логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 3.angeli.so.truba

ЛЕСНО ПРЕДВИДЛИВА РАЗВРСКА

И христијаните се луѓе со свои слабости. Но, за да го носат достојно името, треба и да се свесни за своите слабости, како и да се борат против нив.

Без таквата свесност и подвиг, името христијанин би било само форма без содржина.

Ако целта на христијанството е „да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил“, тогаш една од поголемите слабости би била меѓусебните поделби.

И така, православните христијани се делат и внатрешно, во рамките на една помесна Православна Црква, и тоа доктринарно: на зилоти (старокалендарци), екуменисти и на оние што се држат до царскиот пат;
по персонална припадност: на овој и оној духовник или владика; партиски: на оваа или онаа партија итн.

Се делат и според надворешни критериуми, и тоа по националност:
Грци, Срби, Бугари, Руси, Романци, Македонци итн., и по јурисдикција: на оние што се за Српската, односно Руската Црква, и на оние што се за Цариградскиот Патријарх.

Има и такви што се самодоволни и не ги интересира кој и дали ги признава.

Сите овие и други поделби ќе отпаднат во времето на вистинскиот прогон. Тогаш ќе има само една поделба:

на оние што, без оглед на кои било маки и загуби, ќе останат со Христос и Богородица, и на оние што, од самољубие, ќе Ги предадат.
(Ова, отприлика, го разговарав, по повод најновите случувања, со еден митрополит од Грција.)

Ако е разврската лесно предвидлива, тогаш зошто така лесно се прифаќаат и се преценуваат повеќето од овие несуштински поделби, што е во корист само на ѓаволот, и зошто се заборава дека тие што ги потхрануваат (на штета на единството на Црквата) се профилираат во негови слуги?

Или, можеби, овие поделби се јасни предзнаци...

Затоа, неопходно е од противприроден да преминеме во природен начин на живот и да ја надминеме нашата внатрешна суштинска поделба (дуализмот меѓу умот и разумот), од која произлегуваат сите деструктивни поделби,
та „да застанеме смирено, да стоиме со страв“ во начелното Божествено Предание... и во молитвата која ги собира сите.

Христос Воскресе!

Митрополит Струмички Наум

22ри април 2020 лето Господово

     



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3197
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3037
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…