логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Не знам дали знаете дека англискиот збор kiss, (целивам), доаѓа од грчкиот глагол κυνέω (inf. κύσσαι) со истото тоа значење. И оттука значењето на προσκυνώ – одам напред и целивам. Затоа велиме дека се поклонуваме на иконите, односно правиме чекор напред, се наведнуваме и ја целиваме иконата. Сега ќе ве одведам на друго место. Понекогаш кажуваме дека се поклонуваме на Крстот, на Крстот што нѐ тера да чувствуваме болка, пред него се поклонуваме, односно пристапуваме напред, се поклонуваме и го целиваме. Таму го осознав тоа нешто. Како го целивам Крстот, кога тој ме тера да чувствувам болка? Тоа е всушност разликата – кога си блиску до Христа и Го сакаш, тогаш го гледаш Крстот, и иако тој ти причинува голема болка, не се одвраќаш од него, туку го целиваш. Крстот те тера да почувствуваш болка и малку е чудно и противречно да целиваш нешто што ти предизвикува солзи, болка, наместо да се одвраќаш од него, да сакаш да го прегрнеш. Влегуваш во храмот, одиш на некој празник, на пример Воздвижение на Светиот Крст, сакаш да го целиваш, а другиот ти вели: „Но, тоа е болка, крстот означува болка!“

Ти сакаш да го целиваш, зашто велиш дека нема друго решение. Другото решение е да се оддалечам, да се налутам, да се нервирам, да си речам каква врска имам со сето тоа, да се бунтувам и да се спротиставам. И што ќе се случи, што ќе се промени? Ако го оставиш крстот, ќе го понесеш со една друга мера, повторно крст ќе понесеш. И да избегаш од него – не можеш – крст ќе понесеш, што и да правиш, крст ќе носиш. Ти ми рече дека сите други добро поминуваат, а само ти чувствуваш голема болка и праша какви се тие работи што ти се случуваат, и сѐ врз тебе паѓа. Твоето здравје, тело, душа, лекари и лекови, прегледи, болници, работата, парите, взаемните односи. Толку проблеми. Друг пат ми кажа дека им завидуваш на другите кои се среќни и радосни и не носат толку многу како тебе. Се сеќеваш ли кога те прашав:

– Кои се тие што мислиш дека се многу радосни и среќни и ништо не им се случува како на тебе, кој страдаш? Кои?

– На пример, тие и тие, сѐ им е во ред!

Но, јас ги познавам добро тие луѓе за кои ти ми кажа дека си поминуваат добро, подобро и поподробно од тебе ги знаев работите. И ти кажав дека не ги познаваш добро, бидејќи и тие имаат голема болка, а ти се изненади и малку се утеши. Бидејќи поинаку е кога знаеш дека всушност и оние на кои им завидуваш, исто така чувствуваат болка.

 



Нема човек без Крст. И богатите и сиромашните, и убавите и неугледните, и високите, и жените, и мажите, и децата, и луѓето на кои им се восхитуваш, и оние кои се многу здрави, и тие имаат свој Крст. Можеби тие да имаат душевна болка, големо душевно испитание, па не можат ни да се радуваат на здравјето, кое, да речеме, ти го немаш. Нема човек без Крст, но едноставно не сите го имаат твојот крст. Нормално, кога човек го носи својот крст, му се чини дека тој е најголемиот, дека оној на другиот не може да е како мојот, дека тоа што го доживувам е најлошото. Големо нешто е да имаш Крст, голема тајна е тоа и не знам што да кажам. Кога доаѓаш да ми се пожалиш за тоа, јас немам што да ти одговорам, не можам да се спротивставам, не можам да се правам паметен. Тоа е еден од моментите во кои чувствувам дека немам што да ти кажам, не знам, не го знам одговорот, и јас сум збунет, изненаден, полн со прашалници, извичници, како сакаш наречи го тоа пред Бога, кога ја соединувам мојата збунетост со твојата, претворајќи ја во молитва.

Се сеќаваш ли како св. Антониј Му го поставил истото прашање на Бога:
Господи, зошто се случува богатите да си врват добро, да достигнуваат длабока старост и умираат невознемирувани од болести, маки и грижи и сѐ им е во ред. А гледаш како сиромашниот, смирениот, чесниот, праведникот, цел е со проблеми и многу се мачи. Зошто се случува ова? Зошто се случува едниот млад да умре пред да успее да се порадува, а другиот си живее во раскош наслади и блуд и стасува до 95-100 години, заборава да си замине од овој свет и умира во длабока старост? Зарем не е ова неправедно? Овие крстови кои ги даваш, како издржуваш да ги гледаш? Како не Те здоболува? Како? Што правиш?

Ова прашање што си го поставувал Св. Антониј, како и сите луѓе – не си само ти што го мислиш, исклучително многу луѓе мислат за тоа и имаат премногу искушенија во животот – тој самиот го претворил во молитва, а не во хула против Бога, не во огорченост и злоба, туку во молитва и рекол:

– Господи, кажи ми, ако сакаш, кажи ми ја таа тајна?

И Бог му одговорил:
– Антониј, гледај ги твоите дела, а не моите! Тоа се мои тајни и таинства, коишто не можат да се сместат во твојот ум, ти не можеш да го разбереш сето тоа. „Зошто?“, „Како?“, големите прашања кои те гушат, оти ги надминуваат твоите сили, нека не те засегаат, твојот грб не може да ги понесе.

(продолжува…)

Бигорски манастир

 

19.09.2018 лето Господово

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4522
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3799
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »