логоFacebookTwitterYouTubeeMail

imageПо повод празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, на 28. 01. 2019 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Неговото Преосвештенство Епископот Полјански г. Јаков, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници..

imageПо повод Празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, во предвечерието на празникот, на 27. 01. 2019 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновската Обител отец Дамаскин со браќата при Лесновскиот манастир, отслужи Празнична Вечерна Богослужба.

Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица.-

 Нивниот спомен молитвено се прослави во ставропигијалниот манастир во Калишта- Рождество на Пресвета Богородица. Отец Стефан Санџакоски отслужи света Златоустова Литургија, на која верните вкусија Тело и Крв Христови. А на крај како круна на се беше неговото слово во кое не поучи со зборовите на великиото руско светило Серафим Саровски- не осудувај; осудувај се самиот себе, така Бог нема да те осуди во осмиот ден.

Sample ImageСо благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Улогата на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј во возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е авторско дело на професорот при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, д-р. Александар Атанасов.

Светиите се најблескав украс на Црквата Христова и нивните житија ги напојуваат срцата на верните со рајска сладост. Тие се толку прекрасни и возвишени, што лесно ја привлекуваат кон себе христољубивата душа, радувајќи ја со „неискажлива и прославена радост“ (1. Петар 1,8). И не само што ја радуваат, туку Светиите на некој таинствен, благодатен начин им се приближуваат,

 „Не времето и околностите ги провозгласуваат светиите, туку благородството на совршената и нелицемерна љубов кон Бога Така запиша во синаксарот од богослужбата за Преподобниот Јоаникиј, химнографот на Великата Христова Црква, сепреподобниот јеромонах Атанасиј Симонопетрски. И несомнено, светоста не може да се ограничи во просторот и времето, бидејќи како исклучиво Божјо својство, таа ги надминува и…  

Во предговорот на книгата, викарниот Епископ г. Јаков Полјански на децата им порача: „Прочитајте ја книгата и одберете си омилен светител, кому секој ден ќе му се молите да биде ваш соборец и да ве крепи и заштитува. Сите овие светилници на светот се деца и пријатели Божји, и живеат во рајот и ги слушаат вашите молитви, и особено ги сакаат децата“.

„Неволјите и тешкотиите што апостол Павле ги поднесувал за проповедта ги сакал повеќе отколку што ние ги сакаме почестите; смртта ја сакал повеќе отколку што ние го сакаме животот, сиромаштијата повеќе отколку ние богатството; тагата повеќе отколку другите радоста, а молитвата за непријателот повеќе отколку другите молитвата против непријателот. Така, тој го преобраќал поредокот на нештата, или подобро кажано – ние сме го преобратиле,

Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји.

водици2019 26Светлина од Светлина - Христос нашиот Бог денеска му се јавува на светот и ги осветува водите. Облекувајќи се во Јорданските води, Христос стана наше искачување кон Бога, просветлувајќи нè и изведувајќи нè од смртната сенка.  Денеска, спомнувајќи си за овој голем настан на Крштението Христово, ние пак и одново учествуваме во него и Го прославуваме Бог Троица, Кој се јави и светот го просветли.

„Човечката природа Христова послужи како можност за откривање на Света Троица. Затоа, Богојавление, празникот на Христовото Крштение го славиме толку свечено: се празнува откривањето на Света Троица бидејќи се слушна гласот на Отецот, а беше присутен и Светиот Дух во вид на гулаб. “

Sample ImageНа денот кога Светата православна црква го чествува споменот на преподобниот Серафим Саровски се отслужи Света Божествена Литургија во параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија посветен на овој светител. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на протоереј Борислав Бобевски, отец Игор Пармачки и протоѓакон Влатко Стоименов.

На 14ти јануари 2019 година, во денот кога  МПЦ-ОА молитвено го празнуваше споменот на Обрезанието по тело на Господ наш Исус Христос,и Молебен по повод Новото лето Господово 2019, во храмот на св.пророк Илија, во Скопје, беше отслужена Литургија на светиот Василиј Велики, на која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан,во сослужение на свештенството

Какo свeтитe луѓe и свeтитe жeни умeeлe мудрo да ракoвoдат сo бoгатствoтo! Какo тиe сo зeмнoтo благo вeштo купувалe вeчни нeбeсни блага! O какo тиe малку ги цeнeлe зeмнитe блага сами пo сeбe! Какo прашина и чад! Кoга св. Мeланија ги пoсeтувала свeтитe пустински oтци вo Eгипeт сo цeл да им направи нeкoја парична пoмoш, сe зачудила кoга гo видeла нивниoт гoлeм прeзир кoн имoтoт и бoгатствoтo. Така, таа пoсeтила нeкoј пустиник Eфeстиoн

Таа Го роди како Богочовек, и прва ја доживеа сета полнота на Божеството, прва го доживеа сиот Рај, сите блаженства, сите богатства кои Бог му ги донесува на светот, го доживеа сето Евангелие на Господ Христос, го доживеа сиот Вечен Живот, сета Вечна Вистина, сета Вечна Правда.“
“Денес, втор ден Божик е Нејзиниот ден.“

„За да ја почувствуваме и ние моќта на денешната сепразнична благодат и реалното меѓу нас и во нас присуство на Емануил, што значи: „Со нас е Бог“, потребно е и ние, подобно на пастирите и мудреците, со смирение да ги преклониме нашите срца пред величието на безмерната Божја љубов и исто како и нив, да Му ги принесеме на Божественото Дете на дар, нашите злато, темјан и смирна: богатството на нашиот живот, мирисот на молитвата и благоуханието на љубовта и смирението.

А ете, ние христијаните токму на Тој и Таков Цар Му се поклонуваме и веруваме дека воскреснал, им се јавил на учениците, се вознел на небото каде оддесно на Отецот седнал, па Духот Свети што од Оца исходи ни го пратил и ни ветил дека пак како Судија на сите ќе дојде. Ете, Нему светиот првомаченик и архиѓакон молитва Му принесува – да не им ги зема за грев камењата и навредите на загубените, туку прошка да им даде, согласно образецот што Самиот Господ од Крстот му го оставил.


Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo,...

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ    на нашиот свет отец Јован Златоуст

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст

Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски...

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа...

« »