логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Митрополит Струмички Наум:
Aко светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? (10.07.2021 )


„Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“ (Матеј 6, 22–23).


Знаете од Светите отци дека умот се нарекува и око на душата. Ако суштината на умот, во срцето, е чиста од гревовните страсти, што значи просветлена, тогаш и нашата душа и нашето тело ќе бидат светли; а, ако пак, суштината на умот е извалкана и затемнета, од прифатените и на дело спроведени гревовни (страсни) помисли, тогаш и нашата душа и нашето тело ќе бидат темни и раслабени. И телото е учесник во несоздадената светлина на преображението или не е – зависи од нас самите.
Значи, преку задоволувањето на страстите, од една страна, демонот им го затемнува умот (а со тоа и разумот) и целото нивно битие, а од друга, ги прави луѓето свои слуги. Затоа Богочовекот Христос нè опоменува: „Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бог и на Мамон“ (Матеј 6, 24).
Треба да правиме разлика помеѓу Оној Кој секогаш е Господар, и во вечноста и во времето, и оној кој е господар само кога некој му служи, и тоа само времено. Нашиот Бог – Света Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух, Е Господар без оглед на тоа дали ние Нему Му служиме или не. Ѓаволот е привремен господар само на оние што му служат преку исполнување на гревовните страсти заради прекумерната грижа за телесното, инаку е немоќен и пресмешен.
            Кои се манифестациите на прекумерната грижа за световното, којашто произлегува од заробеноста на нашето срце од страстите? Најдиректна и најпрепознатлива манифестација е фактот дека сè помалку време имаме за молитва. Следен показател е нашата расеана молитва. Потоа, губењето време и сила во борбата со најразлични помисли и чувства, или во оддавање на фантазии. Потоа, неблагодарност кон Бог и постојано незадоволство. Барање вина во другите. Загрижувачки е веќе кога борбата со помислите ќе се претвори во поблаги, па и во потешки облици на параноја или, со други зборови, во страв за иднината на задоволувањето на нашите страсти – славољубието, среброљубието и сластољубието; во страв за самите себе.
            Па целата ваква состојба на вознемиреност, стравување и безнадежност уште ја шириме и меѓу ближните: Не вели Господ само „не грижете сè“, туку и „не говорете“! „Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец Небесен знае дека за сето ова имате потреба“ (Матеј 6, 31–32).
Богочовекот Христос го поставил, во Својата Благовест, точниот редослед на барањата: „Барајте ги најнапред Царството Божјо и Неговата правда, и сè ќе ви се придаде!“ (Матеј 6, 33).
Значи, многу е битно, како што видовме, каков е редоследот на нашите „барања“ во молитвата. Интересно е што најзначајните „барања“ во молитвата може веднаш да ни се остварат, а „ситните“ барања за секојдневните потреби може и воопшто да не ни се остварат; посебно ако ни станат приоритет и ако го попречуваат нашето духовно растење. На пример, Господ може веднаш да Го добиеме во молитва и да стапиме во заедница со Него (затоа што никој не може да Го нарече Исус Господ освен во Светиот Дух! – 1 Кор. 12, 3). А ако, наместо Него, најнапред бараме пари, среќа, здравје, успех, спокојство, брачен партнер итн., сигурно Господ – а со Него и сè друго – може да изгубиме и во редот на незнабошците да се најдеме.
И не вели Господ „најдете го најнапред“, туку „барајте го најнапред“. Едно е „да се најде“, а друго е „да се бара“. Многу, многу малку очекува Он од нас, како што гледате, а многу, многу дава. Кога само малку би ни се открила оваа димензија на Божјата љубов кон нас, покајните солзи сами би потекле од нашите очи. Затоа, ако ни се чини дека во животот многу малку сме добиле од Него, подобро е да си ги провериме приоритетите отколку неблагодарни да хулиме.


Пресвета Богородице, спаси нас!


Митрополит Струмички Наум

 

Извор: МПЦ-ОА

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2765
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1942
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »