логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, во прилог ви ја пренесуваме беседата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Беседата е напишана по повод празникот на светиот свештеномаченик Харалампиј, а истата требаше да биде изговорена во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид. Од оправдани причини Митрополитот Тимотеј не беше во можност да богослужи на овој ден, па затоа беседата ви ја пренесуваме интегрално, а истата да ни послужи како поука и духовно питие за зацврстување на нашите стапки по единствениот пат на спасението. За многу години!

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Ние луѓето живееме помеѓу спротивставеноста на денот и ноќта, помеѓу светлината и темнината. Многу поголеми од тоа се спротивностите помеѓу доброто и злото, помеѓу љубовта и омразата, гревот и добродетелта. Помеѓу сите овие спротивставености, ние како луѓе се колебаме во текот на целиот наш живот на земјата. За време на животот на луѓето, честопати им изгледа дека патиштата на злото, гревот и порокот се полесни. На многумина им изгледаат помудри патиштата на темнината, гревот и омразата отколку патиштата на светлината, чистотата, љубовта и добродетелта. Многу често на луѓето им изгледа дека „синовите на овој свет во својот род се подосетливи од синовите на светлината" (Лк. 16, 8). Посебно тоа се случува на нашите современици во ова време. Така се исполнуваат евангелските зборови: „На луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината, оти нивните дела беа лоши. Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела" (Јн. 3, 19-20). Затоа сите злобници, силеџии и сите злодејци се собираат ноќе и во темнина, во подруми каде ги кројат своите лоши планови. Затоа и темнината постанала симбол на сатаната, на гревот и на злото. Спротивно на тоа, светлината е знак на Христовата вистина, правда, љубов и добродетел.


Многу одамна, свети апостол Павле им порачал на Ефесјаните: „Некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господа: живеете како деца на светлината!" (Ефес. 5, 8). Оваа порака е упатена и кон нас денес. И ние сме должни да живееме како деца на светлината, односно да се однесуваме како деца Божји, кои светат со своите дела и зборови.


Сите ние како христијани сме се заветиле пред нашиот Отец небесен дека во светлината на Христовата вистина, правда и љубов и секоја христијанска добродетел ќе живееме и ќе работиме и дека ќе ја исполнуваме волјата Божја додека живееме на земјата. Христос е Оној Кој ги просветлува луѓето кои се во темнина, како што пееме во една црковна песна. За да ја одигра честито и праведно својата улога во овој голем Божји стадион, потребно е да биде осветлен со факелот на евангелската светлина. Потребно е со тој оган на евангелската вера, надеж и љубов, правда и вистина, христијаните да ги запалат своите срца и души. Потребно е да доживеат просветлување и осветлување со Христовата светлина. Таа е онаа иста светлина која ја доживеале Витлеемските пастири на Божик и праведниот Симеон на Сретение, апостолите на Педесетницата, а жените мироносици во утрото на Велигден. Тоа е нашиот христијански оган, кој нѐ осветлува во натпреварот за неовенлив цвет во царството Божјо, како на земјата, така и на небото.


Да се обратиме со молитва кон свети Харалампиј, чиј спомен денес празнуваме, за тој да биде наш молитвеник пред престолот на Севишниот. И нас да нѐ огрее Христовата светлина, па да ја засакаме и прегрнеме, за така да одиме по светлиот и тесен пат, кој води во царството небесно и во вечниот и блажен живот. Амин.


Свети свешт-мч. Харалампиј
23.02.2021 год.

 

Извор: http://www.dke.org.mk/index.php/3341-2021-02-23-08-30-52

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3110
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2440
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…