"Значи, дојди, мој возљубен сине. Дојди, макар на еден ден, за да беседиме за Бога и да богословиме и ќе се насладиш со она за што мечтаеш. Дојди, за да ги слушнеш овие диви карпи, тие таинствени и молчаливи богослови, кои ќе ти изложат своите длабоки мисли и исповедите на твоето срце и умот кон нашиот Создател.
Покрај вообичаените рубрики, овој пат отворивме уште една рубрика – репортажи, во која со секој нов, нареден број ќе биде опфатена репортажа за еден манастир или црква во Македонија. Целта ни е да не ги заборавиме нашите корени, да се потсетиме и да ги истакнеме нашите духовни богатства, па на тој начин да оствариме поблизок контакт со Татковината, а кога ќе ни се понуди можност, и да ги посетиме.
„Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век. Што означува овој последен член во Символот на Верата? Не можеме да ја издржиме мислата за вечниот живот, освен ако самата вечност не навлезе во нашиот!“
БЕСЕДА: Успение на Пресвета Богородица
Најнапред, на Божјата Мајка и приличи слава и величание поради нејзините богоподобни доблести. Без сомнеж, Богомајката е најубавиот украс, најголема чест и слава на целиот човечки род, зашто со неа човечката природа е возвишена до најголемиот степен на моралното совршенство. Таа целата е добрина, очистена од Светиот Дух и во неа нема ниту трошка порок.
Сè штo e oд Бoга, тoа e прeкраснo и прeмудрo. Сeкoe Бoжјo сoзданиe oди пoслушнo пo oнoј пат кoјштo Бoг гo oпрeдeлил. И ѕвeздитe сe движат, и живoтнитe живeат, и вoздушнитe струи сe управуваат - сè спoрeд рeдoт вoстанoвeн oд Бoга. Самo чoвeкoт, најразумнoтo битиe, чeстoпати паѓа вo бeзумиe и oставајќи гo Бoжјиoт пат измислува нoви патишта спoрeд свoитeпoмисли.
На 26. Август (ден сабота) со почеток во 08.00 часот, во храмот „Вознесение Христово“- Свети Спас-Драчево, ќе се отслужи Божествена златоустова Литургија, по која во големата трпезарија ќе се одржи трибина, на која воведничари ќе бидат вероучителите Илија Орачки и Стефан Цветановски, а ќе говорат и следниве гости:
На 21. 08. 2017 година, празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија, одража пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.
– Што да правам кога ќе чујам дека некој лошо зборува за мене? – Веднаш стани на молитва, помоли се најпрвин за него, а потоа за себе, говорејќи: ‘Господи Исусе Христе, помилуј го овој брат и мене, непотребниот Твој слуга, и покриј ме од лукавиот, по молитвите на Твоите Светии. Амин’.
На големиот христијански празник, Преображение на Господ Исус Христос, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Неготино. На крајот на Литургијата, Митрополитот заедно со свештенослужителите пристапија на средината на храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето.
На 19.08.2017 година, кога Црквата го слави Преображението Христово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 19. 08. 2017 година кога светата црква го празнува Свето Преображение Господово Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар. По литургијата митрополитот во населбата Циглана - Гостивар го посети храмот во изградна посветен на Свето Преображение Господово..
А, еве, по неизмерната милост Божја, испратена преку благословот на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, дел од монашкото братство на Бигорски и сестринствата од Рајчица и Пречиста, и оваа година се удостоија да го доживеат тоа, со изобилна благодат исполнето, литургиско торжество на врвот Крчин, на надморска височина од 2341 мети. Но за разлика од минатата година, овој пат ним им се придружија многу повеќе љубители на...
Давајќи ѝ го својот пастирски благослов, Митрополитот Тимотеј се обрати кон новопотстрижената сестра Софија со вдахновени поуки, советувајќи ја да постави добар почеток на својот нов монашки живот преку секојдневно послушание и отсекување на својата волја, преку постојана молитва и трпение во искушенијата, особено преку подвигот на пожртвувана љубов кон Бога и ближните:
„Пред Твоето лице, Христе, се приклонија горите, бидејќи сонцето ги положи пред Твоите нозе своите зраци што го обиколуваа небото, кога благоволи да ја преобрази човековата природа“ (песна од Канонот на Утрена на Преображение на Господ Исус Христос).Радувајте се сите луѓе, зашто денеска Христос, нашиот Спасител, облечен
Благодатта ја крие својата присутност во оној што е крстен, чекајќи душата да ја посака. Кога пак, целиот човек наполно ќе се сврти кон Бог, тогаш во неискажливо доживување благодатта открива дека е присутна во срцето... Ако човекот почне да напредува држејќи се до заповедите и неуморно повикувајќи го Името на Господ Исус Христос,
На 13. 08. 2017 година, пренос на моштите на свети Климент Охридски, св. Јосиф од Ариматеја, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во манастирот „Св. Вознесение Христово“ во с. Драгобраште - виничко, во присуство на православни иселеници по потекло од Виничкиот крај,