Поука на денот: Свети Симеон Нов Богослов
Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит.


Понатаму, следното нешто што им носи голема радост на душите на упокоените се делата на милостина кои ги правиме во нивно име. Да се нахрани некој гладен или да му се помогне на некој болен во име на покојникот, е исто како да сме му го направиле тоа и нему. Преподобна Атанасија (12 април) пред смртта го заветувала манастирското сестринство 40 дни по нејзиното упокојување во нејзино име да се хранат сиромашните.
Св. Исаак Сирин вели дека е лесно да се излезе на крај со ѓаволот на почетокот, но штом ќе успее да протне нога низ вратата, тогаш станува многу тешко човекот да се избори со него. Важно е да се трудиме да ги избришеме фантазирањето, движењата во душата и мислите кои ѓаволот ни ги наметнува. Треба веднаш да ги искорнеме. Исусовото име е оружјето со кое се протеруваат лошите мисли.
Сакам да ја знам волјата на човекот Божји.
Параболата за блудниот син е најпоучна лекција за младите. Во личноста на блудниот син го гледаме вистинскиот карактер на лекомислената младина: лекоумност, непромисленост, жед за независност; на кратко, сè што е препознатливо за повеќето млади луѓе. Помладиот син израснал во домот на неговите родители. На прагот на неговата зрелост, тој започнал да мисли дека животот во неговиот дом е премногу ограничен.
Почетокот на покајанието е сознание за гревовите и скрушението заради нив. Некои луѓе, поради незнаење или поради невнимание кон своето спасение, сметаат дека тајната покајание се состои само во исповедта. Тие мислат дека усното исповедување на гревовите пред духовникот ги очистува целосно од нив. Но, не такво покајание очекува Господ од нас. Т
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва.
Искушенијата се јавуваат во две форми: првата – тестови, испратени одгоре; втората – соблазни оддолу. Искушенијата, испратени од горе го утврдуваат квалитетот на човечките добродетели. Бог од самиот почеток го познава срцето на човекот, па затоа ги испраќа искушенијата, не со цел да дознае какви се нашите добродетели: тоа се прави за самиот човек, откако во нив ќе види примеси на лаги и измами, да се покае и да се сврти кон доброто. Да не се лишуваме од таквите искушенија, испратени од горе.
Пред откривање на моштите на св. Теодосиј Черниговски (1896 год.), свештеникот кој го вршеше преоблекувањето на моштите, се измори и задрема крај нив. Го здогледа пред себе светителот кој му рече:
Јас се навикнав на ладно и дожд, само не можам да се навикнам на лошото време во срцата на луѓето. Ако вие навистина ме љубите и ме сакате, не правете му на никого зло. Само непријателите и човечката злоба мене ме измачуваат, прават да страдам...
Литургијата е најдобриот пробен камен за нашата духовна состојба: живи ли сме или мртви – што се гнезди во нас, какви страсти, какви душевни немоќи?
Зошто ние, почитувачите на мирот, немилосрдно и непрестајно војуваме?
Христијанскиот живот се гради од соединување на две волји: Божествената – вечно иста, и човечката – подложна на колебање. Бог Себе на човекот му се открива на најразлични патишта. Он не врши насилство врз човечката волја. Ако со љубов Го прифаќаме кога ни се приближува, Он често ќе ја посетува душата со кротоста и смирението Свое. Може да се случи, како што за тоа сведочи историјата на христијанската вера, Он на човекот да му се јави во велика Светлина. Душата, гледајќи Го Христос во Светлината на Неговата љубов, тежнее кон Него.
Значи, штo има нeвeрoјатнo вo тoа штo Слoвoтo (Синoт Бoжји)
Верувај во Господа и љуби Го, чувај се од нечистите помисли и од телесни задоволства и, како што е напишано во книгата Мудри Соломонови изреки, ‘не измамувај се со пренаситување на стомакот’, бегај од гордоста, моли се непрестајно, читај псалми пред и после спиење, проучувај ги заповедите што ти ги даде Светото Писмо, спомнувај си за делата на светите, та твојата душа помнејќи ги заповедите Божји да може да се угледа на нивната ревност...
Умот не е душата, туку е дар Божји, кој ја спасува душата. Богоугодниот ум оди пред душата и ја советува да презира сè што е привремено, светско и пропадливо, а да ги сака вечните, неземните и непреодните блага така што човекот, живеејќи во телото, со својот ум да го замислува и да го созерцава она што е небесно и божествено.
Зашто совршенството на монахот се состои во навикатаː со духот да управува со сѐ во себе си. Но, таквото самоуправување доаѓа заедно со чистотата на срцето. А чистотата на срцето се придобива кога со него управува умот, а со умот управува непрестајната молитва. Нападите од демоните биваат преку помисли и привиденија, кои се посилни тогаш кога сме осамени и безмолвни.
А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во сите свои дела. Тогаш им станува слатко да го носат Божјиот јарем. Тогаш се остварува смислата на Христовите зборови: “Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно” (Матеј 11, 29-30).























