Во Русија се воведува интересен школски предмет
„Јас сметам дека, без оглед на тоа дали станува збор за сосема малечки деца од претшколска возраст или повозрасни деца, овој наставен предмет за семејниот живот е многу важен и затоа се потрудивме да го изготвиме. Сигурна сум дека нема да нанесе никаква штета, туку напротив ќе ги подготви нашите ученици за иднината“, изјави Претседателката.






Потоа татко му го однесе на аеродром и му ги покажа наредените големи и разнобојни авиони.– А сега колкав е?
1. За оние што се радуваат во Божикниот пост – Протопрезвитер Артемиј Владимиров
На пример: имаме недоумица во однос на подготовката на таканаречената бадникова семејна вечера. Сега, ако знаеме дека главната цел при дочекот на Рождеството Христово ни е причестувањето со Светите Тајни Христови, тогаш од трпезата веднаш отпаѓа рибата и сѐ што е подготвено на масло (зејтин). За други мрсни работи и да не спомнувам – секој знае дека пред Причест се пости.
Од Христовото Раѓање до Христовото Воскресение се наоѓа целата смисла на животот за христијаните. Тоа ни Го јави Самиот Бог, затоа среќата не е во тоа кому ќе му се падне паричката или кој ќе го фати крстот, туку кој ќе се сретне со Христос. Причеста ни ја дава таа средба.
Тие ќе викнат: "Наша е бидејќи е грешна." А вие повторно кажете:" Грешна, ама сепак Божја, која постојано Му се молела на земјата".. Тогаш за момент ќе бидат растерани и ќе постане светло, најсветлено. Ќе се појават свети Ангели, ќе ве земат и ќе ве однесат пред Бог на поклонение."
Првпат кога почнал апостолот Павле да пишува библиски книги, кога започнал со пишување на своите посланија, првото свое послание го упатил во Македонија. Го испратил кај оние што најпрво им проповедаше со збор, кога дојде за првпат во Европа. Ним најпрво им се обраќа и со Послание. Двојно првенство: и со збор и со писмо ‒ и со проповед и со послание... Неговите две првонапишани книги во Библијата ги упатил и двете во Македонија. ...
Во недела на св. Богоотци кога се празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец и Свети праведен Јован Кронштатски, отец Александар Димоски отслужи сеноќно бдеение во сослужение со отец Павел Крцоски и ѓакон Христијан Костоски, во велелепниот храм на Св. Троица.
Иконата на св. вмч. Георгиј е насликана во Струга, од зографот Јован, кој потекнувал источно од Кавала. Ктитор на истата бил рефендарот на Охридската архиепископија, кој исто така се викал Јован. Овие основни податоци се наоѓаат во записот на задната страна на иконата. Овој запис е читан од двајца историчари на уметност, односно, од Фрањо Баришиќ и Гојко Суботиќ, но ѝ претстои и прочитување и од македонски специјалист, коешто прочитување, се надеваме дека, во најскоро време ќе биде и публикувано.
По Литургијата, во манастирот, во организација на Македонската православна младина на Австралија (МОYА) се одржа Македонскиот православен духовен семинар на тема: „Православната црквата во современиот свет (проблеми, решенија и предизвици)“.Предавачи на семинарот беа: игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) и презвитерот Владо Недески (старешина на храмот „Света Петка“ – Рокдејл),
Бог нѐ сакаше, нас, Неговите ластовици, кои умиравме од студ – студот на самотијата, меланхолијата, гревот, болката, порокот, егоизмот. Егзистенцијален студ. А Бог нѐ гледаше и велеше: Ластовички мои, елате да се стоплите, има топли места, сакам да ве спасам, сакам да ви ја покажам Мојата голема љубов. Тој ни зборува уште од рајот, од каде што паднавме, а ние не Го разбиравме.
Па нели ние требаше да сме квасец на овој свет, нели требаше да сме сведоци на Богочовекот Христос во овој свет, нели требаше преку нас да влезе Божјата благодат што го преобразува овој свет и нели требаше да бидеме слуги на луѓето од овој свет – за нивно спасение? Нели истото ова го вели и Светото Евангелие Божјо и житијата на сите Свети?
Денешниот стил е упорен, агресивен, дрзок. Младите девојки се трудат да не зaостануваат зад момчињата: пцујат, тренираат карате и ву-шу, пушат, пијат, «менуваат партнери», се почето стапуваат во банди. Женственоста на многумина им се чини непрестижна, се сфаќа како пројавување на слабост. Имитирајќи ја другарката на Хи-Мен, способни се да срушат противникот на грб. Нив навситина е тешко да си замислиш како грижливи мајки.
"Секој "религиски свет", вклучувајќи го тука и христијанството лесно се снаоѓа без Бога, но затоа но за момент не може без боговите т.е. без идолите. Таквите идоли постепено можат да постанат и црква, и побожност, и црковен начин на живот, па и самата вера...
Сметам дека постот на прв поглед е очистување на организмот, така што, тој не им смета ниту на „неверниците“. Но, за мене постот не значи само воздржување од храна, туку значи и поминување повеќе време на молитва и почесто одење во црква. Постите се држат во моето семејство, а јас еднаш или двапати неделно одам во црква.
Со овој историски чин македонскиот народ си ја повраќа библиската и литургиската традиција што ја имал со векови, а ја беше добил со апостолско преемство, рамноапостолско просветителство, втемелено од патронот свети Климент Охридски, со свои домородни пастири кои ќе го раководат народот доверен од Бога.МПЦ-ОА, како автентична црковно-национална институција на македонскиот народ, на тој начин придонесе да се зачувува православната вера,
























