логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 3.angeli.so.truba

 (21.08.2013)

Оној што Го сака Господ тој секогаш размислува за Него, а тоа размислување ја раѓа молитвата. Ако не го правиш тоа, нема ни да Му се молиш, а без молитвата душата не живее во Божјата љубов, затоа што преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух. Со молитвата човекот се заштитува од гревот, бидејќи кога умот се моли тој покајнички стои пред Господ. Тогаш душата Го спознава Бога.

Но, на почетникот му е потребен учител зашто додека душата не ја прими благодатта на Светиот Дух, таа треба да издржи во тешката борба со лошите духови. И уште нешто, почетникот не е во состојба да ја разликува сладоста на благодатта од она што го нуди ѓаволот, сакајќи да нѐ придобие. Ова може да го разбере само оној што од опит Го знае Светиот Дух. Тој може да ја распознае благодатта од прелеста.

Кој сака без духовник да се моли и самоуверено мисли дека тоа може од книги да го научи и да не оди кај Старецот, тој е веќе на половина пат до прелеста. На покорениот (послушниот) Господ му помага. Дури и да нема искусен учител, поради неговата смиреност и одењето кај духовникот, Господ ќе внимава на него.

Не заборавај дека во духовниците живее Светиот Дух и затоа духовникот секогаш знае да ти каже што треба да направиш. Но ако помислиш дека твојот Старец е мрзлив и дека во него ја нема Божјата благодат знај дека поради таквите мисли многу ќе пострадаш и ќе паднеш во прелест. Господ на тој начин ќе те смири.

„Молитвата му се дава на оној што се моли“, нѐ учи Светото Писмо. Но молитвата од навика, без покајание во срцето поради гревовите, не Му е угодна на Господ.

Луѓе, да се покориме заради Господ и небесното Царство. Да се смириме и Господ ќе ни даде да ја спознаеме силата на Исусовата молитва. Да се смириме и Самиот Свет Дух ќе влезе во нашата душа.

Човеку, учи се од Христовото смирение и Господ ќе ти даде да ја вкусиш сладоста на молитвата. Ако сакаш молитвата да ти биде чиста, биди смирен, воздржувај се, често исповедај се и молитвата ќе те засака. Биди понизен и задоволен од сѐ и тогаш умот ќе се исчисти од суетните мисли. Господ те гледа и затоа внимавај да не го нажалиш својот брат; не го осудувај ближниот и не го навредувај со поглед – тогаш ќе те засака Светиот Дух и секогаш ќе ти помага.

Божјиот Дух многу потсетува на милата, родена мајка. Таа го сака своето чедо и го жали. Така и Светиот Дух нѐ жали, ни простува, нѐ лечи, вразумува и весели. А Светиот Дух се спознава преку смирената молитва.

Преподобен Силуан Светогорец

 

 

Извор: МПЦ-ОА

Matka.Vecherna10.jpg

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2013-08-27 10:08:53

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3197
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3036
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…