логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Angelot.od.KURBINOVO

Со затоплување на времето и доаѓање на повисоки температури ќе продолжат активностите за конзервација и реставрација на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Преспанското село Курбиново, која датира од 12 век.

Храмот е карактеристичен по светски познатото сликарство направено на многу високо и естетско ниво. Таму се наоѓа еден од најубавите сликани ансамбли од крајот на 12 век во цела Европа. Има насликано неколку ангели, а еден од нив е насликан на 50 денарката. Фреската е еден од најпознатите мотиви, по убавината и начинот на сликање, како и староста од кога е направена, скоро илјада години.

Директорката на Завод и Музеј Битола, Мери Стојанова информира дека превентивната конзервација на ѕидното сликарство на ова значајно културно наследство, завршило минатата година и оти е почната конзервација и реставрацијата на архитектурата, но поради ниските температури активностите се прекинати.

    Активностите, кои се превземаат се во согласност со изготвениот и одобрен проект, кој вклучува комплетна конзервација и реставрација на објектот. Зафатите што се превземени до сега, вклучија: обивање на површините со старите и дотраени малтерни фуги, претходно означени во соработка со стручната комисија за надзор, означување на конструктивните пукнатини со помош на челични маркери, на поголемиот дел од ѕидните површини е завршена подготовката за инјектирање на ѕидните маси и исполнување на конструктивните пукнатини и слично – вели Стојанова.

Таа додава дека Проектот ќе се рализира во повеќе фази, во зависност од финансиите.

    Со оглед на тоа дека проектот за конзервација на ѕидното сликарство треба да се изработува оваа година, не може да се прецизира вкупната сума на средства неопходни за комплетна конзервација на архитектурата и на ѕидното сликарство – вели директорката.

Поради оштетување на кровот на црквата имало голема концентрација на влага, што влијаело негативно врз фрескоживописот, но проблемот бил надминат со поставување заштитен кров.

    Од периодот откако е поставен заштитниот кров воопшто немало прокиснувања во црквата, додека во претходниот период тие биле од мал размер. Влагата, пак, која била присутна и на ѕидовите, исто така е стабилизирана, така што сите оштетувања, кои се настанати се резултат на дотраеноста на материјалите, како на малтерните површини, така и на дрвените појасни греди, нарушување на конструкцијата и статиката на објектот – истакнува Стојанова.

Според неа, во таа насока се преземаат сите предвидени мерки како во делот на конзервација и реставрација на објектот, така и во наредниот период, во делот на конзервацијата на ѕидното сликарство.

 

https://republika.mk/vesti/kultura/se-konzervira-i-restavrira-arhitekturata-na-crkvata-sveti-gjorgji-vo-kurbinovo/

 

 Февруари 2021 лето Господово

 

 Друго:

Валентина Поцеска: Со крајно внимание , стручност и љубов се работи на Курбиново

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2748
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1928
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…