логоFacebookTwitterYouTubeeMail



...Растот во духовниот живот е ист како качување по скала.
Ние не можеме да скокнеме на таа скала на највисоката степеница, туку треба исто како и по обични скали, да се качуваме постепено: степеница по степеница.

За да почнеме да се качуваме по духовната скала, треба да започнеме со првата степеница, а тоа е послушноста, која всушност, е првата христијанска добродетел, од која се раѓаат другите добродетели.
Што е послушност? На кого треба да бидеме послушни? Послушноста е потполно одрекување од својата душа, кое нешто се изразува во откажување од сопствената волја и во телесни дејствија, како и во откажување од здравиот разум.

Свети Јован Лествичник вели:
“Послушноста е извршување на должноста без прашување.
Таа е доброволна смрт, живот без љубопитност, без грижа за опасност, неподготвена одбрана пред Бога, отсуство на страв од смртта,
безопасно пловење.
Послушноста е гроб на волјата, а воскресение на смирението.
Исто како да е мртов, послушникот не одговара ниту размислува, било да се работи за добри работи или за нешто што изгледа лошо, зашто за се ќе одговара оној кој побожно му ја умртвил душата.
Послушноста е откажување од расудување при богатство на расудување”.

Почетокот на умртвувањето, било да се работи за волјата или за нашето тело, е тежок; средината понекогаш е тешка, а некогаш не е; а крајот е потполна неосетливост за болка, односно отсуство на било какво мачно чувство. Послушникот е блажен жив мртовец, кој чувствува тага или болка во срцето само тогаш, кога се гледа себеси дека ја врши својата волја.

Оној кој сака на својот врат да го стави јаремот Христов (Мт. 11, 29-30), оној кој брза доброволно самиот себе да се предаде во ропство, за во замена да добие вистинска слобода;
оној кој плива помаган од рацете на друг за да би преминал преку животното море – да знае дека зачекорил на краток и каменит пат, на кој демнее само една заблуда која се вика самоволие.
Оној кој самоволно потполно се одрекол, па дури и за работите кои му изгледаат добри, духовни и богоугодни, стигнал на целта, уште пред да зачекори, бидејќи послушноста е неверување на себеси во секое добро дело до крајот на животот.

Пред да сакаме да ја наведнеме главата и своето спасение во Господа да го повериме на друг, пред да стапиме на подвиг, треба да процениме, испитаме и да го искушаме својот духовен кормилар (капетан), како не би паднале во раце на морнар наместо на кормилар, во раце на болен наместо на лекар, на страстник наместо на бестрастник,
и како наместо во пристаниште, не би се нашле на отворено море, па да претрпиме бродолом и да се удавиме.
Но, кога ќе влеземе во благочестието и покорноста, не смееме за ништо да му судиме на нашиот наставник, па дури и во него, како човек, можеби би виделе и некоја мала грешка. Инаку, ако судиме, никаква корист нема да имаме.

Кој сака да остане непоколеблив во своето поверение кон духовниот отец, задолжително треба во постојан спомен неизбришливо да ги чува во своето срце спомените за неговите добродетели, за да би ја затворил устата на демоните кога во него сеат недоверба кон него, односно кога го напаѓаат со грешни мисли против духовниот отец.

Свети Јован Лествичник вели:

“Од помислите кои ти ги предложува демонот да го осудиш или испиташ својот духовен отец, бегај како од блуд. На таа змија не и давај ни најмалку слобода, ни место, ни пристап, ни почеток. Викни и на змијата;
“Лажливке една! Не сум јас над својот отец, туку тој над мене добил право на судење. Не сум јас на него, туку тој на мене е поставен за судија.”

Послушникот ако совршено се покорува поради Бога, се ослободува од сопствена вина дури и кога мисли дека не е совршено послушен. Но, ако во било што ја изврши својата волја, самиот себеси си изрекува пресуда, самиот сноси одговорност, па дури и кога мисли дека е послушен. Всушност, би било корисно за послушникот, духовникот да не престане да го укорува него, за да биде постојано на штрек.

Оние кои во својата простодушност се покоруваат поради Бога, среќно стигнуваат на целта на својот духовен пат, бидејќи на себе не навлекуваат лукавство на демонот со тоа што би го критикувале духовникот.

Пред сe, да се исповедаме на нашиот добар судија (духовниот отец), не само на само, туку и пред други, ако тој заповеда. Раните кои се откриваат, не само што не се влошуваат, туку и полесно се лечат.

Во една прилика, некој брат го наклеветил пред отецот својот ближен. Преподобниот веднаш наредил да се истера клеветникот, говорејќи дека во манастирот не можат заедно да живеат и видлив и невидлив ѓавол.

Свети Јован Лествичник вака го советува послушникот:

“На вратата на своето срце постави строги и будни стражари. Во непостојаното тело умот нека ти биде постојан. Вежбај го умното безмолвие и покрај тоа што чувствуваш движење и немир во екстремитетите.

Што е најтешко од се, остани спокоен во душата и покрај најтешкиот метеж. Заврзи го брзиот јазик, кој сака да противречи; бори се со овој деспот седумдесет пати по седум на ден (Мт. 18, 22).
Умот приковај го на крстот на душата како што наковалната се прицврстува, та тепан од ударите со чеканот на исмевањето и навредите, за да се одржиш ни најмалку скршен, туку потполно недопрен.
Соблечи ја од себе својата волја како срамна облека, и така влези во борба. Направи го она што ретко се прави и што не се среќава лесно:
облечи се во оклопот на верата, кој не може да се скрши ниту да пробие неповерение кон духовникот;
со уздата на целомудреноста скротувај го осетот на допирот, кој бесрамно се провлекува;
со размислување за смртта обуздувај ги очите, кои секој час се загледуваат во земната убавина, љубопитниот ум, кој со радост го осудува братот како негрижлив, смири го со грижата за самиот себе, искрено сакајќи ги блиските и потполно сочувствувајќи со нив.
Секој момент пиј од водата на понижувањето како да е жива вода”.
...
http://www.mpceanz.org.au/za-poslusanieto-o-gligor/
ЗА ПОСЛУШАНИЕТО - св. Јован Лествичник ...Растот во духовниот живот е ист како качување по скала. Ние не можеме да скокнеме на таа скала на највисоката степеница, туку треба исто како и по обични скали, да се качуваме постепено: степеница по степеница. За да почнеме да се качуваме по духовната скала, треба да започнеме со првата степеница, а тоа е послушноста, која всушност, е првата христијанска добродетел, од која се раѓаат другите добродетели. Што е послушност? На кого треба да бидеме послушни? Послушноста е потполно одрекување од својата душа, кое нешто се изразува во откажување од сопствената волја и во телесни дејствија, како и во откажување од здравиот разум. Свети Јован Лествичник вели: “Послушноста е извршување на должноста без прашување. Таа е доброволна смрт, живот без љубопитност, без грижа за опасност, неподготвена одбрана пред Бога, отсуство на страв од смртта, безопасно пловење. Послушноста е гроб на волјата, а воскресение на смирението. Исто како да е мртов, послушникот не одговара ниту размислува, било да се работи за добри работи или за нешто што изгледа лошо, зашто за се ќе одговара оној кој побожно му ја умртвил душата. Послушноста е откажување од расудување при богатство на расудување”. Почетокот на умртвувањето, било да се работи за волјата или за нашето тело, е тежок; средината понекогаш е тешка, а некогаш не е; а крајот е потполна неосетливост за болка, односно отсуство на било какво мачно чувство. Послушникот е блажен жив мртовец, кој чувствува тага или болка во срцето само тогаш, кога се гледа себеси дека ја врши својата волја. Оној кој сака на својот врат да го стави јаремот Христов (Мт. 11, 29-30), оној кој брза доброволно самиот себе да се предаде во ропство, за во замена да добие вистинска слобода; оној кој плива помаган од рацете на друг за да би преминал преку животното море – да знае дека зачекорил на краток и каменит пат, на кој демнее само една заблуда која се вика самоволие. Оној кој самоволно потполно се одрекол, па дури и за работите кои му изгледаат добри, духовни и богоугодни, стигнал на целта, уште пред да зачекори, бидејќи послушноста е неверување на себеси во секое добро дело до крајот на животот. Пред да сакаме да ја наведнеме главата и своето спасение во Господа да го повериме на друг, пред да стапиме на подвиг, треба да процениме, испитаме и да го искушаме својот духовен кормилар (капетан), како не би паднале во раце на морнар наместо на кормилар, во раце на болен наместо на лекар, на страстник наместо на бестрастник, и како наместо во пристаниште, не би се нашле на отворено море, па да претрпиме бродолом и да се удавиме. Но, кога ќе влеземе во благочестието и покорноста, не смееме за ништо да му судиме на нашиот наставник, па дури и во него, како човек, можеби би виделе и некоја мала грешка. Инаку, ако судиме, никаква корист нема да имаме. Кој сака да остане непоколеблив во своето поверение кон духовниот отец, задолжително треба во постојан спомен неизбришливо да ги чува во своето срце спомените за неговите добродетели, за да би ја затворил устата на демоните кога во него сеат недоверба кон него, односно кога го напаѓаат со грешни мисли против духовниот отец. Свети Јован Лествичник вели: “Од помислите кои ти ги предложува демонот да го осудиш или испиташ својот духовен отец, бегај како од блуд. На таа змија не и давај ни најмалку слобода, ни место, ни пристап, ни почеток. Викни и на змијата; “Лажливке една! Не сум јас над својот отец, туку тој над мене добил право на судење. Не сум јас на него, туку тој на мене е поставен за судија.” Послушникот ако совршено се покорува поради Бога, се ослободува од сопствена вина дури и кога мисли дека не е совршено послушен. Но, ако во било што ја изврши својата волја, самиот себеси си изрекува пресуда, самиот сноси одговорност, па дури и кога мисли дека е послушен. Всушност, би било корисно за послушникот, духовникот да не престане да го укорува него, за да биде постојано на штрек. Оние кои во својата простодушност се покоруваат поради Бога, среќно стигнуваат на целта на својот духовен пат, бидејќи на себе не навлекуваат лукавство на демонот со тоа што би го критикувале духовникот. Пред сe, да се исповедаме на нашиот добар судија (духовниот отец), не само на само, туку и пред други, ако тој заповеда. Раните кои се откриваат, не само што не се влошуваат, туку и полесно се лечат. Во една прилика, некој брат го наклеветил пред отецот својот ближен. Преподобниот веднаш наредил да се истера клеветникот, говорејќи дека во манастирот не можат заедно да живеат и видлив и невидлив ѓавол. Свети Јован Лествичник вака го советува послушникот: “На вратата на своето срце постави строги и будни стражари. Во непостојаното тело умот нека ти биде постојан. Вежбај го умното безмолвие и покрај тоа што чувствуваш движење и немир во екстремитетите. Што е најтешко од се, остани спокоен во душата и покрај најтешкиот метеж. Заврзи го брзиот јазик, кој сака да противречи; бори се со овој деспот седумдесет пати по седум на ден (Мт. 18, 22). Умот приковај го на крстот на душата како што наковалната се прицврстува, та тепан од ударите со чеканот на исмевањето и навредите, за да се одржиш ни најмалку скршен, туку потполно недопрен. Соблечи ја од себе својата волја како срамна облека, и така влези во борба. Направи го она што ретко се прави и што не се среќава лесно: облечи се во оклопот на верата, кој не може да се скрши ниту да пробие неповерение кон духовникот; со уздата на целомудреноста скротувај го осетот на допирот, кој бесрамно се провлекува; со размислување за смртта обуздувај ги очите, кои секој час се загледуваат во земната убавина, љубопитниот ум, кој со радост го осудува братот како негрижлив, смири го со грижата за самиот себе, искрено сакајќи ги блиските и потполно сочувствувајќи со нив. Секој момент пиј од водата на понижувањето како да е жива вода”. ... http://www.mpceanz.org.au/za-poslusanieto-o-gligor/




Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1062
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…