Литургиска прослава на Спасовден и ракополагање во јеромонашки чин
Литургиска прослава на Спасовден и ракополагање во јеромонашки чин
На 29.5.2025 г., во денот кога Светата Црква го прославува Вознесението Господово, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот ,,Вознесение Господово” во Долно Соње. На Литургијата во јеромонашки чин беше ракоположен јероѓаконот Георгиј (Ѓорѓевски).