логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


презвитер Горан Стојчевски
ЖИВОТ И ЧУДО
 

Секој миг е цела вечност
Мислите тешки како грев
Ми го запираат здивот
Каде еСветлината, каде се боите
Каде си Ти.
Повторно на почеток
Повторно.
(необјавени стихови на еден монах на возобновеното македонско монаштво)

Иако за пројавувањето на Бог или поточно на Божјите својства не постои класична дефиниција, бидејќи Непоимливиот не можеме да го опишеме и тешко е да се зборува за Оној Чијашто природа е надвор од границите на зборовите, но, можам да кажам дека во некои схоластички рамки, чудата или јавувањата на Бог во светот се израз на Неговата љубов кон човекот и светот. Восприемањето на љубовта Божја е преку верата, како што вели и свети Василиј Велики „знам дека Бог постои, но што е тоа Неговата суштина, тоа сметам дека е надвор од сваќањето. Затоа како се спасувам? Преку верата. А, верата се задоволува со знаењето дека Бог постои, а не што е Тој„. Преку чудата Бог постојано нé потсетува на Неговата љубов кон нас, иако „ние ништо добро не направивме на земјата„, но сепак е Он е Милостив и Човекољубив и им се открива на сите оние што му „поклонуваат во дух и вистина„ (Јн. 4,24). Тоа поклонување во „„дух и вистина„ се однесува на благодатниот живот воден во Христа Исуса, живот во постојана подготовка за средба со Него на Светата Литургија, кога преку причестувањето со Неговото Тело и Крв сведочиме дека сме го примиле Духот Свети, дека сме Црква, Тело Христово во слава на Бог Отецот. И дека ги принесуваме не за Негова потреба и никако не за задоволување на Неговиот Авторитет, туку за наше спасение, за наше воскерсение, за наше вонесение, за наше обожување, за живот вечен и единство со Него се и нашиот пост, нашето покајание, нашата постојана молитва, нашата исповед и духовно раководство, знаејќи дека низ тој подвиг во животот нé води Неговата благодат, кога Му дозволуваме слободно да ја излеее Неговата неизмерна љубов кон нас. Ова не се однесува одделно на секоја личност, иако пред сé односот со Бога е личносен, но се однесува и на цел еден народ, на помесна Црква, но и на Црквата Божја во полнота. Затоа, сите оние стеги од типот на превласт и доминација, самостојност или автокефалност, превнство или подреденост, итн., човечки термини кои никако не можат да ја опфатат љубовта Божја која се излева на секој човек, народ и Црква кои принесуваат достојни плодови на покајание (Мт.3,8). Сметам дека и чудото кое се случи во пресрет на Воскресението Христово во скопскиот храм „Св.вмч. Димитриј„ е израз на таа љубов Божја кон овој народ кој опстпојува и се подвизува во помесната Македонска православна црква-Охридска архиепископија, во Црквата Божја со цел да го спаси овој простор и време и да го рпиведе кон вечност, онака како што то низ подвиг го сториле и светиот апстол Павле, светиот Ахил Лариски, светиот Јустинијан Велики, светиот великомаченик Димитриј, светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, светиот архиепископ Константин Кавасила, и сите свети отци и маченици до светиот Гаврил Лесновски и преподобниот Јоаким Ракотински кои сведочеле низ подвиг за љубовта Божја, за Христос Воскреснатиот и за благодатниот литургиски живот на Црквата на овие македонски простори. Она што треба да се прави е токму она што го правеле и сите овие наши претходници кои ги споменав, иако споменав само многу мал дел од нив, да се поддржи нивниот живот и подвиг во Христа и во нашиот личносен и соборен подвиг, а Бог е милостив Он не гледа на лице, туку по срце, и ќе излее својата љубов на нас, за да посведочи дека Он е со нас. Но треба да запомниме дека сведоштвото за Бог не е во сила, и наметнувања, туку во смирение и трпение, во сé она што и Христос претрпи за наше спасение (Јн. 15,18-20). Затоа, како што фреските на ѕидовите од храмот се чистеа, така и ние треба да ги исчистиме нашите срца од страстите, да не завидуваме, да не се превознесуваме и гордееме, да не правиме она што е непристојно, да не го бараме своето, да не мислиме зло, на неправда да не се радуваме, на вистина да се радуваме, да се извинуваме, да веруваме, да се надеваме и сé да претрпиме (1 Кор. 13,4-7) тогаш доаѓа Љубовта, самиот живот на Света Троица, како што вели светиот Григориј Ниски, која никогаш нé престанува (1 Кор. 13,8), бидејќи Го очекуваме совршеното, вечниот живот и единството со Бог, тога делумното ќе исчезне, или според зборовите на светиот апостол Павле, пророштвата ќе престанат, јазиците ќе замолчат, а знаењата ќе исчезнат (1Кор. 13,8), т.е. сите оние кои заради некаква суета посакуваат зло на ближниот т.е. на секој човек во Кого е изобразен Самиот Христос, со збор, дело или помисла.
Автокефалноста на нашата света Црква ја поистоветувам со најмалиот од евангелските параболи, и колку ли и да сакаат поголемите да нé учат и почуваат според човечко поимање, секогаш ние да се држиме на Христовите заповеди, да ги исполниме и да поучиме со личен пример, и да ја ндминеме праведноста на фарисеиите и книжниците (Мт. 5,19-20) заглавени во некакви форми и формули, каде сé има, освен љубовта Христова.
Накратко, за за оние кои сакаа чудото во „Св.вмч. Димитриј„ да го објаснат научно, што секако не е спорно доколку науката не ја спротистават на верата и обратно,еве една кратка изјава од Никола Тесла, за кого сигурно слушнале, ако веќе некој Бог не го признава, „постојат четири закони на создавањето, првиот е дека Извор на сé, е во Непоимливиот, црна честичка која умот не може да ја замисли, ниту математиката да ја измери, во таа честичка е целата вселена. Вториот закон е ширењето на темнината, која е вистинската природа на Светлината, таа од Непоимливиот се преобразува во Светлина. Третиот закон, потребата Светлината да постане материја, а четвртиот закон гласи, нема почеток ни крај, трите претходни закони одсекогаш траат и Создавањето е вечно„. Сметам дека без православната триологија, без  опитот кој го имаше Мојсеј на Синај и апостолите на Тавор, тешко некој дека ќе го разбере овој научник, но накратко чудото, математички и физички тешко дека ќе се докаже, но без разлика на сé, Бог е сé во сé, и во природните закони и надвор од нив. Оние за кои  верата е нешто со кое се спасуваме, чудото е израз и потврда на Неговата неизмеран љубов кон нас, но и поттик да се вратиме на патот на покјанието, на нашето преобразување и обожување, како народ. За мене, пак чудото на самоочистувањето на фреските, како што спомена и еден наш почитуван свештеник, е израз дека во пресрет на 45-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија, дека Македонската православна црква е жива Црква, и дека е плод на покајние, но и плод на молитвите сите наши свети преподобни отци и мајки, но и на сите кои денес низ непрестајна молитва во својот живот го сведочат Христос Богочовекот низ сите времиња на овие македонски простори кон вечноста во ЦарствотоБожјо. Сите чуда преку кои ни се јави Бог не враќаат и воедно не носат напред кон единственото и вистинско чудо, Воскресението Христово, кое секогаш е наш почеток, и кое не ќе има крај.

 

Извор: ПРЕМИН бр. 81/82



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6649
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6449
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5636
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная