Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Тука доаѓаме лесно до заклучок дека со векови нашиот народ страдал од окупации, пропаганди, бил обесправен во секоја смисла и мечтаел и се борел за слобода која во најголема мера ја сфаќал политички како ослободување и создавање на своја независна држава, но и како духовна слобода, односно обновување на својата народна црковна катедра, Охридската архиепископија, како современа и автокефална Македонска православна црква.
Ќе оздравиме, но не кога дополнително ќе ја прошириме колективната замаеност, туку кога ќе му се вратиме на разумот, на братската соборност во Градината на сите, кога ќе оздравиме од опсесивната потрага по изолираност и издвојување. Само тогаш убавината ќе ни дојде на гости! Надвор од главната сцена, а поблиску до сите тајни.
Псалтирот соединет со постот и смирението е најсилно оружје против ѓаволот.
Со ова светителите ги изгонуваа ѓаволите од светот и ги спуштаа ангелите на земјата.
Оти кој чита псалми ги подражава ангелите и пее заедно со нив.
Наспроти христијанството, т.е. Црквата како христијанска институција, стоело општеството на овој свет, кое, со текот на времето, сè повеќе се отуѓувало од секоја христијанска институција. Со други зборови, започнувајќи некаде од XVIII век, постојат два меѓусебно спротивставени табори: христијанскиот и секуларниот. Секуларниот табор – кој не секогаш бил задолжително и антихристијански – се
Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид само двајца луѓе кои дошле во храмот Божји да се помолат туку ги има предвид сите луѓе кои застануваат пред Бога,
Со какви критериуми преземаме решенија и го правиме нашиот избор во однос на бракот? Бидејќи реалноста на животот секојдневно ни покажува крах на тие критериуми. Во животот не постојат магични претстави. Во животот постојат луѓето, нивните избори, нивните решенија и кога севкупноста од нив е негативна, тоа значи дека параметрите кои претходеле биле негативни.
Нема ни еден крај во нашата држава кој на толку мал простор има толку многу манастири и цркви колку ги има подпланинскиот предел на Скопска Црна Гора. Во своите 11 села има девет манастири и околу дваесет поголеми и помали цркви. Поради тоа тој предел во минатото населението – Црногорците, понекогаш го нарекувало и „Скопска Света Гора“
Научниците експериментално докажале дека Крсниот Знак ги убива микробите и ги менува оптичките особини на водата.„Потврдивме дека древниот обичај, храната и пијалокот да се крстат пред јадење, има длабока мистична смисла” – вели физичарката Ангелина Малаховска.
Да се пости значи да се смири телото и да се отвори душата. За да ја елиминирате тешката храна, јадете малку и преобразете ги страстите.
Стојам гол пред Бога и викам кон Него - „Немам ништо свое, облечи ме Ти...“.
Во обидот да го запре вниманието на современите трагачи за автентични вредности, да го фокусира погледот на модерниот интелектуалец кон неговото сопствено срце и оттаму кон надвор, кон она што се случува во реалноста околу нас, списанието „ПРЕМИН“ постепено се преобразува.
Цената на новите книги изнесува:
„Старец Јосиф Исихаст“ 400 денари;
„Мојот живот со старец Јосих Исихаст“ 400 денари;
„Свети Нектариј Егински“ 400 денари;
„Давидов Псалтир“ 350 денари.
Основната структура на психичкиот конфликт е фарисејска. Главните карактеристики на фарисејската структура се првенствено две: надворешно однесување и внатрешно психодинамично дејство.
Надворешно фарисејско однесување. Фарисејската структура на менталниот конфликт е изразена во следните специфични елементи.
Мора да бидеш доволно силен за да љубиш, доволно храбар за да бидеш доследен во залагањето за љубовта во сите нејзини манифестации. Тој што ја носи во себе, наликува на поет на градилиште, ризикувајќи не само да биде погрешно разбран, туку и протеран од оваа за него необична средина. Давањето благослов на оние кои не ја ни сакаат, а не можат да го проценат