Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, н. Капиштец

Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари.







Пред многу години го прашав мојот духовен отец, игуменот Андреј (Машков), што е тоа смирение. Јас во тоа време бев млад и неопитен и мислев дека ако добијам точен одговор, веднаш ќе ја усвојам таа добродетел, а потоа сè ќе ми оди добро. Покрај тоа, во „Лествицата“ на преподобниот Јован Лествичник најдов изрека за тоа дека смирението ги искоренува сите страсти и во мене се разгоре желба да го стекнам смирението,...








































