МЕСТОТО ЗА ПОДВИГ Е СЕКАДЕ ОКОЛУ НАС
Затоа ве молам што почесто да доаѓате во храмот и да го слушате читањето на Светото Писмо. Правете го тоа не само кога сте во храмот, туку и во домот земајте ги во рака Светите книги и ревносно наоѓајте во нив корист за себе. Зашто голема е користа од нив: прво, од читањето умот се просветува, и душата добива крилја и станува возвишена,


„Значи, кој може да се спаси“, ќе рече некој, откако ќе ги воочи тешкотиите на самопоправањето? – Ќе одговориме со зборовите на Спасителот: „за луѓето ова е невозможно, но за Бог сѐ е возможно“. Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши.
Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што живееја Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење со некои жени и со Марија, мајката на Исуса, и со браќата Негови.


Браќа, денес го слушнавте евангелистот како раскажува за Христовите страдања што нашиот Создател и Бог ги претрпе за нас. Како да не затрепери срцето, кога слуша дека Бог претрпел такви страдања поради Своето големо човекољубие? Или кој нема да се ужасне слушајќи за такви страшни чудеса? Кога сонцето Го виде како е распнуван, својата светлина ја претвори во темнина
Да се добие искуство значи - без човек да пријде кон некакви работи и да ги набљудува, без да примил во себеси знаење за нив, но кој, по долго работење со нив, од опит ја почувствувал користа и штетата од нив.
Кој е белегот за тоа дека нашата молитва е услишена? – Кога за време на молитвата не нѐ вознемирува никакво сомневање и кога надежта на нашата молитва не бива ослабувана од неочекување на она за што се молиме, како и кога за време на самата молитва чувствуваме дека веќе сме го примиле она за што сме се молеле, тогаш не треба да се сомневаме дека нашите молитви навистина се услишени.
Мислам дека не можат да бидат опфатени сите видови на молитви, без скрушеност на срцето, без чистота на душата и без просветување од Светиот Дух. Нив ги има толку, колку што во една душа или во повеќе души може да има состојби и расположби. Според тоа, колку напреднал умот во чистотата и според квалитетот на состојбата, во која се наоѓа одвреме – навреме и се издигнува кон Бога, во сите тие мигови душата се преобразува.
Бог го казнува телото заради цената на душата, за да ја вразуми и научи.
Злото што по својата природа е зло, имено гревот, својот почеток го има во нас. Од друга страна, она што нашите сетила го восприемаат како зло, бидејќи е тешко и болно, исто така, може да биде од Бог, Кој како лекар го користи за да го спречи и исцели она што е навистина зло.
Денес ѓаволот се овоплотил во човекот да го “разовоплоти” Богочовекот.
„Да, имаше ужасна визија“, рече старецот, „имавте демон од осум легии, и кај кој и да се појави, речиси секогаш го убива.“„Како се спасив?„Господ ме извести дека си во опасност“, одговори о. Амвросиј, - и јас станав да се помолам, а Господ те потсети на Неговото страшно и славно име, од кое силите на пеколот треперат.
Ете, и ние кои лежиме на дното на најдлабоката јама на незнаењето, во темнината на страстите и смртната сенка на нашето тело,
Нeкoи нe пристапуваат (кoн причeстувањe) сo трeпeт туку сo туркањe, притискајќи гo eдeн друг, пламтeјќи сo гнeв, викајќи, карајќи и туркајќи гo свoјoт ближeн, пoлни сo мeтeж. За тoа јас чeстoпати гoвoрeв и нeма да прeстанам да гoвoрам. Зарeм нe глeдатe каква благoсoстoјба владee на oлимпискитe игри (нeзнабoжeчкитe) кoга рeдарoт пoминува пo игралиштeтo, сo вeнeц на главата,
Сега кога си праведен преку животот во верата, ќе те одбие ли Он, ќе те напушти ли, ќе те избрка ли? Се разбира дека не. Во твојот сегашен живот Тој ќе те негува и ќе ти помага, и ќе ти обезбедува сè што ти треба, а ќе го тргне сè она што може да ти наштети. Со тоа што Тој ти ги дава сите овие нешта,...
Навистина, како ќе можеш да ги издигнеш твоите раце кон Небесата? Како ќе го движиш својот јазик за да се помолиш? Како ќе бараш прошка?

























