логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Скопје,10ти март 2019 година- храм на св.вмч. Димитриј

 

 

 

 

Денес,во Недела сиропусна, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Свети Тарасиј, патријарх Цариградски,Преподобен Пафнутиј Кефалас , во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух,  свештеникот Жарко Ѓорѓиевски во сослужение на ѓаконот проф. Димират Белчовски, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата, отецот произнесе празнична беседа, и протолкувајќи го денешното Евангелие, не упати на проштевањето како прво скалипо  по патот на нашиот духовен раст:

Денес е Прочка; денес е ден на простувањето. Денес зачекоруваме по патот на засилената молитва со желба подостојно, почисто и подостоинствено да се издигнеме во прославувањето на Празникот над празниците - Воскресението Христово. Денешниов чекор - барањето прошка и простувањето е првото скалило на нашето патешествие. Во денешно време, колку е тешко да се прости, уште потешко е да се најдат сили и да се побара прошка. Простувањето бара смиреност, слегување до најтемните длабочини на душата, чистење на духовните депоа, замрачени од секојдневните потреби, проветрување од гревот и страстите. Да се побара прошка и да се соберат сили за простување е првото скалило во долгото искачување до совршенството; зашто христијаните не смеат да се задоволат со ништо помалу од совршенство, според зборовите на Спасителот: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец Небесен!"- (Повеќе)

 

 

Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе. Господ сака да го љубиме ближниот. И ако размислуваш за него, дека го љуби Господ, значи дека љубовта Господова е со тебе. И ако мислиш дека Господ многу го љуби Своето создание, и самиот ја сожалуваш сета твар, и ги љубиш своите непријатели, себеси, пак, се сметаш за полош од сите, значи дека со тебе е голема благодат на Светиот Дух.

 

 

Преминпортал (к.т.)

 

 

 Друго:



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

Словото на пастирското расудување и човекољубие дозволува, па дури и наложува практикување на подвигот, под услов подвигот да не се сведи на еден вид седатив, туку да го задржи карактерот...

БEСEДА  за нeизмeрната Христoва љубoв

БEСEДА за нeизмeрната Христoва љубoв

Христoвата љубoв штo гo надминува сeкoe знаeњe! Нe oд Бoжјиoт разум, туку oд чoвeчкиoт разум, пoмрачeн и oзлoбeн oд грeвoт. Бидeјќи Бoжјиoт разму e рамeн на Бoжјата љубoв и ниeднo...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бог – немаше од него поголем,...

 Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Оние што преку доброволни подвизи или мачеништво ќе влезат преку своето очистено срце во Царството Небесно – внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на...

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл...

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

« »