логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Австралиско-Новозеландска Епархија



(13.03.2007)


 
Со благослов на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија г. Петар се подигнаа темелите на првиот жив манастир во дијаспората - манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук, во близината на Мелбурн, Австралија. Манастирот се планира да биде и е епископско седиште.


Архитектурата на манастирот ќе биде во стариот македонски стил на градба и како таков едиствен во Австралија. Многумина Македонци кои живеат во Австралија помагаат финансиски или со труд во изградбата на манастирот. Тој уште сега станува духовен центар на многумина кои вистински Го бараат Бога во своето срце, а особено младите, кои се најредови посетители и активни учесници во богослужбите и активностите на манастирот. Така, Здружението на македонската православна младина во Австралија (МОУА) одржува редовни средби во манастирот, на кои во последно време присуствуваат дури и возрасни лица.







известува: јеромонах Гаврил,
игумен на манастирот на св. Прохор Пчински
Донибрук, Мелбурн
 
Посети: {moshits}


Трајан Масев

 


 
Македонскиот манастир посветен на Св. Прохор Пчински - Мелбурн
 


Во март месец бев во куса посета на Австралија во градот Мелбурн на гости кај мои блиски. Во разгледувањето на убавините на овој град со својата прекрасна околина, моите домаќини ме однесоа и во месноста Дониброк (Donnybrook), што се наоѓа во непосредна близина на Мелбурнг каде што тече изградбата на Македонскиот Православен манастир Св. Прохор Пчински.


Инаку, ова познато излетничко место на кое Македонците и другите жители од ова подрачје со години го користат за пикнинг и други семејни и верски обележја во поминување на убави пријатни моменти на другарување и прошетки, од минатата година е во сопственост на Македонската Православна Црква.


Уште на самиот влез на посетителот во очи му паѓа поставената голема информативна табла на која, на англиски јазик, пишува дека е во тек изградба на Македонскиот Православен манастир Св. Прохор Пчински.

    

Градењето на Манастирот, према зборовите на Игумен отец Гаврил, започнало веднаш по осветувањето на камен темелникот на 09.09.2006 година и оттогаш па наваму работите се одвиваат непречено.  Према планот и програмата за изградба, се предвидува објектот целосно да биде завршен за две години. 


- Манастирот ќе биде епископско седиште граден според нашиот убав стар традиционален македонски стил со конаци и придружни објекти, вели Игумен отец Гаврил.  Инаку, паралелно со изградбата  сите верски обичаи и семејни потреби редовно се извршуваат во привремената мала Црква изградена во манастирското место. 

Секоја прва сабота во месецот се одржуваат општи трибини - веронаука, секоја сабота, недела и празници се одржуваат редовни служби - Lитургии, а во рамките на манастирот работи и хорот составен претежно од млади луге.  Хорското пеење, поради слабото познавање на македонскиот јазик кај помладата генерација, се пее на англиски и македонски јазик.  Во богатиот организиран манастирски живот се опфатени и младите кои секоја среда се собираат и членовите од Младинската организација МОЈА (MOYA).

Кога го посетивме ова македонско светилиште, и ако денот беше обичен, Македонците со своите автомобили доваѓаат, ја следат редовната утринска служба, си палат свеќи за здравје, а потоа прават и прошетки низ пространото манастирско двориште во кое спокојно си шетаат пауните.  Оние кои веќе подолго време се спријателиле со „разговорливите“ папагали во големиот кавез, разменуваат и по некој збор на аглиски.  Најповеке околу нив се задржуваат децата во обид да чујат што повеке зборови од овие говорливи птици.  Во непосредна близина, посетителите се освежуваат и со природната минерална вода од поставената рачна пумпа, а потоа, по обиколката на прекрасното пространо двориште со придружни спортски објекти и детски игралишта, отседнуваат во малата гостоприемница каде што од љубезниот и гостопримлив персонал, поминувајќи во пријатни мигови на разговор, беспрекорно се услужуваат.  Граќаните-посетители на овој македонски верски бисер, кои од срце и душа подаруваат доброволни парични прилози, помагајќи ја со тоа изградбата на Манастирот, грижливо се  запишуваат и за секој подарен долар добиваат белешка од персоналот на Манастирот.  Покрај паричната помош, нашите граѓани учествуваат и со доброволна работна сила.  Убав впечаток ми остави еден македонски брачен пар кои со гордост на Игумен отец Гаврил му го подарија Евангелието дело на нивниот син  кој во Мелбурн работи како дизајнер.  Нивната животна приказна , за која со интерес и внимание ни ја раскажуваа, обилуваше со маки, среќа и непресушна желба синот, кој моментално со другарите се наоѓал во Париз, да се ожени и да направат убава голема и незаборавна свадба.  Им посакавме желбата да им се оствари и да се венчаат во новиот  Македонски Православен Манастир посветен на Св. Прохор Пчински, и со убави мисли и желби ја завршивме и нашата прва посета на ова убаво македонско верско катче сместено од другата страна на земјината топка десетици илјади километри оддалечено од Татковината.  Македонската Православна Црква своите чеда, било каде и да се, не ги заборава.

 

 
Фотографии и текст: Трајан Масев - Гетеборг, Шведска


 

На 13.о3.2007  се обавиа последните завршни работи околу поставувањето на темелите.




 
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ЕПАРХИЈА ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД


Фотографии:
 
- Копање темели за Манастирот Св. Прохор Пчински

- Информативна табла поставена на влезот на објектот


- завршни работи со поставувањето на темелите.


- Цртежите по кои се гради Манастирот Св. Прохор Пчински.

  Посети: {moshits}


Администраторот на Австралиско- новозеландската епархија, г. Петар  
  
 
Македонците кои живеат во Австралија наскоро ќе добијат богослужби на англиски јазик, зашто повеќето млади слабо го знаат или воопшто не го знаат мајчиниот јазик. Како што појасни администраторот на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар, на вчерашната прес-конференција, ова е единствениот начин младите да се привлечат кон Македонската православна црква. Првите чекори на тој план веќе ги направил отец Гаврил, тамошен игумен на манастирот „Св. Прохор Пчињски" во околината на Мелбурн, кој веќе организирал богослужење на англиски за нашинците кои не го знаат македонскиот. Откако ќе ги привлечеме кон МПЦ, ќе им организираме часови за учење на македонскиот јазик и паралелно запознавање со историјата и културата на татковината на нивните родители, тврди митрополитот. Се планираат и поклонички патувања во манастирите и црквите во Македонија, зашто голем дел од нив никогаш не ја посетиле татковината.

На ниво на епархијата, вели г. Петар, е регистрирана Младинска група на православните. Засега, најинтензивна е комуникацијата со Антиохиската црква во која дури 70 отсто од верниците се млади. Администраторот на Австралиско-новозеландската епархија се осврна и на проблемот со црковната општина со која МПЦ е во судски спор. Во текот на тринеделниот престој во таа епархија, г. Петар посетил 80 отсто од црковните општини. Што се однесува до судскиот процес со една компанија која, како што рече, се именува како Македонска православна заедница во Рокдаил, очекува позитивна разврска. Владиката верува дека многу скоро тамошните судии ќе ја соопштат одлуката со која ќе ја спречат групата нивни опоненти во ненаменското трошење пари - за судски спорови и адвокати, зашто средствата се црковни. (Б.Ј.)


 


„Утрински Весник“

  Посети: {moshits}


 

 
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Петар, се одржа летниот црковен камп по веронаука, во просториите на црквата на Рождеството на Пресвета Богородица во Sydenham, Мелбурн, Австралија.

 


Ова е веќе втора година како старешината на соборната црква о. Мирко Пешевски организира ваков црковен камп, кој доживува сè поголем интерес. Оваа година часовите по веронаука ги посетуваа 32 деца, кои ги изучуваа основите на нашата света православна вера. После Вечерната богослужба на денот на св. Григориј Богослов, Владиката Петар им ги врачи свидетелствата на децата и им подари по една икона и книга. Децата, пак, приредија мал рецитал и организираа изложба од своите ракотворби за време на кампот.

 

известува: игумен Гаврил од манастирот
на св. Прохор Пчински - Мелбурн, Австралија

Посети: {moshits}

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Април 14, 2021
Aleksandar.N.sv.Martinijan2

Ретроспектива (2005-2020):Aрхангел Гавриил

Св. Архангел Гавриил е служител на Божјата сила и семоќност и известител на најдлабоките спасителни Божји тајни. Неговто име значи „сила Божја“. Имено, на архангел Гавриил му се припишува учеството во настаните од видението на Јоаким до возвестувањето на…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2127
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1468
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1820
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

« »