логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Старец Софрониј од Есекс кажува нешто многу убаво, имено дека кога чувствуваш болка, најчесто се затвораш во себе, и чувствуваш дека се осамуваш, дека сега си сам и имаш некакви маки и проблеми итн. Но, покрај овој затворен, меланхоличен пат, постои и друг начин. Можеш да си помислиш и на нешто друго, имено дека во истиот тој час, милиони луѓе на планетата Земја – не знам каде се сега, може да се во соседниот стан, на горниот кат, во куќата отспротива, во блиската населба, во друг град, во соседната земја, на друг континент, во целиот свет, на целата планета има милиони луѓе – кои го имаат истото тоа искушение што го имаш сега ти, а и други многу пати поголеми искушенија. Тоа не е некаква лажна утеха, не е лага, туку е вистина. Сега, дури зборувам, не кажувам лага, има авиони што летаат. Ако помислиш на тоа, може да се помолиш за оние кои патуваат во воздухот. Тоа не е некоја психолошка теорија, туку реалност – имено, дека сега летаат авиони и одат некаде. На истиот начин, можеш да размислиш за тоа што ти го кажав. Сега, кога плачеш, постојат многу луѓе кои не ни слушнале за радиото, „Црквата на Пиреја“[1], дури и не знаат каде да најдат утеха, не знаат кому да се обратат, со кого да зборуваат, на кој телефон да се јават, каква молитва да упатат, не знаат ни кој е Бог, дали Он постои, како се вика, на која врата да тропнат, и седат и страдаат. Во тој миг само да си помислиш, добиваш голема утеха, срцето автоматски ти станува пошироко и попространо и излегуваш од твојот осамен крст, повторувајќи „Носам крст, се мачам и се затворам во себе!“. Така автоматски стануваш пријател на оние милиони луѓе, на непознатите, но многу познати на твоето срце. Ако срцето ти стане меко, нежно и чувствително како цвет, тогаш ќе ја разбереш целата таа болка на луѓето, ќе се утешиш, може ќе најдеш и малку сила наместо да се жалиш, да се помолиш за овие непознати кои страдаат како тебе, кои страдаат повеќе од тебе. Тоа го читав кај Старец Софрониј, кој вели дека срцето на човекот се отвора, станува пошироко и тој го чувствува она што и тие го чувствуваат. И сега јас, кој страдам, сфаќам како се чувствуваат.

Со други зборови, Бог ме зема и ме шета, ме води на „обиколка” низ болката на вселената, низ сеопштата болка на луѓето и тоа е чест за мене – да ме стави во допир со заедничките преживувања на целото човештво и од мене – едно осамено суштество која живее во својата куќичка –  прави сеопфатно суштество кое може да ја прегрне целата вселена и болката на целиот свет, на сите луѓе. Бидејќи болката е заедничка, тагата е заедничка. Кај тебе може да се нарекува  жалост, кај другиот развод, кај третиот болест, кај други психолошки проблеми, кај друг осаменост – тоа сепак е болка која има различни форми. Тоа нè збогатува исклучително многу и нè прави вистински богати, чувствителни, значајни, и кога ќе го сфатиш тоа, болката веќе нема да те затвора во себе, во твојата школка, туку ќе те тера да патуваш, да се молиш, и ти да се прилагодиш на бранот на молитвата, на молитвата во Гетсиманската градина, која Господ ја упатил од Маслиновата Гора. Оваа молитва на болката, на големата болка, кога во оној час Господ Ја примил во срцето Свое болката на целата земја – од Адам до последниот човек пред свршетокот на овој свет. И ти го примаш бранот на Господовата молитва во тебе, ја прегрнуваш целата земја и ги живееш зборовите „плачам со оние што плачат“, можеш да плачеш со тие што плачат, и да ја разбереш болката на оној другиот. Тогаш велиш: „Што е мојата болка во споредба со таа на другите? Не е толку страшно и трагично – и јас страдам, но знаеш ли другите што носат? Знаеш ли колку е големо, тоа што го трпат?“

[1] Оваа беседа е дел од циклусот беседи на Архимандритот на споменатово радио, предавањето се вика:  „Αθέατα περάσματα“ –  „Невидливи премини“; забел. превед.

 

 

 

Архимандрит Андреј Конанос: Вoздвижение на Чесниот Крст Господен – II дел 

Архимандрит Андреј Конанос: Вoздвижение на Чесниот Крст Господен – I дел ...

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2970
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2805
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »