Св. Исак Сирин: За осудувањето
Ние да се грижиме само за својата душа. Што се однесува до другите, да се молиме Бог да ги просвети, оти не е наше да ги разобличуваме согрешенијата на другите. Судењето Му припаѓа на Бога. Ние, црви бивајќи, како можеме да го разобличуваме другиот, кога тој е образ Божји? Господ вели ‘не ја гледаш гредата во своето, но ја забележуваш трошката во окото на својот брат?’.