логоFacebookTwitterYouTubeeMail

preobrazenie_chast_epistiliya_fragment_640.jpg

 

Историјат на празникот

Нашата Света Црква, сеќавајќи се на сите настани од земниот живот на Господ Исус Христос, и овој пат пред нас изнесува еден чудесен по својата длабока смисла празник – празникот на Неговото Преображение на Таворската гора.


Овој празник е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило четириесет дена пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон Него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во Својата ненадминлива и несоздадена слава.

Ако, како што веќе спомнавме, овој празник се случил непосредно пред страдањата Христови, односно пред точно четириесет дена, тогаш би требало тој да се празнува некаде во месец март, според празнувањето на Воскресението. Но, тоа време се совпаѓа со периодот на Светата Четириесетница и бидејќи не би можело да се торжествува во периодот на Великиот Пост, затоа овој празник е пренесен на 6/19 август. Датумот не е случаен, бидејќи е четириесет дена пред празникот „Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст“ (14/27 септември), кој наликува на Велики Петок. Празникот Преображение, започнал да се слави во источниот дел на Византиската Империја во периодот помеѓу VI – VIII век. Веќе во VIII век тој е раширен низ сиот христијански Исток, а додека на Запад, иако почнал да се празнува малку порано, својот конечен облик го добил дури во XV век.

Инаку, специфично за овој празник е тоа што на Литургијата после задамвоната молитва се благословува и осветува грозјето. Тогаш за прв пат може да се јаде од овој плод.

Таинствената смисла на празникот Преображение Господово

Во мигот на Преображението Христос ги озари апостолите со Својата неискажлива светлина, и сакајќи да им ја покаже светлината на скорешното Негово Воскресение, Он истовремено им ја покажа и првобитната човечка убавина. Он сакаше човекот да го дознае своето потекло, да види чиј образ тој  го носи, во каква слава, и чест, и убавина е создаден и кон што е повикан. Црквата, пак, таа силна чуварка на Свештеното Предание, го упатува својот повик до човекот, до осознавање и постигнување на неговата најдлабока и најсуштинска животна цел – неговото лично преображение, обожувањето, кое е гледање на несоздадената светлина. Таа, пак, е „доживување на Царството Божјо... и паралелно со тоа, предвкус на идните блага... “, Преображението ни покажува и што претставува нашето собирање како Црква: тоа не е просто собирање на луѓе, туку собирање на преобразени личности кои се поврзани со врските на љубовта, радоста во Бога, заради прослава на Неговата жртва за спасение на човештвото.

Ако „Преображението е централен настан на сотириолошкото учење на Црквата, бидејќи ја покажува целта на постоењето на човекот“ (о. А. Шмеман), а таа е личното преображение и обожение, тогаш таа истовремено и го поттикнува човекот да дојде до посакуваната цел. И за да би можел човекот да го доживее тоа, најнапред треба да го очисти своето срце. По мерата на очистувањето на нашето срце, добиваме и просветлување одозгора.

Во овој контекст, Црквата нѐ повикува и кон нашето лично искачување на Таворската гора, за и нам да ни биде добро („Господи, добро ни е да бидеме овде“, Му рекле апостолите на Христа), за да Го чувствуваме Божјото благодатно присуство, посакувајќи тие мигови никогаш да не завршат. Но истовремено таа и нѐ потсетува дека заради нашите слабости можеме од таму, од Тавор, да се најдеме на Голгота. И пак вели, дека за да се искачиме на Тавор, претходно треба да се распнеме на Голгота. Нејзиниот непрестаен повик е „непрестајно искачување и еволуција. Во Црквата зборуваме за еволуција на човекот, не од мајмун до човек, туку од човекот кон Бога. Оваа црковна теорија за еволуцијата дава смисла за живот и ги задоволува сите внатрешни проблеми и егзистенцијални немири на човекот.

Значи, Преображението Христово е основен момент во животот на човекот. Впрочем, живееме во Црквата и не се стремиме да бидеме само добри луѓе, туку да бидеме богови по благодат“ (о. А. Шмеман). Црквата денес нѐ кани да ги отвориме дверите на нашето срце, за таму да Го населиме Бога и сите луѓе, да подариме повеќе љубов, да се преобразиме не само себеси, туку со својот живот, со својот пример и сите околу нас. На таква висина денес нѐ кани Црквата.

Извор: Бигорски манастир

 

Друго:

 

  • „Исусе Христе, Светлино тивка на светата слава од бесмртниот, небесен, свет и блажен Отец, откако зајде сонцето и ја видовме вечерната светлина, Му пееме на Бога - Отецот и Синот и Светиот Дух. Сине Божји, Кој живот даваш, достоен си во сите времиња да бидеш воспеван од гласовите на преподобните, затоа светот Те слави„...
    „...по молитвите на Богородица да ни засветли и нам грешните, Твојата вечна светлина, Подателу на светлината, слава Ти„

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3009
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2257
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

« »