логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце (види: Јован 4, 5–42). Оваа благодат во нас може да стане и извор на благодат, која нè води во живот вечен, доколку го очистиме и го отвориме нашето срце.

Нашето срце е местото од кое извира благодатта, изворот. Отворот на местото на срцето најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од присуството на демонот, за да протече благодатта.

Потекувањето на благодатта, односно добивањето и пронаоѓањето на вода жива, пројавено како умно-срдечна молитва, е дар Божји – „водата што ќе му ја дадам Јас“. Потоа не ни треба духовен раководител, благодатта сама ќе нè води – „вода што ќе тече во живот вечен“.

Потекувањето или пројавувањето на благодатта е сведоштво дека не сме повеќе наемници, туку деца на Отецот наш Небесен; сведоштво дека лично сме го усвоиле дарот Божји и дека постоиме како личности; сведоштво дека сме усвоени од Отецот и дека настапуваме во силата на личност.

Кој сака да знае повеќе – нека прочита подолу.

Вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во благодатта на Светиот Дух и во исповедање на вистинската вера. Поклонувањето во дух и во вистина е едно и исто поклонување, едно и исто дејство, една и иста благодат. И се случува на едно и исто место – во срцето, пред сè.

Благодатта на Светиот Дух Господ од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата за да Му се поклонуваме на Бог во дух и во вистина, туку неопходно е и да ја активираме и актуализираме благодатта на Светото Крштение.

Кој сака да дознае што значи ова, односно кој сака да го открие изворот на вода жива која тече во живот вечен, нека влезе во апсолутно или целосрдечно послушание на Христовите заповеди, односно на Црквата, односно на светото Предание, односно на својот духовен отец. Тоа за нас, и ништо друго, значат зборовите: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете... Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршувам Неговото дело“ (Јован 4, 32; 34).

Светите Отци понекогаш со терминот дух го именуваат умот. Во библиско-антрополошка смисла, поклонувањето во дух и во вистина значи поклонување со исцелен ум. Исцелен ум има човек кој енергијата на својот ум ја соединил со суштината на својот ум, која се наоѓа во неговото срце. Бидејќи ова соединување е дејство на благодатта Божја и молитвено-аскетски се случува внатре во неа, исцелен ум во одредена смисла е исто што и просветлен ум. Доколку ова соединување е постојано благодатно, а не времено аскетско, тогаш исцелен ум е исто што и обожен ум. Обожениот ум е ум од Духот воведен во сета вистина (види: Јован 16, 13). Само за оној што има исцелен, обожен ум, можеме да говориме дека е целомудрен и девствен, во една човечка димензија на овие поими.  

Господи, ми даде сува земја, дај ми и водни извори (Суд. 1, 15).

Митрополит Струмички Наум

Извор:МПЦ-ОА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2674
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1832
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…