логоFacebookTwitterYouTubeeMail

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

24/11/2019

  За духовниот живот

      Не кажувајте: ,,Јас не можам”. Тоа не е говор на христијанин.  Христијанинот вели: ,, Можам сe' ”, но не сам по себе,  туку со Господ Кој  ни дава сила.
    Смуртениот, одбивниот живот, не е живот по Бога. Кога Спасителот им кажал на оние што постат, да си ја измијат и помажат главата и да се исчешлaат, под тоа всушност подразбирал, да не бидат смуртени.
    Непријателот (демонот) обично дотрчува, и повторува: не им попуштај, оти ќе те повредат. Тој сака да ни наштети. Подобра заштита од повредувањето е смирената попустливост.
    За честото причестување не може да се каже ништо неодобрувачко. Но еднаш или два пати месечно е правата мерка.
    Со едно Евангелие или Нов Завет е можно да се проживее еден цел век - и секогаш да се чита. Сто пати прочитај, а таму повторно ќе најдеш нешто недочитано.
    За световните дела треба да се трудиме, како за задачи од Господа и како пред Господа. Кога така ќе се настроите, тогаш ни едно световно дело нема да ги оддалечи вашите мисли од Бога, но напротив ќе ве приближи кон Него.
    Не се спријателувај со оние што се забавуваат, туку со оние кои се бојат од Господа.
    Има луѓе, кои мислат дека го прошируваат кругот на слобода во своите неограничени желби, а всушност прилегаат на мајмуни, кои самоволно се вовлекуваат во мрежа.
    Кога ќе наиде самофалењето, тогаш соберете сe' од претходниот живот, со кое според совеста, не можете да се пофалите, и поразете ги така помислите што ве напаѓаат.

 За молитвата

    Ако молитвата е исправна, тогаш сe' е е исправно.
    Кога се молиме на Бога, подобро е никако  да не Го замислуваме, но само да веруваме дека Тој е тука: дека е блиску и дека сe' гледа и сe' слуша.
    Лекарите велат: ,,Не излегувај надвор на празен стомак”. Во однос на душата тоа се извршува со молитвата и со читањето”. Со нив душата се нахранува и не излегува гладна на секојдневните дела.
    Главно расположение на молитвата треба да биде покајанието, зашто сите ние многу грешиме.
    Домашните работи, можат да го оправдат само краткото стоење на молитва, но немањето внатрешна молитва не можат да го оправдаат.
    Бог ли не слуша? Бог сe' слуша и сe' гледа. Само што исполнувањето на твојата желба, го смета за неполезно за  тебе.

За борбата со страстите

    Како од оган плашете се да дејствувате според страстите. Каде што има макар и мала сенка на страст, таму не очекувајте ништо корисно. Тука се сокрива ѓаволот и тој сe' сплеткува.
    Не мислете, дека е дозволено слобода на мислите, чувствата, зборовите и движењата. Треба сe' да се  држи на узди, и да се управува со себе.
    Додека го одмарате телото не очекувајте ништо добро.
    Кога пиете вода, ја вадите и најмалата во неа падната мушичка; кога ќе ви влезе трн  во прстот, такашто трнот да е и едвај видлив за очите, вие се трудете да се ослободите од неспокојството што тој ви го причинува; кога во окото  ќе влезе и најмала прашинка и ви го заматува погледот, вие преземате секаков труд за што поскоро да го исчистите окото од  неа. Така поставете си себеси за закон, да дејстувате исто и во однос на страстите: во каков и мал вид тие да се пројавуваат, потрудете се да ги истерате, и тоа толку безмилосно, да не остане ни трага од нив.
    Окото на својот ум не симнувајте го од срцето, и сe' што оттука излегува зграбувајте го и распознавајте го: доброто - нека живее, а тоа што не е добро - треба веднаш да се умртви.

(продолжува)

 

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/pouka/50-pouki-na-svetiot-teofan-zatvornik-i-del/

 24ти ноември 2019 лето Господово

 

Друго:

7.Vselenski.sobor

 Од книгата Тајната на Спасението - Архимандрит Рафаил Карелин

7.Vselenski.sobor

 https://www.manastirslepche.mk/novost/zoshto-ima-s-pomalku-vreme-arhimandrit-rafail-karelin/

“Во почетокот беше Словото,
и Словото беше во Бога
и Бог беше Словото.” – Јован 1,1

Друго:

7.Vselenski.sobor

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2970
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2805
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »