логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Vodocha.praznik.jpg

Vodocha.praznik.jpg

 

Житие: Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

    
СВЕТИ ЛЕОНТИЈ Струмички и неговите спасоносни чуда

 

Свети Леонтиј е роден во Струмица, поранешен Тивериополис, од богати и благочестиви родители. На Крштението го добива името Лав. Штом научи да чита почна да ги изучува Светото Писмо и житијата на Светиите, a во душата му се роди желба да стане монах. По смртта на родителите се повлече на една осамена гора, каде што почна да се подвизува, а потоа замина за Цариград, каде што стапи во манастирот на Пресвета Богородица, наречен Птелидион, тука примајќи монашки потстриг.

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум, поради што мнозина го исмеваа и навредуваа, а често и физички го повредуваа. Поднесувајќи сè со големо смирение Преподобниот набргу достигна голема мерка во добродетелта и во молитвата од што најприродно се појави и дарот на чудотворство. Носеше жар во рацете или во мантијата и ги кадеше чесните икони по градот, а огнот не го повредуваше.

Во тоа време во Цариград дојде еден добродетелен Архиереј од градот Тиверијада, а Преподобниот штом го здогледа отиде кај него и почна да му служи во послушание. Тој живееше на една гора надвор од Цариград и околу него се собираа и други духовни чеда. Еден ден Преподобниот беше испратен во Цариград по работа, но со благослов да се врати истата вечер како не би му се случило некое искушение во градот. Тој знаеше често да каже дека рибата не може долго да издржи надвор од водата во врска со излегувањето на монасите надвор од своите манастири. Извршувајќи го своето послушание во градот

Преподобниот не можеше да најде брод којшто ќе го врати на спротивната страна и за да не ја наруши заповедта на Старецот се фрли во морето, а водата му дојде само до грлото додека не дојде до другата страна. Така Бог устрои за светото момче да не се возгордее и да не помисли за себе високо дека е сличен на Господ во Неговото одење по површината на морето, а сепак на чудесен начин да стаса на другата страна извршувајќи го своето послушание. По некое време Тиверијадскиот Епископ тргна на пат за својата црква во Ерусалим и со себе го зема и блажениот Леонтиј, a патем тие свратија на островот Патмос. Преподобниот измоли од духовниот отец благослов поради зголемување на својот подвиг да остане во манастирот на свети Јован Богослов. Подвизувајќи се таму со тајни подвизи, за коишто никој од браќата не знаеше, особен за него беше дарот на солзи и богоподобното смирение, поради кои умот толку му беше просветлен од Господ што многу книги од светите Отци знаеше напамет. Игуменот го замонаши во голема и ангелска схима и го удости со Светата Тајна на свештенството.

Поради своето смирение и големите тајни подвизи, пред сè во молитвата на срцето, се удостои со многу виденија на светиот апостол и евангелист Јован, а по смртта на игуменот браќата го избраа за нов старешина на Апостоловиот манастир. Кога неговите добродетели се прочуја и за него дозна благочестивиот цар Мануил Комнен (1143-1180 г.) по желба на царот и на мнозина архиереи беше избран за Патријарх Ерусалимски. Како Епископ помина некое време во метосите на Ерусалимската Патријаршија и Светиот Гроб на островот Кипар, а потоа се пресели во градот Акра на палестинското крајбрежје (поради Латините кои тогаш владееја со Ерусалим не дозволувајќи му на православниот Патријарх таму да се смести), а потоа прејде и во Ерусалим. Латините коишто ја имаа световната контрола врз Ерусалим не му дозволуваа на светиот православен Патријарх да богослужи на Гробот Господов и во храмот на Светото Воскресение, па дури му подготвуваа и потајно убиство, така што по желба на царот Мануил Преподобниот се врати во Цариград.

Тука свети Леонтиј проживеа неколку години и по многу прекрасни и спасоносни чуда, кои Господ ги изврши по молитвите на Својот верен и добар слуга. Се упокои во мир во 1185 година, а неговите свети мошти ги положија во храмот на свети архангел Михаил. Неговиот свет спомен се празнува на 27 мај.

Така се приброи праведникот кон Праведниците, преподобниот кон Преподобните, доброволниот маченик кон Мачениците и архиерејот кон Светителите оставајќи го споменот за својот свет живот како пример и утеха за сите што застанаа на тесниот пат што преку очистувањето од страстите води до Единствениот вистински Живот.

Житието на свети Леонтиј Патријарх Ерусалмски на времето е составено од цариградскиот монах Теодосиј, а свети Никодим Светогорец го внесе ова житие во книгата наречена „Неон Еклогион“.

 Vodocha.praznik.jpg

Vodocha.praznik.jpg

Vodocha.praznik.jpg

 

Извор: МПЦ-ОА

 

 

Вечен дијалог меѓу Несоздаденото и создаденото,
во Богочовекот Исус Христос

Ние и Бог, ако сакаме, меѓу себе комуницираме како личности со нашите лични енергии. Звучи како да се ставаме на исто личносно рамниште со Него, ама не ние – туку Он така нè постави. Секако, Бог со Својата несоздадена енергија ја прозема и постојано ја преобразува нашата создадена енергија, како и суштина (природа) – во процесот на таа комуникација, а не ние Неговата.

Навидум едноставно, но не така како што на прв поглед изгледа. За да појасниме, ајде повторно да се вратиме на разликата што ја направивме меѓу умот и разумот. Зошто е битно, во аскетската пракса, да ја правиме оваа клучна разлика? И зошто е битно да внимаваме на кој начин ќе функционираме, односно кога и каде ќе ја насочуваме енергијата на умот? Со тоа често и нашите душевни и телесни дејствија.

Најбитно е енергијата на нашиот ум да ја насочиме кон Едниот Вистински Бог – Отецот и Синот и Светиот Дух. Ако не ја насочиме кон Бог, тогаш скоро сигурно, без оглед на намерата, ја насочуваме кон демоните или кон останатата словесна и бесловесна твар. Така што, секој нека се преиспита и нека си одлучи со кого ќе влезе во комуникација преку насочувањето на својата енергија – со создаденото или со Несоздаденото. Последиците се апсолутно различни. Истиот избор го имаат и атеистите. Со претходно опишаното дејствие може да се исполни првата Божја заповед: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, и со сиот свој разум“ (Матеј 22, 37).

Ништо помалку битно е истата енергија, и при секундарната функција на умот како разум, да биде правилно насочена. Сите сме поставени пред следниот избор: дали ќе ја насочиме кон исполнување на Божјите заповеди или ќе ја насочиме кон задоволување на нашите страсти. Навидум едноставен и вториов избор, но суштински зависен од првиот. Со претходно опишаното дејствие може да се исполни втората Божја заповед: „Возљуби го својот ближен како себеси“ (Матеј 22, 39), но истовремено и „бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен (Матеј 5, 48).

Во вториов случај треба да бидеме дополнително внимателни: не само дали тоа што го правиме е согласно со Божјите заповеди, туку дали и кога ги извршуваме Божјите заповеди – тоа го правиме во Божја слава или во своја слава. Само извршеното во послушание на Црквата, за нас православните христијани, се смета за извршено во Божја слава. Исто така, колку повеќе преку исполнување на заповедите Го познаваме Бог толку попрецизно и посилно ја насочуваме енергијата на нашиот ум кон Него. Просто, едното без другото е невозможно.

Без восогласеното делување на примарната и секундарната функција на умот – што погоре го објаснивме, во што и се состои исцелението на умот, не е возможна ни христијанската православна психотерапија, а камоли која било друга психотерапија; ниту остварување на личниот идентитет.

Нормално, не е сѐ вака црно-бело како што јас напишав, но најдобро вака се сфаќа, а на крај на тоа и се сведува. Но, еве еден шарен пример: може да се случи некој да не верува, или помалку или повеќе погрешно да верува, но сепак, во одредена мера, да ги извршува Божјите заповеди – свесно или несвесно. Лично, мислам дека пред Бог тоа е многу подобро, и дека оној што така прави е поблиску да Го пронајде Бог, отколку некој кој точно ја исповеда верата со устата, а неговите дела не се согласни со Божјиот пример.

Комуникацијата со Бог и извршувањето на Божјите заповеди го правиме со помош на Неговата благодат или енергија. Наше е само да сакаме и да се обидуваме, а Божјо е да исполни. Како што спомнавме на почетокот, во оваа Бого-човечка синергија – во Црквата, се содржи тајната на нашето обожение, односно тајната и полнотата на животот во Царството Небесно – и веќе и уште не.

За совршеното преобразување, односно за конечното обожение на нашата создадена природа – другпат, ако стигнеме...

Пресвета Богородице, покриј и спаси нè...

Митрополит Струмички Наум

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2860
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2673
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде....

 Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Да внимаваме, некои од Божјите дарови, обично, на самиот почеток не ги препознаваме веднаш како дар – во сите негови димензии, зашто ни се даваат прво како крст. Крстот, пак,...

 Митрополит Струмички Наум:  Велик четврток (20.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик четврток (20.04.2022)

Што да напише човек за светата Евхаристија (Литургија), а истовремено да не ја открие и содржината на својот живот? Нема разлика помеѓу Евхаристијата и нашиот живот, или ако има –...

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница...

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Одговорот на сите овие можни недоумици е дека, всушност, се случува нов квалитет на личносни односи меѓу нив, и тоа не толку поради Христовата љубов кон нив – Неговата љубов...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

 Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Сакам да ве потсетам на уште нешто: човекот е создаден бог со самото тоа што на Бог може да му каже „не“. Но, едно е на Бог да Му кажеш...

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Бог не ги тера со сила луѓето да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат Него. Не е лесно да се земе крстот на страдањето, но Он...

« »