логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Zakhej

Закхеј (13.02.2021 17:03)

Колкумина се навистина подготвени да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава; и колкумина се подготвени да изгледаат бедно или да служат за потсмев заради Господ Христос, и заради можната средба со Него?

Началникот на митарите, Закхеј, токму тоа го направил и токму на тоа се надевал трчајќи напред и качувајќи се на смоквата. Тоа е тој однос на дете.

Но, тоа нема да остане незабележано и невозвратено од Оној Кој сè гледа и Кој ги познава срцата на сите – Богочовекот Христос, Кој му се обраќа по име: Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом“.

Закхеј сфаќа дека неговото срце, односно неговите име и личност со сите тајни мисли и желби, како и копнежот да Го прими во својот дом, се откриени.

И тој веднаш слезе – знаејќи веќе преку својата оправдана и засилена вера многу добро и Кој го повикува и Кого треба да прими во својот дом – и Го прими со радост. И се радуваше, како што човек може да се радува на постојаната благодат.

И сите [кои високо мислат за себе и кои од завист судат и осудуваат], кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќата на грешен човек“.

Но Закхеј, со своето вистинско, делотворно покајание, го оправда присуството на Богочовекот Христос во својот дом – А Закхеј застана и Му рече на Господ: „Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси; и, ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам“.

Ослободувајќи се во доволна мера од страста славољубие и во доволна мера од страста среброљубие, човекот, вообичаено, во доволна мера се ослободува и од страста сластољубие, а срцето доволно очистено од страстите благодатно се отвора.

Спасението е секогаш поврзано со отворањето на срцето – домот на нашето јас, со актуализацијата на благодатта на Крштението и со просветлувањето на умот, т.е. со умно-срдечната молитва – макар и во последните моменти од нашиот живот.

Така јас ги разбирам Господовите зборови, со коишто Тој ја потврди новата духовна состојба на Закхеј – просветлувањето: Денес дојде спасението на овој дом...

Оти Синот Човечки дојде да ги побара и спаси грешните, а не – „праведните“, т.е. грешните што сакаат да се спасат, а не – „спасителите“.

Господи Исусе Христе, влези и во нашиот дом и спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

 Извор:

 http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7378

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2620
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2416
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…