логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Мајката Божја – пример за вистинска љубов


Вистинска исповед на една монахиња, која по нејзиното претставување пред Господа ја посведочил нејзиниот духовник, според нејзинате желба додека била жива, по милоста Господова да се објави љубовта на Неговата Мајка, Пресветата Владичица наша, Богородица.Една монахиња во еден руски манастир, поради својата благочестивост, во манастирот имала само едно послушание: секое утро да ја украсува иконата на Мајката Божја со свежи цвеќиња. Бидејќи била замонашена како дете, останатото сестринство ја сметала како најдостојна за тоа возвишено послушание. Сестрите ја сакале оваа монахиња поради нејзината скрушеност, простота и смиреност. Меѓутоа, како што тоа вообичаено и се случува, кога имало најмалку можности и кога најмалку се очекувало, непријателот почнал да напаѓа толку силно и тоа токму на оние добродетели, заради кои Мајката Божја најмногу ја сакала. Еден чувар постојано во близина чистел околу црквата и често ú се обраќал. Набрзо оваа монахиња се соблазнила на него. Колкав ли можел да биде тој удар на непријателот, кога таа и својата мантија ја соблекла заради тој човек и, тајно напуштајќи го манастирот, отишла со него во светот!

Не минало многу време, кога паднатата монахиња се пробудила од состојбата на духовно лудило. Страстите ги снемало како снегулка на дланка, а ѓаволот своето го постигнал. Кога тоа го увидела, веќе одамна било доцна. За каење било потребно натчовечка сила. Назад не можело да се врати времето, па одлучила да го истрпи својот маж. Тој ја тепал и малтретирал и нејзиниот живот со тек на време се претворил во прав пекол на земјата. Немала веќе сила да живее, а не сакала смрт без покајание.

После неколку години, мажот се упокоил. Монахињата конечно можела уште еднаш да оди и да го види манастирот во кој ги поминала најблагословените денови од својот живот. Веќе го немала оној благочестив лик, туку само намачено, сериозно и непокриено лице, и тоа го искористила за незабележливо да влезе во манастирот. На влезот препознала една од своите сестри и ú се обратила. Сестрата, се разбира, не ја препознала. Таа сакала да види дали и колку сестрите ја осудуваат.

- Простете, дали знаете каде е монахињата… (го изговорила своето име) и што се случило со неа?

- Да, се разбира, – ú одговори сестрата. – Ене ја онаму, во параклисот.

Монахињата застанала.

- Не сфаќате, прашувам за една што беше овде пред десет години и ја украсуваше иконата на Мајката Божја со рози.

Сестрата исто така чудно ја погледнала.

- Па, да, истата таа до ден денешен тоа и го прави. Нашата добра сестра… Ене ја, ја украсува иконата на Мајката Божја.

Монахињата, избезумена од одговорот кој најмалку го очекувала, збунето го пречекорила прагот на црквата. Внатре, во тишина и осаменост, навистина забележала монахиња која ја украсувала иконата со рози и ú пришла. Монахињата се завртела. Тоа беше Мајката Божја. Ја соблекла нејзината мантија и ú ја дала:

- Еве, ќерко, облечи ја мантијата и не греши веќе.

Монахињата со смртен страв паднала на подот и заплакала. Од срам не можела главата да ја подигне, но Пресвета Богородица веќе беше заминала. Пред неа стоела само Нејзината икона украсена со рози. Мајката Божја, Семилостивата и Сесожалливата, сите овие години го вршела нејзиното послушание за да го прикрие нејзиниот грев и да не ги соблазни другите сестри. Монахињата неутешно се каела со непресушни солзи и чувствувала неизмерен срам. Единствено што ја тешело, била неизмерната љубов на Мајката Божја. Се исповедала на духовникот на манастирот и го замолила тој сé да објави по нејзиното упокојување. Кратко после тоа, таа се упокоила.

 

Извор:

Епископ Велички   Гаврил Светогорец: ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

 

Друго:

 

 

 Св. Гаврил Светогорец Епископ Велички - ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ...

 

Извор:
 
http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A7%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0%20%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B0&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1024
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 991
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »