логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

7.Efeski.momchinja



Во комплексот од цркви Свети петнаесет тивериополски маченици во  Струмица, вклучен во списокот на културно наследство на Македонија, пред околу 24-25 год., за македонската  телевизија, го  снимив мојот прв прилог од верски карактер кој всушност го измени карактерот на настаните во мојот живот.


Комплексот цркви посветени на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеномаченици. Во претхристијанскиот храм се зачувани прекрасни подни мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие заради тоа што добар нејзин дел е покриен од крстообразната црква. Оваа петокуполна средновековна црква од таканаречен сложен „цариградски тип“ е единствена во Македонија и една од ретките на Балканот.


Тропар, глас 4
Откако со пост го умртвивте телото, го проповедавте словото на набожност , ги презревте земните (работи) и, сакајќи Го Христа, мудри страдалници, на мачителите храбро им се спротивставивте, и со маченички венци се овенчавте, на оние што ви пристапуваат исцеленија им излевате.


Седален
Денес градот Тивериополски го празнува чесното торжество на своите учители, бидејќи овој град тие го утврдија со своите божествени догмати.

 

 11ти декември 2020 лето Господово


За многу години народе.

Избор од фб профилна

Petronija Makaveeva

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2746
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1924
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…