that he certainly did not have hunger for a relationship with anything that could be defined as God.

I asked him to define the god he’d chosen to deny, and after hearing his definition, I declared that I agreed with him. I, too, did not believe in such a god. The average understanding of just who God is, has largely been based on a concept that is not in sync with the biblical description of God, nor the teachings of the historic Church. Furthermore, the false science that is the basis for the denial of God’s involvement in creation, and in the life of our world, has come about due, in large part, to this very misconception of just who God is, to begin with.

The God that has been revealed in the holy Scriptures, and the God we worship within the life of the Church, is a God that so loved us, that he took on our human flesh, that he might experience our hunger, our thirst, our sorrow, our pain, and even our joy. He is not a remote God, incapable of understanding his creation, but, rather, a God who has joined himself to his creation and invited us into communion with him. We have been invited to share in his divinity, and, through the gift of eternal life, to dwell with him forever.

Our God is present everywhere, and is Light in a darkened universe. Everything that is good is from God, for he is love, and has invited us into communion with his love. His light shines upon us, even when we choose to live in darkness, for he is everywhere present and fills all things. Our disbelief in no way cancels out his presence, nor does our disbelief in anyway negate the fact that he is God.

The person who declares himself an atheist, is in fact one who avoids the obvious. Refusing to believe in God’s existence in no way cancels out the reality that God indeed does exist. Just as refusing to believe the world is round because it appears from our perspective or vantage point that it is flat, or denying the existence of molecules because we can’t see them, the denial of God’s existence emanates from a narrow focus on self.

That one would deny the existence of God, yet accept the theories of quantum physics, which are based on an unprovable noetic science, is proof that we, as a species, have fallen far from that which our Creator God has intended, having become, in our pride, gods unto ourselves.

 

 

 За Преминпортал: С.Л.

20.11.2018 лето Господово

 +++

 

Друго:

Игумен Трифун: Стражарење над нашите мисли ...

 

Игумен Трифун: Поднесување испитанија ...



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1263
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1464
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1336
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…