логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Христијаните живеат на земјата, но над сe è земно; меѓу луѓето, но над сè човечко; ограничени, но слободни; притеснети, но од ништо поробени; во светот немаат ништо, но сите богатсва се нивни; живеат двоен живот – едниот презирачки, а другиот грижлив; преку смртта се бесмртни; со откажување од нештата се соединети со Бога; не знаат за страсна љубов, туку горат од Божествена и бестрасна љубов; нивното наследство е Изворот на светлината…

Ако се нарекуваш христијанин и Го исповедаш Христос за Бог, својата исповед докажи ја со своите дела.

3.angeli.so.truba

Не е лесно меѓу добродетелите да ја најдеш најдобрата и на неа да ѝ дадеш предност и првенство, како што не е лесно во многуцветната и мирислива градина да се одбере најубавиот цвет, оној кој најубаво мириса, бидејќи еднаш еден, друг пат друг го привлекува твојот поглед и сетилото за мирис, мамејќи те да го скинеш. Секоја добродетел води кон спасение на посебен начин, без сомнение доведувајќи те во некое од вечните и блажени живеалишта. Зашто како што има различни начини на живот, така има и многу живеалишта при Бога (Јован 14, 2), и тие се расподелуваат и на секој му се одредуваат според неговото достоинство. Затоа, еден нека се исполни со една добродетел, друг со друга, некој со многу, а некој, ако може со сите; само секој нека чекори без запирање, нека се стреми напред и неотстапно нека ги следи стапките на добриот Патоводител Кој право го насочува неговиот пат, водејќи го по тесната патека, низ тесна врата (Мат. 7, 14) кон недогледните пространства на небесното блаженство.

Но, ако според Павловото учење и зборовите на Христос, како прва и најголема заповед треба да се почитува љубовта, на која висат целиот закон и пророците (Мат. 22, 37-40; 1 Кор. 13, 13), тогаш треба да се држиме до неа, како што јас мислам – љубов кон сиромашните, сожалување и сострадање кон оние кои се од нашиот род. Зашто ниту едно служење не Му е толку угодно на Бога како милосрдието, бидејќи тоа Му е Нему најсродно, пред Тоа лице одат милоста и вистината (Пс. 88, 14) и Нему Му приличи дарот на милосрдие, над секој суд. Праведниот Дарител, Кој ја постави на кантар Својата милост, со Своето човекољубие нема ништо така да награди како нашето човекољубие. Затоа, според заповедта која нè учи да се радуваме со радосните и да плачеме со оние кои плачат (Рим. 12, 15), должни сме да ги отвориме дверите на милосрдието за сите сиромашни, сите кои страдаат, од било која причина; должни сме, како луѓе, на луѓето да им принесуваме жртви на добри дела, без разлика поради која причина бараат помош: вдовство или сираци, или прогонство од родниот крај, или суровост и годрост од владетелот, или нечовечко собирање данок, или од убиствената рака на разбојникот, или алчноста на крадецот, или заплена на имотот, или бродолом. Зашто сите тие имаат исто право на сожалување, и еднакво гледаат на нашите раце, како што и ние своите очи ги насочуваме кон Божјата десница, барајќи добра од Бога.

 

 

 

 SvGrigorijBogoslov

 

TVITer758

 4-ти јануари, лето Господово 2016

Извор: Прохор блог

http://www.prohor.org/%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%BE-%D0%BD%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-%D1%81/

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2016-01-05 04:07:45

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2396
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2719
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4991
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

30/01/2026 - петок

+Преподобен Антониј Велики; Св. цар Теодосиј Велики; Св. маченик Георгиј Нов Јанински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила  29 јануари/16 јануари 2026

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила 29 јануари/16 јануари 2026

Свети Христови маченициПевсип, Елевсип и Малевсип,како новонасадени маслини на гората Господова,имајќи таков силен корен во нивата Неонила,која со благодат се...

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 28 јануари/15 јануари   2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 28 јануари/15 јануари 2026

Достоен стана о ти преподобен оче Прохоре,Христов ученик да се наречеш,затоа што светот и неговата прелага ги остави,и душата своја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная