логоFacebookTwitterYouTubeeMail

✤✣✤

Верата не може да биде противна на разумот. Тоа се две различни својства, две различни нивоа. И споредувајќи ја верата и разумот, можеме да кажеме: овде нема противречност. Противречноста се јавува од тоа што се мешаат два концепти – верата и слободната волја. Навистина, имајќи слобода, јас можам и да не се согласам со тоа што не може да биде докажано апсолутно веродостојно. Постои противење на мојата слободна волја, како своевидно несакање да се согласам со секакви аргументи и заклучоци. Но разумот може сепак, да ме убеди дека некаква веројатност за вистинитоста на тоа тврдење, сепак, постои, а со тоа постои и потполна можност слободно да се согласиме.


Секако дека во тој случај навидум се јавува противречност помеѓу разумот и волјата, од една страна, и верата од друга: јас си велам, сакам да се натерам себеси да поверувам, но не можам да си докажам. Или обратно: докажувам, но не можам да се натерам да поверувам. Причина за ова е тоа што верата припаѓа на друга реалност отколку разумот и волјата. Верата ги обединува нив, им дава постоење и способност да дејствуваат, станува нивна основа и средиште на нивното постоење. Токму затоа, противречност помеѓу верата и разумот во принцип не може да постои, бидејќи тие се појави од различен ред. Противречноста се јавува само тогаш, кога верата се идентификува само со волјата и во разделената душа уште од почеток се појавува некаква недоследност. Доколку верата ја сфаќаме онтолошки и богословски, а не само личносно- психолошки, тогаш станува јасно дека односите помеѓу разумот и верата изгледаат подлабоки: од една страна разумот како својство на душата, може да го приведе човекот кон верата, но од друга не може присилно да го направи тоа (да го докаже постоењето на објектот на верата онака како што се докажува математичка теорема), бидејќи разумот, тоа сѐ уште не е целата душа. Така се уредуваат и односите на слободната волја со верата: доколку верата ја вклучува во себе верата, тогаш верата секогаш е слободна, но поради тоа што верата не се сведува само на волјата, не треба да се верува во сѐ што е угодно. Може да се каже, на таков начин, дека верата е слободно умозрение на вистината кое се реализира од целосниот човек по благодатта Божја. Токму таква вера има на ум Преп. Исаак Сирин: „Вера, којашто блеска во душата од светлината на благодатта, која со сведоштвото на умот го поткрепува срцето за тоа да не се колеба во несомнената надеж“.


Според овие заклучоци, ние можеме да ја наречеме вера и верата од слушање. Но вистинската вера ги вклучува во себе не само слободната волја, туку и разумот. И како што ќе видиме од понатамошните наши средби и беседи, тоа се потврдува со многу научни и философски аргументи. Човекот навистина не може сѐ да проверува со разумот, потребно е во многу работи да поверува. Но и аргументите што ги наоѓаме од страната а разумот, од страната на науките, од страната на философиите, исто така можат да нѐ убедат дека верата во Бога е потполно разумна и не е некаков апсурд и не е некаква глупост.

Извор: Бигорски манастир

✥ Виктор Лега ✤ Верата како природна состојба на човекот ✣ I



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2964
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2801
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…