Кларк Карлтон: Црквата и двете терапии (07.07.2015)
Во оваа светлина, терапевтските стратегии на Црквата, молитвата, постот, бдението, самооткажувањето и сл., никогаш не би можеле да се доживуваат само како механизми за справување. Тие не се создадени едноставно за да ни помогнат да го пребродиме животот сè до моментот на нашата неизбежна смрт. Всушност, тие се создадени за да ни помогнат да земеме учество во Христовата победа над смртта сега и тука.