Избор од богослужби во Скопје (13.11.2015)

Ава Сисој говорел: „Биди смирен, откажи се од својата волја, не грижи се за ништо световно и ќе бидеш спокоен.“ Еден брат го прашал ава Сисој: „Што да правам со страстите?“ Старецот му одговорил: „Секого го искушува неговата похот, која го влече и мами.“










Љубовта доаѓа во срцето постепено, имено преку добрите дела. Кога им правиме добро на луѓето, престануваме да бидеме рамнодушни кон нив, далечината меѓу нас се намалува – и тие ни стануваат ближни. И колку повеќе им правиме добри дела, толку е посилна љубовта во нашето срце, затоа што нема друг начин или друга можност да растеме во љубовта.







































