логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Гватемала... експлозија на Православието! (05.10.2012 21:22)

Би сакале нашите отци, браќата и сестрите да ги запознаеме со големото чудо кое Светиот Дух Господ го прави во Гватемала. Според Зборовите на псалмопејачот:  „нема меѓу боговите таков како што си Ти, Господи, и нема дела такви како што се Твоите. Сите народи, кои си ги створил, ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, Господи, и ќе Го слават името Твое. Оти си Ти голем и твориш чудеса; Ти си еден Бог“ (Пс. 86:8-10). Гватемала, земја во централна Америка, чиешто мнозинско население го сочинуваат племињата на Маите, во претстојните години, ако даде Бог, ќе стане столб на Православието во западната хемисфера. Во моментов тоа е најправославната земја во западната хемисфера ако се земе предвид процентот во однос на вкупниот број жители. Тажно е тоа што додека луѓето во светот читаат книги и гледаат филмови со наводното Маино пророштво за крајот на светот во текот на оваа, 2012. године, не знаат дека Маите … стануваат Православни! Гватемалците се млад народ, народ кој ја исполнува заповедта Господова: „Раѓајте се и множете се, и наполнете ја земјата“ (1 Мојс. 1:28). Тоа е народ со најголем наталитет во западната хемисфера.Во 1900 година ги имало 885 000 илјади, а во 2011 године 13 824 000. Сиромашни, но работливи и вредни луѓе, простосрдечни, едноставни. Подготвена земја со срца за благото Христово слово.„Излезе Сејач да сее…“ (Мт. 13:3)  

Мајка Инес и о.Михаил Семето на Православието во Гватемала Господ го посеа преку мајка Инес. Мати Инес е искрен човек, желна за Вистината. Заради Вистината и го напуштила римокатолицизмот и влегува во „столбот и тврдината на Вистината“ (1 Тим. 3:15) – Христовата Црква, Православната Црква. Таа со уште две монахињи (мајка Марија и мајка Ивон) во 1986 година го основала манастирот на Света Троица недалеку од престолнината на Гватемала, Гватемала Сити. Нивниот манастир е од 1995. године во закрилата на Антиохиската Православна Црква. Во моментов при манастирот се гради ново прифатилиште за сираци. 

    

 

     

                   Новото прифатилиште за сираци                         

 

Манастир на Света Троица (Антиохиска Православна Црква)  „Виe сте светлината на светот; не може да се сокрие град на врв планина. Ниту пак светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи.“ (Мт. 5:14-15).Мајка Инес извршувајќи ги заповедите Господови покажа дека е верна слугинка Господова, а Господ направи властите да ја препознаат нејзината доблест. Државните власти најголемото прифатилиште за сираци во земјата во престолнината на Гватемала ѝ го предале на управување на мајка Инес и нејзините монахињи. Мајка Инес на тие деца им дарува сигурно уточиште, храна, образование, но што е најважно – дарот на живата вера во Господа, љубовта кон Него. Низ прифатилиштето за сираци поминале околу 1000 деца, преку 300 се усвоени од страна на православни семејства во Америка. Плодот од работата на мајка Инес се гледа во тоа дека овие деца и по заминувањето од прифатилиштето (некои од нив кои се напуштени, им се враќаат на родителите) продолжуваат да водат редовен литургиски живот. 
Сè тргна од отец Андрес Жирон. Истакнат римокатолички свештеник, грижлив за својата паства, тој се борел и најсиромашните слоеви да добијат земјиште од државата за да преживеат. Во 80-тите години на минатиот век тој го предводи прочуениот марш („La Marcha“) по цела Гватемала во борбата и на најсиромашните да им се даде земја и така тие да преживеат. Бил пратеник во собранието на Гватемала и претставник на Гватемала во Обединетите нации. Во таа борба успеал со свои раце да подигне 42 села и 338 храмови за Гватемалците. Затоа и Маите му се безгранично лојални и предани.„Бог си спомна за молитвите твои и милостињите твои.“ (Дела ап. 10:4).
Меѓутоа, што е уште поважно – о.Андрес, и покрај тоа што е човекољубец, пред сè е – Богољубец. Во својата потрага за Вистината (во корист на таа потрага беа и околностите така што о. Андрес поради својата борба за сиромасите дојде во судир со римокатоличките црковни власти), излезе од римокатолицизмот и ја основаше неканонската православна цркву на Гватемала.По неколку години, овој вистинољубец со својата паства влегува во Христовата Црква –влегуваат во закрилата на Вселенската Патријаршија, во состав на мексичката митрополија на чело со митрополитот Атинагора. о. Андрес, Апостолот на Гватемала со себе во Црквата доведува и 200 000 луѓе! (двесте илјади луѓе!) Она што радува е дека, ако даде Бог, во следните години уште десетина илјади луѓе ќе влезат во Лаѓата на Спасението, ќе преминат од смрт во живот.  

 

 

 

 

                                                                     Парохиите во Малага и Пинула…

 Свети Инокентиј Московски, апостол на Америке и на Сибир проповедајќи на Алјаска говореше: „Гледам во ова еден од патиштата на Промислата Православието да влезе во Соединетите Американски Држави.“Се надеваме дека Светиот Дух преку Гватемала ја отвора вратата за голема мисија на Православието во цела Латинска Америка. Се надеваме дека единствено називот „Латинска Америка“ во иднина ќе биде само споменик кој ќе потсетува на минатите времиња, дека наскоро овој огромен континент ќе дише и живее со Православието, верата на Апостолите, верата на Отците

Извор: МПЦ-ОА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1121
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1056
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

« »