логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Скопје,06. март 2016 година- храм на св.вмч. Димитриј


Свети Папиј Ераполски; свети маченици во Евгенија
Евангелие: Матеј 25,31-46; зачало 106

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Благочестиви христијани,
Многумина пишувале и пишуваат, говореле и говорат за идните времиња, за нештата кои треба да се случат во иднина. Такви имало секогаш, а се чини, најмногу во денешно време. Но, зборовите Христови, кои ги слушнавме во денешниов евангелски текст се толку едноставни, толку лесно влегуваат во нашата внатрешност, како да ги кажува Некој, Кој може тоа да го види толку јасно како што и ние секој ден јасно го гледаме сонцето. И навистина, нема причина да не се верува на Господовите зборови, зашто секое Негово укажување за иднината било и е точно. Такви се и денешниве кажувања за крајот на светот и за крајот на човечкото живеење онакво какво ние денес го познаваме. Во тие денови, Господ ќе ги собере сите земни народи и ќе ги оддели, како што овчарот ги одделува овците од козите, оние кои правеле добро ќе застанат од Неговата десна страна, а оние кои правеле зло ќе застанат од Неговата лева страна.
Гледаме дека Господ, освен правењето добро и вршење добри дела, не поставува никакви други услови за наследување на Царството Небесно. Нема поделби по националности, нема поделби на мажи и жени, нема поделби по боја на кожа, нема поделби по социјален и општествен статус, не им гарантира ниту на сиромасите, ниту на богатите дека ќе бидат дел од Царството Небесно. Многу едноставно кажува, дека само оние кои правеле добро ќе се најдат од Неговата десна страна и ќе го наследат царството приготвено за нив уште од почетокот на светот.


А што треба да се направи? Како да се најдеме и ние помеѓу оние праведните? Господ вели: „Јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно". И навистина, не е тешко да се биде христијанин. Не христијанин според традиција или наследство, туку вистински христијанин. Господ Исус Христос, дури и десетте старозаветни заповеди ги преобликува и ги поедноставува, кога вели: „Сакај Го Господа својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум и сакај го ближниот свој како себеси". Ако навистина Го сакаме Бога Кој толку не возљуби нас што и Синот Свој Единороден Го испрати да не спаси од гревот и смртта, логично е дека сакањето на ближниот ќе биде толку полесно.

Низ сите евангелски поуки Изречени од устата на Господа Исуса Христа се проткајува основата врз која се засновани сите христијански добродетели. Тоа е љубовта. Ако не сме во состојба да имаме љубов не знам и дали можеме да се наречеме луѓе, не е можно да се поистоветиме како Божјо создание, зашто Бог го создал светот и човекот не затоа што имал потреба од тоа, но од чиста љубов. Создавајќи го човекот како круна на сите созданија, Бог го создал по Свој образ и подобие. Всушност, образот Божји во човекот е даден, но подобието треба да се развива, да расте, да се усовршува во текот на човечкиот век на земјава. Движењето на образот кон подобие е богоуподобување, односно живеење според волјата Божја која е совршена во се. Бог не му задал на човекот невозможни барања за да го признае за Свое чедо, ниту од него бара нешто невозможно. Единствено што Бог го бара од човекот е исполнувањето на оние две заповеди од Господа Исуса Христа, а тоа е можно само со љубов.

Потребна е љубов да се засака Бог како врховен родител, како Отец, но не како очув, кој само чека да згрешиме нешто за да може сурово да не казни. Послушноста на создаденото чедо кон Создателот се заснова не на ропска покорност, туку на послушност од љубов, односно ние не Му се покоруваме на Бога затоа што мораме, но затоа што сакаме и имаме потреба од тоа. Имаме потреба од љубов и милост Божја и од сите благодети кои Бог ги излива врз нас. Секако дека Бог и казнува, но таа казна е заснована повторно врз темелот на љубовта, таа казна е не да не уништи, но да укаже дека сме скршнале од патот по кој треба да одиме и тоа е вистинско родителско укорување кое сме го заслужиле.

Од друга страна, пак, сликата на љубовта со која Бог не милува и храни, е љубовта која треба да ја имаме меѓусебно, зашто нам љубовта ни е зададена, или како што вели светиот апостол Јован: „по љубовта ќе не познаат дека сме Христови". И навистина е така. Љубовта е нашата влезница за Царството Небесно. Љубовта на едни кон други, кон ближните е таа што не прави христијани кои достојно можат да се наречат следбеници Христови. Затоа, христијаните во својот ближен гледаат брат или сестра; затоа христијаните низ вековите, па и денес, несебично се жртвуваат едни за други, ја покажуваат љубовта на дело и ја спроведуваат во живот - не некој виртуелен и замислен живот кој е надвор од реалноста во која живееме, но во секојдневието кое не опкружува.

Ние, денес, сме сведоци на големи и тешки искушенија кои паѓаат врз нашите плеќи. Тоа е ерозија на човечките вредности, обидите да се негира нашето постоење, но сепак, ќе повторам: тоа се само искушенија кои, со Божја помош, секако, ќе ги надминеме. Силата на христијанинот е во љубовта, не само кон оние што не љубат нас, но и кон непријателите. Ние без разлика на се, треба да се бориме да бидеме повикани од десната страна Господова, со тоа што ќе згрижиме странец, ќе облечеме необлечен, ќе нахраниме гладен и ќе посетиме болен. Само на овој начин ќе го заслужиме местото кое од векови е приготвено за нас, само со искрена и нелицемерна љубов ќе бидеме повикани да се придружиме во соборот на праведниците во Царството Небесно.
Амин.

 Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димиртиј, Скопје (06.03.2016)

 

Денес, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на свети Захариј, патријарх Ерусалимски и  Преподобен Тимотеј, во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух,  свештеникот Жарко Ѓорѓиевски во сослужение на ѓаконот проф. Димират Белчовски, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата, отецот го протолкува денешното Евангелие.

Преминпортал (к.т.)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1270
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1481
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1354
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…