логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

✤✣✤

Унинието е духовна зачмаеност, а мрзливоста е нешто што се однесува и на душата и на телото. Но најдобро е кога го нема ни едното ни другото. Унинието и мрзливоста понекогаш се лепат и за души кои имаат многу предиспозиции за духовен живот, кои се чувствителни, ревносни.

Ѓаволот не му прави толку зло на рамнодушниот човек, додека, пак, чувствителниот човек, ако поради нешто се нажали, потоа веднаш го обзема униние. Треба да открие што е тоа што го жалости и кон него да се постави духовно за да стекне смелост и неговиот духовен мотор да проработи. Треба да внимава да не остава незалечени рани, бидејќи тие повреди подоцна ќе го исцрпуваат. Душевното растројство, после кое следи и телесно, го онеспособува човекот. Лекарот ништо не наоѓа бидејќи оштетувањата се предизвикани од ѓаволот. Сум видел толку ревносни и чувствителни души, а кои биле потполно онеспособени.

Старче, чувствувам исцрпеност и не можам да се занимавам со никакво духовно дело. Дали е тоа последица од умор, или можеби во прашање е мрзливост?

-„Од многуте мои гревови болно ми е телото, болна е и душата“, зар не се вели така? Не е во прашање телесен умор, тоа е една душевна потиштеност. Таа е полоша од телесниот умор. Душевната потиштеност го разбива човекот и тој станува како некое возило на кое сите делови му се добри, но моторот му се распаѓа.

Старче, гледам дека и покрај тоа што на почетокот сакав духовни активности, сега ништо не можам да правам.

-А зошто ништо не можеш да правиш? Немаш сила? Колку што гледам ја имаш. Зарем не се сеќаваш колку, некогаш, кога се градеше манастирот а ти по цел ден беше на градилиште, се занимаваше со духовно делување?

Можеби старче, погрешив што целиот се предадов на должностите?

-Поголема грешка е тоа што си допушташ млитавост. Гледај да зајакнеш; да го засакаш подвигот. Знаеш ли колку метании правам јас со пола капацитет на белите дробови? Не можам да ти кажам. Само ќе ти кажам дека кога се молам на бројаница со мали поклони, откако ќе ми се умори едната рака, јас се крстам со другата. Ова ти го кажувам од љубов. Другите немаат такви предиспозиции какви што имаш ти, а знаеш ли колку се борат, колку се трудат? Би можел да бидеш специјалец. Како себеси си допушташ такво однесување? Јас ќе се молам за тебе, но за да може да ти се помогне, треба и сам малку да се потрудиш. Сфаќаш? Треба целиот себеси да се предадеш на духовното делување, и тогаш ќе му придонесеш и на своето послушание.

Старче, понекогаш во ќелијата ме фаќа униние.

-А зарем ти во ќелијата не се молиш, не читаш? Колку што можеш, не дозволувај времето да ти минува, а ништо да не правиш. Не можеш да се молиш? Тогаш прочитај нешто што ќе ти помогне во тој миг. Во спротивно, ѓаволот може да ја искористи лошата состојба во којашто се наоѓаш и да те порази.

Старче, после разговорот со толку луѓе, и покрај тоа што навечер изгледате многу намачено, следното утро на вашето лице нема ни трага од таа мака, туку блескате. Како тоа?

-Епа, јас не го сечам јажето! (молитвата, врската со Бога)

Понекогаш, старче, кога поради послушание не одам на повечерие, а многу сум уморен, ќе си помислам: „Ќе прилегнам и ќе си кажувам молитва“. Но на крај ме обзема сон и ништо не успевам да направам.

-Не, благословен, дури и кога си многу уморен, не легнувај без претходно да се помолиш. Кажи барем едно „Трисвето“ и 50 – от псалм, целивај ја иконата на Христос и Богородица, осени ја со крст перницата и после тоа легни. Намести го алармот да ти заѕвони еден час пред богослужбата за да станеш и да си го направиш молитвеното правило. Треба да се принудуваш себеси, но принудувањето да го чувствуваш како потреба на својата душа за да можеш да го правиш тоа од срце. „Бидејќи Бог го љуби оној кој доброволно дава“.

Старче, а што кога воопшто немам сила?

-Принуди се себеси да се занимаваш со било какво духовно делување. Погрижи се секој ден барем малку да читаш и малку да се молиш. Читањето, молитвата и псалмопеењето се витамини коишто ѝ се потребни на душата секој ден. Да не допуштаме денот да ни помине без молитва. Се сеќавам, за време на војната, кога деновите минуваа, а да не изведувавме никакви напади, ќе испукавме по некој куршум. Во спротивно непријателите би рекле: „Овие спијат“, и ќе ни приредеа изненадување. Исто треба да правиме и во духовната борба. Кога ќе се случи да чувствуваме исцрпеност, па не можеме да си ги извршиме сите свои духови обврски, нема да го пресечеме јажето, врската со Бога; ќе направиме неколку метании, ќе свртиме некој бројаница, ќе испукаме два-три куршуми за рогатиот да не нѐ зароби. А штом ќе се закрепнеме, ќе ја продолжиме својата долготрајна борба.

Кога некој ќе го остави духовното делување, кога не прави ни малку  метании и воопшто не се моли на бројаница, може да подивее, може да се занимава со нешто, но не и со молитва. Ги набљудувам монасите кои постојано вршат некаква работа, а го оставаат читањето и молитвата. „Да го направиме ова“, велат тие, „Да го направиме и она“, а молитвата чека. И на крај ќе подивеат, ќе станат како луѓе со светско настроение. Сум видел работници кои на сонцето можат да сечат дрва по цел ден, но дури да им давав и тројна дневница, не ќе можеа ни половина час да поминат во црква; излегуваа надвор и пушеа. Тоа го забележав.

Кога човек не се моли, се оддалечува од Бога и станува како вол; работи, јаде, спие. И колку повеќе се оддалечува од Бога, толку потешки му стануваат овие работи. Му се лади срцето, па после тоа воопшто не може да се моли. За да може да се поврати треба да го омекне срцето, да тргне по патот на покајанието, да се сепне.

Извор: Бигорски манастир

Лето Господово 2016

 

Друго:



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2049
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 513
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная