Божествена Литургија во храмот Соборен храм, Скопје (02.06.2020)
Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва. На пример, кога ќе ни донесе лоши или хулни помисли, ја почнуваме молитвата и му велиме на тракатанецот: “Добро што ме боцна, бидејќи Го заборавив мојот Христос”.






Бесрамен е, бидејќи додека прави пакости и го поткопува домот на оној кој е сигурен во неговото пријателство, не му е срам на усните да го носи чесното име на пријателството и да се претставува како пријател пред оној кого страсно го мрази.
29. Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат помеѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;
Од страв од смртта, вие сте принудени да ги изучувате микроскопските паразити, бацили, разни видови вируси и ешерихија коли, да ги проучувате сопствените измет и урина – затоа што се одвративте од размислувањето за Бога, разбирањето на небесната чистота и запознавањето со Ангелите.Таков е законот на животот надвор од Рајот.
Причината поради која луѓето биваат искушувани е тројна: во најголем број случаи тоа бива за испитување, понекогаш бива за поправување, а често и заради казнување за гревовите. Така, на пример, читаме дека заради испитување претрпеле страдања, слични на многустрадалниот Јов и
Кад си тужан(на), отвори Јеванђеље по Јовану 14. Кад неко о теби лоше говори, отвори псалам 27.Кад си нервозан(на), читај псалам 51.Кад си забринут(а), отвори јеванђеље по Матеју 6,19.34.
Отец Герасим се упокоил во Господ на 26 декември 1951 година. Чувствувајќи дека му се ближи крајот, отишол до креветот на својот мачител, кој, исто така, умирал во истата соба, и искрено му рекол: „Од сѐ срце ти простувам. И бидејќи јас ти простувам, несомнено Христос, Кој е бесконечно помилостив од мене, исто така, ќе ти прости. И за тебе има место во рајот!“
Да се каже дека живееме во сложено време значи ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. а.
Во рамки на истражениот простор се наиде на архитектонски остатоци од постари градби од коишто може да се дефинира постара градба од сакрален објект – црква, како и придружни простории источно од овој објект. Според сегашните сознанија, постарата фаза од црквата била
Лесно е да се живее како христијанин, но тешко е да се живее како христијанин со Христос. Лесно е да се живее со тоа што ќе го отфрлиш својот крст, ќе ги обвинуваш другите, ќе бараш виновници, ќе се амнестираш себе си. Тешко е да го носиш својот крст слободно, односно одговорно и да го следиш Христа
За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните христијани станале како мали бебиња на кои им треба млеко преку цуцла или, највеќе, топла кашичка, а не тврда храна. Затоа, денес ќе повторуваме...
Искушенијата што ги допушта Бог се соодветни на нашата издржливост. Но за жал, многу често кон нив се додаваат зајадливите шеги и безрасудните зборови на немилосрдните луѓе, така што тогаш веќе гориме. Силниот ветар вообичаено ги крши тенките дрвја и ги откорнува оние без длабоки корени, а на длабококорените им помага уште повеќе да ги продлабочат.
Невозможно е да не се тагува, таква ни е душата; но со мера. Што е поважно за човекот: телото или душата? Душата. Кога душата е жива и човекот е жив. А кога тој умира, што умира: душата или телото? Телото, а душата останува жива. Значи, умрените се живи; живи се и вашите родители. Тие само се одвоиле од вас и живеат на друго место. Таму ќе отидете и вие кога ќе ви дојде времето – и ќе се видите.
Да знаете, дека секогаш кога ќе се лутите, колнете, непријателски сте настроени кон своите ближни, кога во срцето ваше врие злото и омразата- знајте дека во вашето срце постојат демоните.
На 28.05.2020 на празникот Возне.сение на Господ Исус Христос-Спасовден ,надлежниот митроплит Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на митрополитот Европски г.Пимен богослужеа света литургија во храмот Пресвета Богородица -Гостивар.На литургијата верниот народ се причести со светите тајни.Своја беседа изрече митрополитот г.Јосиф.
Јас не сум од луѓето кои веруваат дека нема никаков вирус и дека пандемијата е вештачки креирана. Не, сигурен сум дека постои болеста, многу е опасна и треба да ги искористиме сите можни напори за да се заштитиме од тоа. Но, јас исто така, имам длабоко интуитивно чувство дека зад параванот на глобалната пандемија се случува промена на сценографијата на глобално ниво. Сцената каде што се случуваат сите овие промени е скриена од публиката со завесата од корона-вирусот
А кoга дoшoл Гoспoдарoт на Зeмјата, тoј гo кoрнeл злoтo oд кoрeнoт. Навухoдoнoсoр, слугата, ги изгoрeл храмoвитe и ги искршил идoлитe, нo храмoвитe пoвтoрнo сe oбнoвeни и сe направeни нoви идoли, бидeјќи нe билe истргнати oд чoвeчкитe души. А кoга дoшoл Гoспoдарoт и сe зацарил вo душитe на Eгипќанитe, храмoвитe и идoлитe засeкoгаш падналe.
Кога бараме да се оправдаме во овој живот и го избегнуваме прекорот, тоа покажува дека уште световното размислување е живо во нас и тагата што се јавува во нас воопшто не содржи покајание, туку човекоугодништво, така што ја труе душата и телото со горчината што од неа прокапува. Кој плаче усрдно затоа што Го повредил Христа со своите гревови, веднаш добива Божествена утеха, согласно големината на својата тага.
Кога без наша согласност ќе нѐ нападне некоја нечиста помисла, која не ја сакаме и кога ненадејно, како разбојник, ќе навлезе во нас, таа ќе успее насилно да завладее со нашиот ум. Но, сепак треба да знаеш дека и таа помисла произлегла од самите нас, затоа што по крштевањето сме се предавале на таа помисла, иако не сме ја извршувале на дело; или, пак, по наша слободна волја, сме задржале во себе си некои семиња на злото,
На таков начин, оној што посакал да придобие чист, духовен и неосквернет венец на девството, го распнува своето тело со подвижнички трудови, ги умртвува телесните членови, кои се на земјата, со тешко и трпеливо воздржување, го истенчува надворешниот човек, го ослабнува и го прави старечки и како костур, за да може без пречки да се обновува внатрешниот човек со дејството на Божјата ...
























