логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Акo прашатe пoвeќe луѓe зoштo нe oдат на мoлитва вo црква, oбичнo ќe ви oдгoвoрат:“Нeмам врeмe, мoрам да рабoтам!” Пoглeднeтe ги таквитe луѓe кoи самo рабoтат и нe oдат вo црква, а сe надeваат самo на свoјата рабoта и спoрeдeтe ги сo oниe кoи гo дeлат врeмeтo на рабoта и на мoлитва, и брзo ќe сe увeритe дeка втoритe сe пoимoтни и, штo e важнo, тиe сe пoзадoвoлни.

Човекот кој трпеливо поднесува кога го озборуваат или навредуваат

личи на оној кој го заклучил лавот во кафез, а

оној кој одговара со озборување и со навреди, л

ичи на човек којшто самиот себеси се удира (со оружје).

prepjoakim2019 7На 29.08.2019 година, на денот кога го празнуваме празникот на Неракотворниот образ на Господ Исус Христос и на преп. Јоаким Осоговски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј,

image27.08.2019 Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослуженије на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија, богослужеше Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир на празникот Успеније на Богородица кој е  манастирска слава на манастирот.На крајот од Вечерната богослужба митрополитот г.Јосиф оддржа пригодна беседа.

Акo чoвeкoт тргнe пo патoт на првдата, тoгаш нeка oди самo пo патoт на правда сo двeтe нoзe и нeка нe гази сo eдната нoга пo патoт на правдата а сo другата пo патoт на нeправдата. Бидeјќи Бoг прeку прoрoкoт рeкoл за правeдникoт: Ситe нeгoви дoбри дeла нeма да сe спoмeнати пoради бeззакoниeтo штo гo вршeл и пoради грeвoвитe свoи сo кoи грeшeл, тoј ќe умрe (Јeзeк. 18:24).

"Кога се молиш не Му придавај на Божеството никаков облик и не дозволувај умот да ти се преобрази во некаков образ (или себеси да се претставува во некој образ), туку невештествено пристапи кон невештественото, па ќе се соединиш со Него.Ако сакаш да се молиш исправно не прави ништо што е спротивно на молитвата. Тогаш Бог, приближувајќи ти се, ќе чекори со тебе."

На еден друг Тавор, требаше да се искачиме на врвот на планината Крчин, затоа и тргнавме пред да изгрее сонцето. Бевме околу 600 души, организирани во групи. Се наоѓав во првата, заедно со отците од манастирот, кои имаа земено неопходни работи за служењето на Божествената Литургија. Искачувањето беше тешко, но и восхитувачко, два часа искачување низ шума со огромни и стари дрва наоколу и два часа искачување низ бескрајните ливади по сртот на Крчин.

a-62Чиниш, се соединуваат небото и земјата и заедно ликуваат, вознесувајќи Му благодарност на Бога за големите добрини со кои Он ги исполнува нашите души. Божествената, пак, енергија на љубовта и веселото духовно расположение, кое извираше од самата богослужба, веруваме ќе придонесе за ова необично искуство уште долго да се прераскажува. Навистина беше прекрасно да се види големиот број на причесници, кои за својот необичен подвиг примија обилен благодатен благослов.

„Благи Боже, Кој со Својата светлина ја освети сета вселена, се преобрази на Гора висока, откривајќи им ја на Твоите ученици силата Твоја, бидејќи светот го избави од престапот. Затоа Ти викаме: Милосрден Господи, спаси ги душите наши“ (Литиска стихира на Вечерна на Свето Преображение на Господ Исус Христос).

Благодатта ја крие својата присутност во оној што е крстен, чекајќи душата да ја посака. Кога пак, целиот човек наполно ќе се сврти кон Бог, тогаш во неискажливо доживување благодатта открива дека е присутна во срцето... Ако човекот почне да напредува држејќи се до заповедите и неуморно повикувајќи го Името на Господ Исус Христос, тогаш се разгорува огнот на божествената благодат до крајните граници на срцето,

Така, можно е да се вкуси благодатта Божја, зашто е кажано: ‘Вкусете и ќе видите колку е благ Господ’ (Псал. 33, 8). Ова вкусување е динамичната сила на Духот којашто се манифестира во целосна полнота во срцето. И затоа оние што се синови на Светлината, служители на Новиот Завет во Светиот Дух, немаат што да научат од луѓето. Тие самите се поучувани од Бог. Самата благодат ги врежува во нивните срца законите на Духот...

Слава Му на Господа и на Неговото милосрдие. Он толку многу нe возљуби, што ни Го даде Светиот Дух, кој нe учи на сe она што е добро и ни дава сила да го победуваме гревот. Господ заради големото Свое милосрдие, ни ја дава благодатта, и ние сме должни цврсто да ја чуваме, за да не ја загубиме. Оти без благодатта, човекот е духовно слеп. Слеп е оној, што го собира богатството во овој свет. Тоа значи дека неговата душа не Го знае Светиот Дух, не знае колку е Он сладок, и затоа е поробена од земното.

Малкумина ја знаат тајната на послушанието. Оној што е послушен голем е пред Бога. Тој Го подражава Христа, Кој во Себеси ни го даде образот на послушанието. Послушната душа ја љуби Господ. И го дава Својот мир. Тогаш сe е добро и таа чувствува љубов спрема сите. Оној што е послушен, сета своја надеж ја полага на Бога, и затоа неговата душа секогаш е во Бога и Господ му ја дава Својата благодат.

Премудроста Божја, Словото на Отецот, ја подигна Својата палата на љубовта и светоста среде славјанските народи, положувајќи ги како негови непоклатни столбови седумтемина богоизбрани садови на духот, рамноапостолните отци наши: Кирил и Методиј, Климент и Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Велики имиња на величието на Божјата красота.

Кога ќе ја увидиш помошта во своето срце, знај дека не се јавила однадвор, туку дека проработила благодатта која таинствено ти била дадена на Крштението. Таа подејствувала во мерата во којашто си ја замразил помислата и си се одвоил од неа... Избавувајќи нè (со благодатта на Крштението) од секое насилие, Христос Господ не забранил помислите да се прикрадуваат во нашето срце, за да може едните како омразени на срцето веднаш да бидат истребени,

Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него.

Да се знае Бог, и колку Он нe љуби и на кој начин духовно нe воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”. Господ, пак, никогаш нема да ни каже такво нешто.

svklimentlet2019 3Торжествата по повод празникот на св. Климент Охридскиот Чудотворец, на св. Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2019 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, каде што беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен,

 Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на свети апостол Петар, првоврховниот меѓу апостолите, заедно со свети апостол Павле. Подарок со овој број: „Кога сум слаб, тогаш сум силен“, поуки од Светите отци за болестите.


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

« »