презвитер Горан Стојчевски: ЛЕПРОЗНОТО СУШТИНСКО – БЛАГОДАРАМ (20.12.2015)

Сите сме чуле за онаа народната, дека сме толку во неред како „село без кучиња„. Да, нашето срце оддадено на страстите кои толку се вкорениле во него што лесно им овозможуваме на демоните да прават неред во нас, бидејќи не бдееме и не го чуваме нашето срце, и така стануваме пример за неред, а нередот укажува на хаос, а хаосот на ништовност и непостоење, т.е. на пеколна состојба.

















Но зошто да зборувам за семејните конфликти кога и нашето сопствено тело, коешто ни е најбиско и најскапоцено, станува наш непријател кога грешиме, кога ни се одмаздува со болести и страдања. Телото-роб ја повредува душата-владетелка кога таа греши не затоа што тоа го сака, туку затоа што така ѝ е заповедано. За тоа сведочи Христос, Којшто му вели на раслабениот:























