логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Презвитер Горан Стојчевски

8-ми  септември, лето Господово 2015

 

Прашање од: Армин

Зошто христијаните се поделени на православни и католици?

 



Не се поделени, туку имаме издвојување од Вистината, а секое издвојување всушност етимолошки е ерес. Главната причина е токму ереста на Филиокве која била причина за одвојувањето на црквата од Запад од правоверното исповедање на верата.

A, потоа тоа издвојување продолжува и внатре во Римокатоличакат црква од кој се издвојуваа протестантите, и од протестантите многу понатамошни секти. Но, и покрак тоа што во Првославната црква се чува вистинската вера во Светотроичниот Бог, помесните цркви под влијание на секуларизмот длабоко се навлезени во ереста на етнофилетизмот.

Но, сепак Правило вјери, како што вели св. Иринеј Лионски, не е изменето.


Друго:

Основните белези на разликата помеѓу Православната Црква и папизмот


Posted on 20/01/2011    by Воанергес



1. Епископите на Стариот Рим, и покрај малите и несуштински разлики, секогаш имале заедница со епископите на Новиот Рим и со епископите на Истокот сè до 1009 – 1014 година, кога за првпат епископите Франки го превзеле тронот на Стариот Рим. Сè до 1009 година римските папи и патријарсите на Константинопол биле во сојуз во заедничката борба против Франките владетели и епископи, но и против еретиците кои се појавувале одвреме навреме.

2. Франките на синодот во Франкфурт, во 794 година, ги осудија одлуките на Седмиот Вселенски Собор и почесното поклонување на светите икони. Исто така, во 809 година Франките во Символот на Верата го внесоа Филиокве, учење за наводното происходење на Светиот Дух од Отецот и од Синот. Ова вметнување тогаш го осуди и православниот папа на Рим. На синодот во Константинопол за време на свети Фотиј Велики, на кој зедоа учество и претставниците на православниот папа на Рим, ги осудија сите што ги отфрлиле одлуките на Седмиот Вселенски Собор и оние што на Символот на Верата го додале Филиокве. Но, за првпат Франскиот папа Сергеј IV, во 1009 година во посланицата на востоличувањето го вметна во символот на Верата – Филиокве, а папата Венедикт VIII го внесе Верују со Филиокве во службите на Црквата, па така папата беше отпишан од диптисите на Православната Црква.

3. Основната разлика помеѓу Православната Црква и папизмот се состои во учењето за нестворената суштина и нестворената енергија Божја. Додека ние, православните, веруваме дека Бог има нестворена суштина и нестворена енергија и дека доаѓа во заедничарење со творбата и со човекот со нестворената Своја енергија, истовремено папистите веруваат дека во Бога нестворената суштина се поистоветува со неговата нестворена енергија (актус пурус) и дека Бог комуницира со творбата и со човекот преку своите створени енергии, значи тврдат дека во Бога постојат и створени енергии. Значи, и благодатта Божја преку која човекот се осветува се смета за створена енергија (или donum supranaturalis) . Но, така човекот не може да се освети.

Од ова основно учење произлегува учењето за происходот на Светиот Дух од Отецот и од Синот, очистувачкиот оган, првенството на папата и т.н.

4. Освен темелната разлика помеѓу Православната Црква и папизмот на тема суштината и енергијата во Бога, постојат други големи разлики, кои одвреме навреме стануваа предмет на теолошки дијалози, а тоа се:

– филиокве, ереста на субординационизмот, дека Светиот Дух происходи од Отецот и од Синот со последица да се унижува монархијата на Отецот, да се укинува совршената рамноправност на Лицата на Света Троица, (да се унижува Синот во своето својство да раѓа ако постои единство помеѓу Отецот и Синот, да се потценува Светиот Дух како неисто силен и истославен со другите Лица на Света Троица бидејќи се јавува како „Личност бесплодна која не раѓа“). – користење на бесквасен леб во Божествената Евхаристија при што се нарушува начинот на којшто Христос ја соврши Тајната Вечера.

– осветувањето на „чесните дарови“ кое се прави не со призив (епиклеза), но со произнесување на основоположните зборови Христови „примете јадете… пијте од неа сите…“.

– теоријата дека крстната жртва Христова ја умилостиви божествената правда (Анселмовата теорија за искупувањето – satisfactio – задоволување, надомест), која Го пројавува Отецот како феудалец и Го превидува Воскресението.

– теоријата за „заслужена награда“ на Христа која ја доделува папата и за „преизлишната“ благодат на светителите.

– разделувањето и цепкањето на тајните на Крштевањето, Миропомазанието и Божествената Литургија.

– учењето за наследување на вината на прародителскиот грев.

– литургиските новаторства во сите тајни на Црквата (крштевање, миропомазување, свештенство, исповед, брак, маслосвет).

– не причестување на лаиците со „крвта“ Христова.

– првенството на папата, според кое папата е „episcopus episcoporum“, епископ на епископите и извор на свештеничката и црковната власт, безгрешна глава и водач на црквата, кој ја управува неа монархиски како местопазител Христов на Земјата (Vicarius Christi), (Ј. Кармирис). Во оваа смисла папата се смета себе си за наследник на апостол Петар, на кого му се потчинуваат другите апостоли, дури и апостол Павел.

– непостоењето на сослужување во богослужбите.

– безгрешноста на папата.

– догмата за безгрешното зачнување на Богородица и воопшто „мариолатријата“, во која Богородица се воздигнува до Триипостасното Божество и дури станува збор и за света четворка.

– теориите за analogia entis и analogia fidei, кои се одржале во западниот свет.

– постојаниот напредок на црквата во откривањето на деловите на откровената вистина.

– учењето за апсолутната предодреденост.

– гледиштето за единствената методологија за познанието на Бога и на творбите, кое одведе во судир помеѓу теологијата и науката.

5. Исто така голема диференцијација, која ја покажува начинот на теологијата, се наоѓа во разликата помеѓу схоластичката и исихастичката теологија. На запад, се развил схоластицизмот, како обид за истражување на сите тајни на верата со логиката (Анселм Кантербериски, Тома Аквински), додека пак во Православната Црква се одржал исихазмот, или, аподиктичката методологија на богословствување, т.е. очистувањето на срцето и просветлувањето на умот за здобивање на познанието Божјо. Дијалогот помеѓу свети Григориј Палама и схоластичарот и унијат Варлаам е карактеристичен и ја покажува разликата.

6. Последица на погоре кажаното е дека во папизмот имаме отклонување од Православната еклисиологија. Додека во Православната Црква се придава големо значење на обожувањето кое се состои во заедницата со Бога, преку гледањето на нестворената светлина, а пак обожените се собираат на Вселенски Собор и ја утврдуваат точно откровената вистина во случаи на забуна, дотогаш во папизмот се дава големо значење на институцијата папа којшто се наоѓа и над Вселенските Собори. Согласно со латинската теологија: „Автентичноста на Црквата постои само тогаш, кога се темели и се усогласува со волјата на папата. Во спротивен случај се поништува.“

Вселенските Собори се сметаат како „заседанија на Христијанството кои се повикуваат со авторитет и власт и претседателство на папата“. Доволно е папата да излезе од салата на Вселенскиот Собор и тој престанува да биде важечки. Епископот Маре напиша: ќе беше поточно римокатолиците кога го кажуваат „Верују“ да кажат „и во едниот папа“ наместо „и во едната… црква“.

Исто така, значењето и улогата на епископите во римската црква не е ништо друго освен просто претставување на папската власт на којашто истите епископи се покоруваат како и обичните верници. Во папската еклисиологија суштински се тврди дека „апостолската власт се изгуби со апостолите и не се предаде на нивните наследници епископите. Единствено папската власт на Петар, под која се наоѓаат сите други, се предаде на наследниците на Петар, значи на папите.“ Од оваа перспектива, се тврди од папската „црква“ дека сите Цркви на Истокот се разединети и имаат недостатоци, а по икономија нè примаат како сестрински Цркви, зашто тие се смета како мајка црква а нас нè сметаат како ќерки цркви.

7. Ватикан е држава и секој папа е водач на државата на Ватикан. Се работи за една човекоцентрична организација, за едно посветовување, и тоа институционализирано посветовување. Државата на Ватикан се втемели 755 г. од Пипин Кусиот, таткото на Карло Магнус, а во нашата епоха се призна во 1929 година од Мусолини. Значајна е причината за прогласување на папската држава, како што ја подржа Пиј XI: „Претставникот на Бога на земјата не може да биде послушен на земна држава“. Христос беше послушен на земна држава, а папата не може да биде! Папската држава подразбира теократија, бидејќи теократијата се определува како сопостоење на светска и црковна власт во една личност. Денес теократски држави се Ватикан и Иран. Карактеристично е тоа што го тврдеше во беседата на востоличувањето папата Инокентиј III (1198-1216): „Оној кој ја има невестата е женик. Но, оваа невеста (црквата) не се омажи со празни раце, но ми принесе мене неспоредливо драгоцен чеиз, т.е., полнотата на духовни блага и широчината на светските, величината и изобилието и на двете… Како символ на светските блага ми ја даде круната; митрата за свештенството и круната за царството та ме постави за претставник на Оној, на чија облека и бедра е напишано „Цар на царевите и Господар на господарите“.

Следствено постојат големи теолошки разлики, кои се осудени од Соборот за време на свети Фотиј Велики и од Соборот за време на свети Григориј Палама како што се гледа и во „Синодиконот на Православието“. Уште повеќе и Отците на Црквата и Помесните Собори до XIX век ги осудија сите прелести (заблуди) на папизмот. Проблемот не се лечи ниту се подобрува со некое формално извинување коешто ќе го даде папата за една историска грешка, кога неговите теолошки гледишта се надвор од Откровението, и неговата еклисиологија се движи по погрешен пат, бидејќи папата се претставува како лидер (водач) на христијанскиот свет, како наследник на апостол Петар и викар-претставник на Христа на земјата, како да Христос му ја дал својата власт на папата и Он Самиот си починува среќно и во благосостојба на Небесата.

Преземено: Тивериопол

https://vistinatakeveoslobodi.wordpress.com/2011/01/20/%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83/

Друго:

Пропаст на имеријата- Византиска лекција

https://www.youtube.com/watch?v=_fLuI92iHR4

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2597
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2391
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

« »