логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 sv.Kliment.Ohridski2.jpg
   
 СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА ЕВАНГЕЛИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

sv.Kliment..Ohridski.jpg

Делото на светите браќа, посеано во Моравија и Панонија, расцуте во нашите краишта преку неуморната работа и сестраните способности  на Свети Климента. Тој, не само што не дозволи да изгине посеаното семе од неговите учители, туку, докрај, самопрегорно работеше на тоа да го дооднегува, а на тој начин, поставувајќи го во културната историја евангелскиот принцип:”Одете и научете ги сите народи....“ -  та да може секој на својот сопствен јазик да се моли, да пишува, да комуницира, да твори; и така, со своите духовни постигнувања да ги збогати и другите народи.
Свети Климент Охридски дошол во Македонија како Христов апостол, пастир, мисионер и учител. Тој дошол во Македонија за да го евангелизира македонскиот народ. Во својата дејност најмногу настојувал да всади кај луѓето вистинско христијанство. На тој начин, луѓето биле збогатени со вечните евангелски вистини и со светлиот христијански морал и љубов.
Свети Климент се трудел евангелските начела да ги внесе во народниот живот. Во тоа успеал. Евангелието го всадил и во Црквата, и  во просветата, и во образованието – и во училиштето, и во книжевноста, и во уметноста, и во државотворството и во општествентите односи. Тој на народот му дал нова евангелска боја и ја евангелизирал неговата душа, неговата свест, мисла, волја и чувства. Свети Климент Охридски се трудел морално да ја препороди човековата личност и да воспостави високоморален поредок во својот народ. Во сите сегменти од животот и во сите сфери ја всадил љубовта -  тоа основно евангелско начело и силна енергија за секакво добро. Лично тој во себе, во својата личност, ја имал во изобилие љубовта кон Бога и кон сите луѓе и сите народи. Тој знаел дека пред Бога нема “ни Грк ни Римјанин“, па „ни машко, ни женско“  и дека „ секој народ, (оној кој се бои од Него, ипостапува правично, мил Му е).
Македонските Словени во почетокот живееле патријархален многубожечки живот, поврзан со многубожечкото идолопоклонство, а далеку од духовното христијанско културно живеење. Наоѓајќи се во тешки прилики, на тој народ му била потребна силна, челична и чудотворна пастирска дејност којашто сите ќе ја прифатат. Нему му била потребна Книгата на вистинскиот живот, од која ќе се учи. Му била потребна светлина која ќе го озари. Му требала сила духовна, која ќе го закрепне социјално и ќе го одбрани духовно. И навистина, таа светлина, во својот полн сјај ги озари Македонците, кога го добија од  Бога избраниот толкувач и проповедник на словото Божјо, во лицето на нашиот голем патрон Свети Климент Охридски, првиот епископ Дремвицко – велички и просветител македонски и сесловенски. Преку него проговорило Божјото провидение за македонскиот народ. Преку него, во  народниот организам е влеан евангелскиот дух, а во душата на нашиот народ – животворниот сок кој ја дочувал светлината и чистотата на народниот дух низ целата наша макотрпна историја. Преку него, овој народ го нашол “Патот, Вистината и Животот“ – Господа Исуса Христа. Во  основа на сето  Светиклиментово дело е Господ Исус Христос како идеал на сите времиња и сите векови, Кој стои пред и зад се` што правел Свети Климент. Нему Бог му ја дал идејата за своето и за народното изградување според вечните принципи на евангелските заповеди.
Ако Светиот апостол Павле ги остварил со животот своите зборови: „ Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во  Синот Божји Кој ме засака и Себе се предаде за мене.“ Истото може да се каже и за Светиот Отец Климент, кој, не само себе си што се охристовил, туку тоа го направил и со својот народ. Тој Христа го внел во душите на луѓето, за да ја преобрази душата на својот народ. Тој успеал од варварски пагани да создаде благородни и кротки Христови јагниња; од груби, направил племенити души; од тирани, направил добротвори; од осветници, направил луѓе што проштаваат; омразата ја претворил во љубов; од непријатели направил пријатели; од слуги на ѓаволот, направил служители на Бога, а сето тоа за да бидат сите едно во Христа Господа и во Црквата Негова.
Тој, со Светото евангелие ги решавал сите прашања за животот, па и сите материјални потреби и неопходности, та затоа кај него немало ни паѓања, ни колебања, ни очајание, ни страв, ниту, пак, попуштање пред никакви опасности или искушенија.
Тој беше се зафатил со орањето на полето на просветата и христијанизацијата на народот во Македонија и тоа на својот мајчин, старомакедонски  словенски јазик и писмо.
Старословенскиот македонски јазик и глаголското писмо, најдобар  израз нашле во творбите на Свети Климент Охридски. Во нив се открива Божјата искра во човечката душа и од нив тече проповедта на евангелската љубов.
Свети Климент,  објаснувајќи го Светото  писмо и Божјите вистини, зборува за вистинската вредност на човекот, што ја добил со христијанството.
Така   “Словото Божјо растеше и се распространуваше” меѓу народот во Македонија.
Истовремено, со евангелизирањето, Свети Климент пристапил кон просветување на луѓето. Знаел   дека непросветен народ е лесен плен на асимилаторски расположените соседи. Ако Македонските Словени останале непросветени, без свое писмо, ќе останале под нивото на својот јужен сосед, кој и онака се обидувал и се трудел да ги просвети со христијанска вера, но со свое писмо и со своја ерархија. Нивната цел не била само покрстување, туку со помош на покрстувањето да ги асимилираат и да им ја наметнат својата писменост и култура. Тој тоа брзо го согледал и затоа се зафатил со евангелизација на својот народ и тоа не негов јазик, со негово писмо, книжевност, просвета и Црква. Свети Климент бил ретко надарена личност. Освен тоа што бил добар познавач на старомакедонскиот црковнословенски јазик, тој е и негов научен и формален унапредувач, преведувач и оригинален автор. Прв учител на идните учители и предавачи на Универзитетот што го основал во Охрид.

sv.Kliment.svJ.Zlatoust.jpg


Од книгата: Библијата во делата на Свети Климент Охридски
на протоѓакон Ратомир Гроздановски


За ПреминПортал: Стојанка Тежак

 Посети: {moshits}

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3010
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2259
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...