логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Во септември пред неколку години во Онколошкиот оддел на Универзитетската болница во Риос владееше голем неред. Малиот Димитарче неодложно го бараше болничкиот свештеник. Сакаше задолжително да се причести.

Имаше 13 години. Речиси година и пол се наоѓаше на таа клиника. Една мала главоболка го доведе тука. Лекарите дијагнозираа рак на мозокот. Неговото потекло беше од Фиери, од Албанија. Неговите родители беа некрстени. Неколку години живееја во Патра. Тој, за кусо време по неговото доаѓање во болницата, посака да се крсти. Слушна за Христа и сакаше да стане Негово „дете“. Се крсти „Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“, се разбира откако беше поучен во верата.

Сите го засакаа на клиниката. Ракот напредуваше брзо и веќе го беше лишил од видот. Воопшто не гледаше, ништо и никого. Но слушаше со големо и чудесно трпение. Не се жалеше. Велеше дека Бог го љуби многу. Се молеше и ги молеше неговите родители да го прават истото.

Сите кои го посетуваа сфаќаа дека ова дете не е обично. Постојано зборуваше за Бога. Секогаш беше љубезен и радосен. Неговото лице блескаше. Сакаше често да се причестува со Светите Дарови. Кога понекогаш мајка му ќе беше во некој друг дел од клиниката, викаше: „Мајко, дојди брзо. Доаѓа попчето со Христос. Се качува по скалите. Дојди да ме подготвиш“. И така и се случуваше. Свештеникот доаѓаше и го наоѓаше Димитарче седнат на креветот, со отворена уста како побожно се прекрстува. Иако не го знаеше точното време кога ќе дојде свештеникот со Чесните Дарови, со дарот на прозорливост го гледаше како доаѓа, и покрај тоа што имаше две затворени врати што ја делеа собата од ходникот од каде што доаѓаше свештеникот. Тоа го потврдува и побожната госпоѓа Марија Галиацату којашто доброволно се грижеше за ова дете. „Госпоѓо Марија, сакам да ви кажам нешто“, - ì рече еднаш. „Кога доаѓа попчето со Христос, го гледам на скалите како се качува и до него гледам два високи, убави човека во бела облека кои се наклонуваат кон Светиот Путир и со раширени раце го пазат“.

Еднаш лекарот го праша: „Како си, Димитарче, како ти оди?“ Му одговори: „Господине лекар, меже ли да ви кажам нешто одблизу? Јас сум добар. А вие не грижете се што замина вашата сопруга. Бог ќе биде со вас зашто сте добар човек“. Лекарот остана неподвижен некое време. Никој не знаеше за тажниот настан што се случи претходниот ден во неговиот дом, за тоа, дека неговата жена го напушти и зеде друг маж.

„Тоа е дете Божјо“ – велеа оние кои го познаваа.

Кога се причести за последен пат не можеше веќе да седи исправен на креветот но со радост и копнеж Го прими Христа лежејќи на креветот. „Благодарам многу“, - прошепоти и потоа се упокои.

Свештеникот, кој, кога отиде утредента на гробиштата за да му изврши на Димитарче трисагија, рече: „Првпат во мојот живот гледам вакво тело. Неговото лице е насмеано, блеска и има боја на килибар“.

Неговите родители многу Го засакаа Христа и сакаат и тие да се крстат.

 

Превод од грчки:

Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:

Ασκητές μέσα στον κόσμο Α΄,

Άγιον Όρος,

Извор:

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=781&Itemid=68

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2532
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1701
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2187
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум:  Фатени од гревот (31.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Фатени од гревот (31.07.2021)

Напорот да се дојде до Христос со надеж за исцеление, а наместо тоа јавно да ја слушне само причината за својата болест – гревот, и без помисла и негодување да...

 Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку...

БEСEДА  за трeзвeнoста на умoт

БEСEДА за трeзвeнoста на умoт

Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

« »