логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Еден човек, кој беше многу пати на Света Гора, еднаш рече : „Што е значењето во тоа, што јас патувам тука така често? Мојот живот сеедно не се менува!’’ Затоа што најважното е внатрешната промена, говори мудриот архимандрит Андреј (Конанос).


Во животот се случуваат неверојатно убави работи. Годините, доделени нам од Бога на земјата, се многу важни. Во нив е сокриена огромна тајна. Сите ние имаме одредена цел. Пред секого стои единствена цел, и со губењето на таа цел, ние губиме и сé останато.Не постојат никакви гаранции. Затоа, некои Свети Отци, и го споредуваат христијанинот со оној кој оди по јаже. Во детството јас сум видел во циркус такви акробати. Тие внимателно одат по јаже кон спротивниот ѕид. Едно погрешно движење- и ти леташ надолу.Да, обично има безбедносна мрежа, но откако видов како одачот по јаже не се додржи и тоа беше така страшно, што гледачите во ужас извикаа. Така е и во Црквата. Ние сите одиме по јаже и треба да бидеме многу внимателни, затоа што тоа е опасна работа. Да, чувството на летање и леснотија е прекрасно, но неопходно е да стигнеме до крајната точка, за да бидеме безбедни.Некои атеисти на крајот се свртуваат кон Бога. Изгубени, исцрпени, збунети во своите теории и мисли, сега тие се со Христа. А многу христијани, израснати во Црквата, лесно забoраваат за Него и си заминуваат. А некогаш им се чинеше дека го сакаат Христа...Животот е море. И животот во Црквата е исто така море. Ете затоа, молејќи И´ се на Пресвета Богородица, ние Ја нарекуваме «пристаниште на оние што по животот пловат ». «Радувај се, Пристаниште на оние што по животот пловат! » (од акатистот на Пресвета Богородица- заб.превод. )Сите ние сме во потрага по тивко пристаниште, каде што може да го насочиме својот брод во морето на животот. На сите нам ни е неопходен чамец, затоа што додека сидрото не го фрлиме, не смееме да бидеме сигурни во своето спасение.


За време на Великиот пост дури и се пее таква молитва: «Пловејќи го половина морето на воздржување, ние наоѓаме спасително пристаниште....Удостој нé, Човекољупче, да го видиме и денот на славното Твое вскресение» (молитва во саботата на 4-та седмица на Великиот пост- заб. превод.)

Ние постиме, а потоа вкусуваме богати јадења- но не земна, туку небесна храна, Телото и Крвта на Воскреснатиот Исус, Победникот на смртта. Победникот било на непогода, било на страв и неизвесност. Дај ни да испливаме, Боже!

Да се плови по морето на воздржување. Што зачат овие зборови? Ние не сме сигурни дека пловејќи нема да се удавиме. Затоа не треба да мислиме дека тоа е сосем лесно и со нас сé ќе биде во ред. Не. Ние влегуваме во откриено море и сега треба да бидеме многу внимателни. Во борбата со брановите неопходна е претпазливост, расудителност, трезвеност. Пливаме внимателно и гледаме двојно, затоа што е неизвестно од каде ќе се појави опасност.

Не, не е потребно да се тревожите и дотолку повеќе да се паничи. Важно е едноставно да бидете сигурни дека трудот не бил залуден. Да бидеме како херувимите кои се прикажуваат со голем број очи- доле, горе, напред, назад... Да бидеме такви исти пламенити, огнени херувими, внимателно гледајќи го својот пат. А самоувереноста може да го доведе бродот до оштетување  и негов пад, после што доаѓа жалење и тага.


Еден човек, кој беше многу пати на Света Гора, еднаш рече : „Што е значењето во тоа, што јас патувам тука така често? Мојот живот сеедно не се менува!’’ Но, најважно – тоа се внатрешните промени. Во спротивен случај, најпрекрасните нешта кои ни се случуваат и би требало да ни помогнат во спасението, можат да доведат до бродолом. Тивкото пристаниште може да се покаже како место на разочарувања и катастрофи.

Вака говорат Светогорските Старци за оние кои доаѓаат на Света Гора и при тоа не извлекуваат за себе никаква духовна полза: „Жално, што ги потрошил парите за билет!’’ Патуваш таму- ваму, но што е значењето? Има ли промена? Тоа е важно. Добро е да се биде црковен човек, но треба да се живее така, како што сака Бог, а не да се смируваш себеси со зборовите: „Сеедно јас сум добар’’.

Ние христијаните носиме огромна одговорност проповедувајќи го Евангелието. Но, само  поединци од нас се појавуваат како христијани на дело, носејќи Го во срцето Христос. Но, повеќето само се нарекуваат, појавувајќи се не такви какви што би требало да бидат.Ние не им даваме на луѓето претстава за тивкото пристаниште- Христос, туку за внимание, расудување, трезвеност, претпазливост. Луѓето гледаат на нас како побожни и идеални- а не гледаат раширени раце, не гледаат дека во Црквата може да се спаси секој, дека сите ние сме браќа. И што дури ако ти, брате, денеска си грешен, тогаш знај: вчера јас бев ист таков, дури и полош. Но, Бог ми помогна мене, ме приведе кон Себе, и тебе Тој ќе те приведе кон Себе исто така, затоа што може сé. Ние ли ги говориме овие зборови? Потребно е да им се дава на луѓето надеж, а не да имаат самооправдување и автосугестија за сопственото спасение.

Свети Исаак Сирин вели за непријателот на нашето спасение ужасни нешта. Ѓаволот постојано војува со нас на најразлични начини. Најпрво, тој не им дава на луѓето да бидат христијани. Не им дава да го променат својот живот.


Тој сака ние да продолжиме да живееме така како што живееме сега. Мразиме некого, да го мразиме и понатаму. Не Го познаваме Бог- нека и понатаму  не Го знаеме. Ѓаволот не сака човекот да излезе од темнината на духовното слепило, злоба, омраза и страст. Тој сака ние секогаш да останеме таму.

А ако сепак успеат да се ослободат и да се устремат кон Бог, тогаш ѓаволот прави сé, за да човекот не продолжи да оди по вистинскиот пат. „Аха, сега ти побегна од мене,- вели тој.- Но, не е важно, ние уште ќе се сретнуваме. Јас сигурно ќе ти се појавам на следната раскрсница во твојот христијански живот. Мислиш дека од мене е така лесно да се побегне? Така лесно да се преобратиш од грешник во христијанин? Е не, јас нема да те оставам тебе во мир до самиот крај! На тебе ќе ти исфрлам тешкотии, проблеми, разочарувања- за да на крајот на краиштата кажеш: „Не можам повеќе! Христијанин нема да станам. Тоа е многу тешко. Сеедно ништо не се менува. Отидов во Црква еднаш, два пати, три пати- и сé е како и претходно...’’


Еве од каде се појавува разочарувањето, унинието, желбата за враќање кон претходниот живот. Но, ако го надминете тоа искушение и ја продолжите борбата за да живеете по христијански, тогаш непријателот и тука нема да се смири. Свети Исаак Сирин говори дека во таков случај ѓаволот се обидува да ги одземе резултатите од нашата духовна борба. Тоа е веќе третата фаза на неговата војна со човекот, криејќи во себе голема опасност.

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и самоувереност: „Ти имаш нешто добро, а овој- не!’’

Произлегува постојано самоубедвање и човекот почнува да мисли: „Слава на Бог, јас сум добар. Другите не се такви. Во нашиот дом јас сум единствениот христијанин! Впрочем, никој од соседите не се моли, а јас се молам. Никој не оди во црква во недела, а јас одам. Никој не пости, никој нема такво прекрасно семејство со прекрасни деца, како што имам јас...’’ Зар не мислиме ние така? Да, добро, ако сето ова е навистина така, но треба да се живее таков живот без суета, која ги прави сите наши напори залудни. Создади, но запомни, дека славољубието, надменоста и гордоста го разрушуваат сето она што ти го правиш.

Извор:

http://www.pravmir.ru/pereplyit-more-vozderzhaniya/

Подготви: Снежана Корнет

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4522
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3799
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »