логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Deca.Prichest.jpg

ЗАКЛУЧОК

Еден постар човек целиот свој живот, до длабоката старост, паметел дека родителите преку ноќта му поставувале иконичка на масата во детската соба, пред која било запалено кандило за да го заштитат детето од ноќните стравови и како тоа се чувствувало радосно и мирно, кога, откако ќе се разбудело, ќе ја видело иконата што била осветлена со кандилото.
Еден-два такви спомени, без сомнеж, веќе благотворно делуваат на душата, штитејќи ја во периодите на искушенија. А во наше време на децата им се потребни убави, за душата полезни спомени, затоа што современиот свет буквално ја затрупува детската душа со страшни и грешни влијанија.
Од родителите зависи дали ќе има повеќе убави впечатоци. Споменот на поклоненијата по светите места, на вечерните прошетки со таткото, на тоа како мајката се молела во постелата, за младиот или за возрасниот човек, подоцна може да постане нешто слично на она кандило, кое што сега ја растерува гревовната темнина што го опкружува.
Заштитата на детската душа од штетните влијанија на овој свет - не е така невозможна работа. Пред се, крстеното дете има заштитници, многу посилни од сопствените родители. Тоа се: неговиот ангел-чувар, потоа, тоа е светијата чие име го носи детето. А пред сите, Самиот Господ, како што е речено: „ги пази малите". И Божјата мајка никогаш нема да ги остави незаштитени и без помош. И крстот што е секогаш на градите е „непобедливо оружје“ што го заштитува детето. Само треба детето да не ги заборава своите небески заштитници и често да им се обраќа во молитвите. Затоа е толку важно детето да се научи да се моли; наутро и навечер не да „прочитува“ збир од неразбирливи зборови, туку навистина да се Му моли на Бога, т.е. со Него да разговара, да Го моли за помош и за заштита.
Современиот христијански писател А. Доброволски има приказна „Кремљ“ - за тоа како две мали деца - браќа, залутале во многу прометните московски улици и како се повеќе се оддалечиле од дома. И како ги спасило Божјото чудо: на молитвата на едното дете, кое се присетило што го учела баба му: „Саша, ако се разболиш, ако самиот некаде се изгубиш, да залуташ или да се исплашиш, моли Му се на Бога и Бог ќе ти помогне“. И еве, потсетувајќи се на тоа, исплашеното дете оди по улицата, држејќи го братчето за рака и непрестајно се моли: „Господи, помогни ми. Господи, доведи ме дома". И искрената детска молитва била услишена. Господ на де¬цата им испратил духовен пратеник - непозната светителка во обличје на стара монахиња, која им го покажала патот...
Објаснувајќи му на детето како паднатиот свет дејствува врз неговата душа, како демоните „разговараат" со душата преку помислите и од каде доаѓаат помислите, би требало да му се каже дека дури ни големите подвижници не биле во состојба со своја сопствена сила да им се спротивстават на нападите на демоните. Ама, гледајќи ја својата немоќ, тие знаеле дека ...неможното за лугето е можно за Бога (Лк. 18:27), тие му се обраќале на Бога со усрдна молитва - и Он ги заштитувал. Целата нивна задача се состоела во тоа да бидат духовно будни, да стражарат и непрестајно да се молат. Тоа е поука и за нас и за нашите деца, кои во тешките моменти на искушенија можат да Му се помолат на Бога - и брзо да ја добијат помошта.
Современите родители немаат можност да го затворат своето дете во „кула од слонови коски“, во потполност да го изолираат од штетните влијанија врз душата од современиот свет. А и да имаат, тоа би било погрешно, бидејќи би претставувало манифестирање на погрешна родителска љубов, со што се мисли дека со своите сопствени сили може и треба да го сочува детето од соочувањето со вистинскиот живот на паднатиот свет, во кој човекот мора жестоко да се бори за својата чистота, за боголикоста и за вечниот живот. Разумната љубов е смирена и долготрпелива и знае дека не може се со своите сили: таа се моли и се надева во Живиот Бог, бидејќи „неможното за луѓето е можно за Бога“. Затоа најголема обврска на родителите - христијани, во сите времиња, била и останала молитвата за децата. Таа, заедно со сопствениот христијански пример и со трезвените совети на родителите, претставува духовна основа за целокупното дело и подвигот на семејното воспитување на децата.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2674
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1832
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…