логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

презвитер Горан Стојчевски

ЛЕПРОЗНОТО СУШТИНСКО – БЛАГОДАРАМ –


„Господи, Боже, Седржител, единствен Свет, Кој ја примаш благодарствената жртва на оние кои од сè срце Те повикуваат...„ – од Светата Литургија
“Се појавуваат луѓе неучени и нè престигнуваат во Царството небесно; а ние со својата мудрост за Него се грижиме без усрдност и бедно се тетеравиме овдека, во овој живот, тонејќи во сквернавењата на плотта и крвта“ .- м. Наум


Сите сме чуле за онаа народната, дека сме толку во неред како „село без кучиња„. Да, нашето срце оддадено на страстите кои толку се вкорениле во него што лесно им овозможуваме на демоните да прават неред во нас, бидејќи не бдееме и не го чуваме нашето срце, и така стануваме пример за неред, а нередот укажува на хаос, а хаосот на ништовност и непостоење, т.е. на пеколна состојба. И во таков неред, и во такво едно село влегува Нашиот Спасител, и, ако сме подготвени да Го примиме и молитвословејќи Го непрестајно Неговото Име, како лепрозните т.е. бдееме над нашето срце, тогаш Он истото и Го очистува. Ние во своите гревови сме навистина лепрозни како оние од Евангелието, и секако ако ја прифатиме благодатта Божја исповедувајќи Го Христос Нашиот Бог да се смилува над нас грешните, ќе го чистиме нашето срце од страстите содејствувајќи и на благодатта Божја, но тука нашиот подвиг не завршува, туку треба да се исполнува низ благодарење. Бидејќи, ете, десетмина лепрозни беа и сите се очистија одејќи по патот за да се покажат на свештениците како што им заповеда Христос, но само еден навистина продолжи и беше просветлен, та се врати да му заблагодари на Господа. И, овој што се врати го доби она што го бараше од Спасителот, да биде очистен од болеста, но тој беше решен евхаристиски да го продолжи својот живот, да заблагодари на Господа. Овој благодарен човек поважно му беше да ја претпочита содржината, иако тргна да ја запази и формата, односно да се покаже на свештениците.

Полезно е, секако и повеќе од потребно да се покажеме пред свештенослужителите за да се исповедаме за нашите гревови, да добиеме молитвено правило, начин на воздржување преку постот и запознавање на заповедите Господови преку читањето на Светото Евангелие, но формата си има своја суштина која не смееме никако да ја промашиме, нашиот живот да биде непрестајна литургија, вклучена во Литургијата на Црквата, нашето лично благодарам да биде вклучено во соборното Благодарам, оти тогаш вистински се среќаваме со Христос преку Неговото Тело и Крв, Кое не само што не само што нè очистува од гревот, туку и нè просветлува да бидеме свесни, како што вели св. Симеон Нов Богослов, за Неговото присуство со благодатта која од нас чини евхаристиско битие, човек благодарен на Бога, благодарен за тоа дека очистен од лепрата на гревот во Христос Нашиот Бог и Спасител, благодарен дека повторно е едно со Својот Создател повторно преку Телото и Крвта Христови.

Но, и тука содржината не се исцрпува, дури и да имаме благослов за причестување треба да знаеме и тој благослов да преумножиме, односно Бог го преумножува согласно нашето покајание, и согласно колку начето покајание е исполнето со благодарење. Секако практикувајќи ја формата ќе бидеме очистени, но само ако како што вели еден наш отец, ако нашиот начин на живот е восогласен со Евхаристијата, која е единствен наш терен во овој свет, тогаш ќе бидеме и просветлени за да познаеме дека единствената наша содржина е обожувањето во Христа Исуса, постојано благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нè направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината и нè избави од власта на темнината и нè воведе во царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп преку Крвта Негова и опростување на гревовите...Он е пред сè и сè преку Него се држи (Кол.1,12-17).

Постојаната благодарност согласно постојаната будност низ молитвените евангелски зборови, Господи Исусе, помилуј ме, несомнено ќе нè врати кон Господа да го потврдиме нашето благодарам, бидејќи Божјата благодат која просветлува прави од нас да бидеме свесни дека сме очистени.
Ако нашиот живот не е восогласен со Литургијата на Црквата, тогаш само ќе им се покажеме на свештениците дека сме ја запазиле формата, не дека не сме се очистиле оти благодатта Божја се дава штедро, но ако останеме само на ова нема да бидеме во состојба да видиме дека сме се очистиле, односно нема да и дозволиме на благодатта да нè просветли, а ако тоа не можеме да го видиме тогаш ќе промашиме содржината, т.е. состојбата на потполн човек кој како евхаристиско битие може да биде обожен, целта на нашето очистување од гревот, да бидеме едно со Нашиот Господ во благодарност без разлика на искушенијата на тој Пат, од Кој ако суштински се оттргнеме ќе бидеме претркани од некој Самарјанин кој знае да благодари.

И повторно сами избираме дали ќе бидеме само номинални, или пак, само верни формалисти, или пал ќе бидеме благодарни чеда на нашиот Христос, сами избираме дали ќе бидиме лепрозни кои благодарат и гледаат дека се очистени, или ќе си останат лепрозни, а заради неблагодарноста кутрите не можат да видат дека се очистени.
Господ Бог по молитвите на Пресвета Богородица нека нè окрепува во нашиот подвиг на очистување на нашето срце од страстите, нека нè просветли со Својата благодат за да видиме дека сме очистени од гревот и да ни даде сили непрестајно да благодариме за да нè обожи во Него. Амин!


Соборен храм, 20 декември 2016 г. Св. Амвросиј Милански и преп. Григориј Григоријатски

 

 

презвитер Горан Стојчевски

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2066
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2082
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 528
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

11/05/2026 - понеделник

Св. апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира; Св. маченици Максим, Дада и Квинтилијан; Св. маченик Тибал;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная