логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Од Архивата на Преминпортал

pimen.sr5.jpg


Возљубени мои,

Денес на Прочка потребно е просто и едноставно да научиме да го употребуваме зборот "Прости". Најпрвин формално само со јазик, но подоцна ќе забележите дека и вашите срца вистински ќе го прифатат овој збор преку чувството на покајание.

Преку неговата честа употреба ќе почне да се менуваат нашите животи, бидејќи со смелост и без осуда ќе можеме да се молиме на Отецот наш небесен преку молитвата "Оче наш" каде што бараме прошка на нашите гревови како што и ние им проштеваме на оние кои што ни згрешиле нам. А ако не даваме прошка, ќе ја добиеме ли од Бога?
Како христијани треба да бидеме во мир со сите, но доколку тоа зависи од нас. Затоа наше е да бараме прошка и да ја даваме. Доколку побараме, а не добиеме прошка од некој наш ближен останува да се молиме за него та Господ Бог да го вразуми. Не посакуваме зло никому. Ако посакуваме зло некому или се закануваме, навредуваме и колнеме да не се лажеме дека дека достојно го носиме името Христово. Христијанинот го љуби и се моли и за непријателот свој.

Не се брани црква, ни вера, ни јазик, ни нација со омраза, со распнување на братот свој. Не може да кажуваме дека го љубиме Бога кого не го гледаме, а да го мразиме братот свој кој што е постојано покрај нас. А братот ќе го засакаме ако побараме прошка од него, ако му дадеме прошка кога ќе ја побара од нас, ако се молиме за него.
Не кријте ја браќа својата злоба и крутост зад превезот на побожноста, туку разбивајте ја преку проштевањето и барајте прошка.
Простете ми и мене грешниот и недостоен архиереј, кој сум архиереј не поради мојата безгрешност и достоинство, ами поради потребите на црквата наша света Македонска. И нека ви биде простено од мене секое прегрешение волно и неволно, во знаење и незнаење, секоја закана и навреда во реалниот живот или на ФБ просторот.
Лесни и благословени пости.

П. С. Од утре обидете се да не јадете месо, но уште побитно обидете се да не го јадете ни братот свој.

Од фејсбук профилот на Митрополит Европски Пимен

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1922
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1722
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…