логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 3.angeli.so.truba

Преподобен Теодор Освештен; свети Никола Мистик
(Недела на Самарјанката)

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Благочестиви христијани,

Денес го слушнавме евангелскиот настан опишан од светиот апостол и евангелист Јован, за жената Самарјанка на која и била понудена, од Самиот Господ Исус Христос, жива вода; вода од која не се ожеднува, а оној што ја пие и самиот станува извор на жива вода што ќе тече во живот вечен (Јован 4, 5-15). Слушајќи за овој настан не може, а да не си спомнеме за зборовите на светиот цар Давид, кој вели: „Душата моја е жедна за силниот и живиот Бог." (Пс. 41, 2) Цар Давид бил човек кој ги поседувал сите материјални богатства во своето време, живеел лагоден царски живот, но сепак го немал она што на неговата душа и било потребно; немал жива вода, вода од која не се ожеднува, ја немал токму онаа вода која и била понудена на жената Самарјанка од Господа Исуса Христа.


Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува како дома. Но, душата е таа која е странец во овој свет, таа во овој свет се чувствува како патник во туѓина и знае дека нема со што да се нахрани и напои. Душата на човекот секогаш е жива и жедна за живот, а за да опстане во тој живот потребна и е жива вода од кладенецот на животот, од Изворот на вечната и животворна вода, од Бога Творецот.
Но, како и каде ние денес да го најдеме заборавениот кладенец на жива вода?
Денес е едноставен патот кон Оној што дарува вода на вечниот живот. Покрај толку сираци, ожалостени, болни, сиромашни, обесчестени, навредени, обесправени и маргинализирани луѓе, срамота е да се прашуваме: „Како?" Конечно е време за надминување на суетата, време е за помош на беспомошните, за утеха на неутешните, за милост кон страдалните. Ако сега не се свртиме едни кон други наскоро ќе немаме кон кого; и ако сега не си пружиме рака, наскоро ќе немаме кому.
Често пати, согледувајќи ја жалната положба на христијаните на нашиве простори, се прашуваме каде го оставивме изворот на животворната вода, во која пустина заталкавме? За жал, повторно се наоѓаме во бескрајната пустина на материјалното божество со жедна душа, барајќи ја оазата што сами ја напуштивме. Велам повторно, зашто веќе вкусивме од животворната вода и заминавме не гледајќи на назад. По сопственото заминување од кладенецот на живата вода, од изворот на животот, почнавме да талкаме по бездушната пустина создавајќи гревовни фантазии.
Оној Кој не напоил со жива вода, од која ние избегавме во пусти-ната на страдањето, преку пророкот Еремија вели: „Две зла изврши Мојот народ - Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода." (Еремија 2, 13). Вкусивме од водата на вечниот живот и го затрупавме изворот, го заборавивме; и не само тоа, туку секој си ископа нов извор, всушност, многу извори, повторно барајќи ја животворната вода.
Денес, сите ние, повеќе или помалку, го голтаме песокот на гревот сметајќи го за вода од животен значај. Откако ја изгубивме живата вода на вечниот живот наидовме на самољубие, и постојано ги наоѓаме раските во окото на ближниот. Од друга страна, пак, немаме одговор на сомилост и братско простување, туку тешка тупаница врз сопствената суета. Сето ова до таму не раздели што станавме вистински номади аматери во потрагата на единствената оаза во морето на безживотната пустина.
Нашето повторно враќање кон кладенецот на живата вода мора да биде насочено од односот кон ближниот и кон Бога, како седобар Дарител на можноста за вечен живот. Очистени од себељубието и гордата издигнатост над ближниот, лесно ќе ја пречекориме безживотната пустина во која се наоѓаме и набрзо ќе се освестиме од мамурлакот на лажниот живот. Само така можеме повторно да го најдеме кладенецот на жива вода подготвен од векови за нас и нашето боголико битие.

Амин.

17 мај 2020 година

Скопје, хам на св.вмч.Димитриј

 Друго:

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019 ...

Жарко Ѓорѓиевски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019) ...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска ...

Жарко Ѓорѓиевски - Беседа за за крајот на светот и за крајот на човечкото живеење...(06.03.2016)  ...

Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (10.03.2019)

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1460
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1325
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…