Ете ги плодовите на бракот! А животот без љубов е нецелосен, суров, безначаен, бездомен и обично скита по пусти места; не спасува од страданија, нема на кого да ја потпре изнемоштената старост, не прави родителите да оживеат во своите деца, не го поткрепува животот со пријатни врски. Неврзаните со брачни врски не наоѓаат утеха ниту во народните собири, ниту на прославите, туку се мрачни и туѓи на светот; иако родени за живот,
Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (17.02.2019)

Молитвата на митарот: „Господи, смилувај се на мене грешниот“, ќе ги придружува праведниците до вратата на Царството, зашто на патот кон спасението христијанинот мора постојано да се наоѓа меѓу стравот и надежта. Свети Исаак Сирин оваа мисла ја изразил со еден трогателен збор ’каењето – вели тој – е треперење на душата пред вратите на рајот’.








Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон, да Го претстават пред Господа. Симеон бил удостоен не само да Го види, ами и да Го прегрне малиот Исус и исполнет со духовен восторг, да ги искаже оние вдахновени зборови: Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико,



На 14.02.2019 година, на денот кога го празнуваме Претпразненството на Сретение, како и споменот на светиот маченик Трифун, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи света архиерејска Литургија во храмот „Св. Петка“ во Кавадарци. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет, а потоа, според традицијата, беше закроено и лозјето.
На 15.02.2019 година во 8 часот во црквата „Света Петка“ во Гостивар, Тетовско-гостиварскиот владика Јосиф ќе служи Света литургија и ќе се моли за загинатите, повредените и нивните семејства од страшната несреќа, која ја покри со длабока тага нашата држава.
Комплексот цркви посветени на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија,
Сè што Му се случува на човекот, потполно зависи од неговото смиреноумие. Ние, на пример, гледаме како човекот се бори и на крајот се случува да биде потчинет на некоја своја страст. Бог допушта тоа да се случи само од една причина, односно, затоа што неговата душа е исполнета со суетни помисли и гордост.
На 10. 02. 2019 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија во болничкиот храм посветен на светите бесребреници Козма и Дамјан во Велес.
Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека се појавиле поделби кај народот на петрови, на аполосови и на павлови, но и денес, не секогаш сме имуни на тие поделби во
На 12 февруари 2019 година, кога Црквата ги слави светите Три ерарси, Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на викарниот Епископ Полјански г. Јаков, отслужи Света Златоустова Литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Грешејќи, ние се казнуваме самите себеси, бидејќи опитот на гревот – е опит на умирањето. Грешејќи, ние се оддаваме себеси во ропство на смртта, ја разрушуваме сопствената природа и внесуваме во неа раздор и распаѓање. Бог, како Отец, Кој нè љуби, за да нè запази од гревот, ни дава заповедите и правилата, кои ни го укажуваат правилниот пат на човечкиот живот – патот кој води не во бездната на смртната темнина, туку во светлото Царство на Вечниот Бог.
























